Маката ми е што не ми е пријатно што кога ќе кажам некаде дека нема да имаме деца одма ме гледаат со предрасуди, чудни сме им,и сакав да се искажам, да знаат дека и моето е нормално Дм мисли дека тие што имаат деца се би дале да ги немаат, да ја имаат целата слобода и среќа, дека никој не сака да биде родител, туку дека секој живее за да патува, да ужива, да излегува
Па што се дружиш со такви особи? И мене ми зборуваат цело време дали ќе се мажам, веќе не се ни дружам со нив. Просто е многу.
Ние ги откачивме,ама не ми е пријатно било кој кога ќе ме праша за дете, навистина ми се непријатни а ако им плеснеш во лице дека нема да имаш дете ко чукнат те гледаат
Едно нормално што е вашето... Нормално е тоа што не сакаш деца, ама далеку од нормално е што пишуваш. И што е со постовите другар, колешка, друг другар, свекрва, шура, комшика, братучетка од 8 колено. Досадна си, мајке ми.
Јас можам да заклучам дека дечко ти е тој што не сака/мрази деца, не ти. Ти само не сакаш да имаш деца покрај таков човек. И тоа е исправно.
Тоа со векови не се сменило, а уште помалку со тема на форум. Менталитетот е таков. А, сега, дали ти длабоко во себе имаш одбивност спрема тоа да имаш свое дете? Ама искрено. Пошто ако сакаш размисли со каков човек си. Не те осудувам, само ти давам совет.
Ме боли што ради такви имавме кавга дома со нашите, имаа период каде што на секое слушање кажуваа оваа роди, онаа што убаво со децата, за да се сетиме.
Искрено не би се замислила со дете, знам дека дм нема да го сака, он ми викаше ако имаме дете може додека е мало да го дадеме на чување кај нашите и на олеснето на готово на големо да си го земеме, кога нема да има потреба од нас, како цимер да ни биде. Некако не ме влече, не сакам да се осудувам, ама знам дека би се мачела
Дечко ти е случај за на психијатар. Срамно е и ЖАЛНО да колнете и навредувате нечии деца, СРАМОТА. Ако не сакаш деца, не сакај, никој не те осудува, ама те молам, дај преберете се со овие размислувања, возрасни сте, децата биле пречка за да уживате, бре мајка. На такви особи со такви размислувања само Хитлер. Извини вака, ама се запрепаситв што прочитав.
@childfree не знам кој коментар попрво да ти го коментирам ама ова ми е дефинитивно последно излагање на темава. По ова што го имаш споделено, дечко ти ми личи на трујач на мачки, не оти му праат беља, туку оти дишат. Во суштина, сакам да верувам дека си измисли прикаска, оти ако е навистина таков, нема река што ќе го испере од гадости. Види, да не сакаш да имаш дете без разлика од која причина, е скроз легитимна, твоја лична интимна одлука. Она што девојкиве овде ти посочуваат е дека оние предрасуди што ти се упатени тебе од кои се жалиш, ги имаш соборено со уште толку повеќе твои упатени кон оние што имаат деца. Ти кажав еднаш и ќе ти кажам уште еднаш. Не знам дали не се приметуваш, ама цело време збориш како дечкоти ова, дечкото она, значи тебе тој те убедува дека вака слободни ви е поубаво, ти не стоиш дека си најубедена во тоа, само си затрескана во него па замижуваш пред глупоштините негови. Колнел деца, стасал до суд. Баба ми покојна, бог да ја прости колку ми недостига, со 4то одделение и израсната пасејќи волови на нива, никогаш никого не проколнала. Најсериозно, совет од мене ти е, да се преиспиташ самата со каков човек си во врска.
Ако не те влече, не коментирај повеќе. Има луѓе животот ќе си го дадат за да добиат дете, имај респект малку со коментариве.
А ова сериозно го мислиш??? ние со деца сме несреќни? дека децата ги родивме? дека завршивме факултет и работиме?? Не ја рабзирам потребата да осудуваш тој што има деца а ти не сакаш..демек тие со деца те осудуваат тебе..бог да чува муабет. Секој си прави како си сака..дали со деца или без секој е среќен-несреќен на свој начин..
Ајде искрено замисли се со некој што би те оставил сама со дете без да се јави да праша како е, замисли се он да игра игри на пц и да ти вика земи го детето ме замара,или случајно еве да купиш цела соба за бебе и да те убедува дека за тие пари ќе си отидела некаде на одмор, или замисли да дојдеш од болница породена и да ти вика нека спие дома бебето ела на алкохол со нас (вака ги бараше другарите и нивните жени за да излеземе) јас не би родила, а и не знам ако навистина е тешко со бебе не би издржала
Ова не е одговор од особа која е сигурна во својот избор..Не е работата како во тој случај дечко ти ќе те прифати или околината, туку ти што сакаш, дури и без тие личности во твојот живот.. Ти се плашиш дека ќе го изгубиш дечко ти во тој случај и можеби свесно се обидуваш да се убедиш дека не сакаш деца.. Од прочитаното мене така ми личи.. Доколку ти си сигурна дека навистина не сакаш деца дали со овој или друг дечко, тогаш, ок..сосема твое право, твој избор.. Без мразење на остатокот од светот, без колнење.. Ставовите на дечко ти не би ги коментирала.. има стручни лица за такви случаи..