Те разбирам, ама те молам муабетов кажи и го колку си среќна на сопругата на дечкото што дојде со нас на фестивал, знаеш лии колку пати кажува дека бракот и децата да не биднеле дека ќе беше среќна? ЗНаеш ли колку и е криво што нема работа, факултет и маж исто ко да нема?
Јас не можам да се замислам со таков човек покрај себе, затоа и сум со човек со целасна спротивност на тоа. И фала богу што такви ги немам ни во близина. Значи повторно доаѓаме на моето. Ти поради него нејќеш деца. А тој да сака и ти одма магично ќе посакаш. Затоа повторно, размисли, дали со таков човек вреди живот да поминеш.
Ви се молам немој да имате дете/деца, не за вас туку за тоа неродено дете/деца. Се прашувам колку треба да си себичен и злобен за да: 1. колнеш други деца 2. ги гледаш животите на сите околу себе само својот не 3. доколку случајно/се згреши имаш дете да го оставиш на чување кај своја или туѓа фамилија. затоа што ти и твојот партнер само ова го правите изгледа. Девојко според пишувањата дали си сигурна дека сакаш да останеш со овој човек? дали си сигурна дека сакаш ваков човек да ти биде парнер? Затоа што само оправдување бараш за неговото однесување, а им љубомориш на сите околу вас? Не ме разбирај погрешно, јас сум еве и помала од тебе и немам брак и деца, а тие околу тебе иако имаат деца и брак барем се трудат да му овозможат добар живот на децата. А според твоите искази ти се обидуваш да го оправдаш него. па побогу и животинче да е на улица би имала емпатија, а камо ли за човек. И да бракот бара жртва во смисла грижа за партнерот партнерката како и грижа за сопствените деца. но тоа не значи дека треба да се откажеш од своите желби и интереси, можеби да ги ставиш во мирување или да поминат неколку години, но не и да се откажеш. Колку само пример знам од девојки кои родиле па завршиле фах па сега имаат и свои кариери, а притоа имале деца и брак. Јас да сум на твое место сериозно би се замислила дали би останала со тој човек, и дали би ми бил партнер.
Те сфаќам, ама ако отидеш ова да му го кажеш ќе ти рече-Добро Јованти, не сум прав, најди некој што ќе те тера 5 да му родиш, сите мажи се исти, на кој и да му родиш ќе те батали, и ќе те убеди да си благодарна што тој ти дал совет
Те разбирам,уште еден пар пријатели на дм имаат дете што не живее со нив заради што не сакале да им дадат родителите пари за абортус, и кога ќе ги прашаш каде им е детето викаат дека е кај нивните, кога немале за абротус пари сега нека давале за грижа.Он има само таков круг на пријатели, и затоа знам како ќе завршам ако родам Не туку се смета за нај адекватен за совет
Доста се мешав, мислам дека не вреди да се објаснува и муабет да се прави, животот е еден, живеј го разумно.
Така тој тебе те убеди да си со него? Дека ако не е тој, сите други ќе те тераат да раѓаш и потоа ќе те баталат?
Он искрено ама нај искрено душевно ги мрази сите мажи. Кога и да помине било каков маж одма го хејта, сељак, грд, висок, низок, прост, неук сите мажи биле идиоти, не само за раѓање туку за се
А да почнеш да си гледаш за себе најдобро би било. Што толку те интересираат туѓи животи. Што те интересира дали имале/немале пари за абортус? Ако некој би почнал да разговара на таа тема би го ислушала и доколку побара мислење би го споделила мојот став толку. Ама дека ќе се замарам кој што прави не е ниту добро, а нити пак здраво најнапред за себе си. Немој да се споредуваш со другите, не сме сите исти и нема да бидеме. Добро е од некој пример да извлечеш поука, но не и да осудуваш. А за примерот погоре, ако родителите не се бунат да го чуваат внучето, зошто тоа тебе ти смета? Не побарале од тебе да го чуваш. И уште нешто гледам дека не само од мене и од другите членки го избегна прашањето Дали сакаш да си со тој човек сеуште после таквите искази, и дали одлуката да не бидеш родител е заедничка? Затоа што многу лесно во иднина некој може да промени мислење.
Па јас со таков маж не би била најискрено, ни маче не би чувала, а не дете. Ни да ме пипне, ни да го познавам не сакам. Еве немам деца, не знам дали ќе имам, ама оваа фаза ја надраснавме пред 7-8 години.
Ама ти генерализираш...јас вакви парови немам во моја близина..и да и ние со деца одиме (одевме пред коронава) на журки, концерти..мислам многу е глупаво да генерализираш ... Мисли си за себе не за некои други...
Има позитивна особина вака дечко ти? Јас не видов ништо добро да кажеш за него. Уствари не ти ја разбирам поентата на постовите. Што ти е целта, што бараш совет, што сакаш да кажеш. Од една страна не сакаш да зборат зошто немате деца, ти се растури зборејќи за тие што имаат. Викаш дека не сакаш, всушност дечко ти не сака. Луд ј*бе збуњеног.
Од се што напиша сфативме дека ти уствари сакаш деца и за тоа си љубоморна на се живо и диво што има деца и самата си се убедуваш дека тие што имаат деца се несреќни. Дечко ти те убедува да немате деца, а ти сакаш. Ако ове не е тролање а 99% мислам дека е, тогаш совршено ми е јасно зошто тие што ве познаваат ви рекле дека треба да посетите психијатер. Без лутење ама навистина треба.
Извини вака, не сакам да судам ама дечко ти е психо. А јас не знам што бараш ти со него, најсериозно. Мислам дека тој многу ти влијае, не дека не сакаш деца, ама па не знам. Ским си такав си. У осталом, од каде знае тој како им е на другите што имаат деца? Некои плачат да имаат дете а овој каде тргнал со вакво размислување? Океј е да сакаш да имаш дете, океј е и да не сакаш, ама вака со вакви размислувања нема далеку да стигне (те) На готово да си го земете бе. Катастрофа.