Среќа не мутирал,ќути Ми се приспа, а што ќе те прашував Ааа ми текна Се видел ли тој во огледало на што личи?
А ова се твоите критериуми? па знаеш дека твоите максимум критериуми на некои се минимум?? ако ме разбираш што сакам да кажам...
Се утепав од читање глупости. Добро е што сме разграничиле за таа точка за природата како и зошто не создала. Ај сега да прекинеме да пишуваме, трол е ова. Јас имам бебе и студирам, и работам од дома, и барам работа. Не е бебето криво што не работам, короната и сите случувања затворија многу фирми. Еден испит неам паднато, бебето не ме спречува ни во учење ни во ништо. За фестивали,журки и слични срања имам време, но немам желба. Редовно се пријавувам на Еразмус проекти, и без разлика на бебето ќе отидам ако ме повикаат. @childfree признај дека тролаш. Не е нормално ова што го пишуваш. Немам предрасуди кон никого. Ниту судам на други, ама овие пишаници дека мразите деца, дека колнете се за голема осуда.
Не те тепа, ти дава од дома да искачаш, мрази се околу него, мрази невини битија, друштвен тип... И Хитлер ги имаше наведените карактеристики, искачаше и се дружеше и си ја величеше Ева Браун....Што знам.... Не знам како воопшто не ги гледаш и не толку скриените елементи на психолошко растројство. Нарцисоидност, врши дискриминација, омраза, итн. Пушел трава, се дружел, лелејјј, маж пандан за секоја жена.
Ауу боже мој што прочитав јас не можам да поверувам, дај боже да си трол зошто ако е вистинска приказнава вие и двајцата сериозно треба да посетите стручно лице. Поточно дечко ти е еден нарцисоиден, егоистичен психопат, и покрај него и ти стануваш таква иако не си свесна за тоа, всушност во целата приказна ТИ си таа што е несреќна покрај него и се убедуваш самата дека оваа состојба ти е нормална, а децата ќе ти го направат животот несреќен кога би ги имала, да ти посакуваш премногу да имаш дете со психопатов ама се плашиш дека ќе те остава сама со детето па од тука ти е тоа дека и ти не сакаш деца. Прати го на лечење дечко ти, најсериозно.
Се згрозив од се' што прочитав. Типот испадна дека е тежок психопат и манипулатор.. А девојката пак ја отворила темата за да може да го прифати фактот дека нема да има деца т.е. да се убеди самата себе дека не сака да има.. А прилично сум сигурна дека длабоко во себе би сакала да има дете.. Ако останеш со овој се надевам дека нема да имате деца, не е фер да пати уште една душа поради некој психопат.
Ова озбилно? Извини ама дечко ти си има стварно психички проблеми. Не прочитав се ама од два постови твои сфатив дека дечко ти не сака деца, а не ти. И сега бидејќи тој не сака ти наметнува и тебе, оти ти е страв дека ако забремениш ќе те остави. Си манипулира со тебе. Типот си има голем проблем и ти си имаш проблем со него, а не со луѓето кои имаат деца.
@childfree да видам дека мојот дечко мрази, осудува, колне, посебно деца, веднаш би го оставила. Јас не поднесувам одредени личности во мојот живот, ама да мразам, да посакувам смрт? Никогаш! Ако некое друштво не ми одговара, културно го откачувам истото.
Оф што прочитав, се вознемирив... Девојче, поздрави го дечко ти и кажи му дека за некоја година ќе му падне газот и нема да му прија марата и алкохолот ко што му пријале. Тогаш децата на вашите пријатели кои 10000 ги спомна ќе бидат веќе тинејџери кои подсеќаат на своите родители - за среќа ќе нема деца кои личат на вас. Не сакам да те навредам, но запрашај се дали ако ти се случи нешто, твојот дечко ќе ти биде подршка, дали ќе ти свари една супа кога си болна, дали ќе дојде во болница со тебе или ќе оди на журка. Имаш уште време девојко, спасувај се навреме.
Нешто е проблем, а што е, не знаеме се. Овде само членката кажува. Или испран мозок, или типот навистина постои и е некој тежок психопат. Мислев дека се имам прочитано, ама се излажав. На форумов никогаш не е здодевно.
А самиот се сака себеси или одсабајле ги мрази сите, попладне себеси? Пошто ако е он најубав и најумен, не ќе издржи таков без генот на супериорност да го продолжи, може не со тебе, мож ќе си порача дете како Роналдо
Не е среќна со тој дибекот што го одбрала, а не дека е несреќна што е мажена. Ако не бил тој дибекот што не знаел да користи кондоми, сега ќе имала и факултет и работа и брак и деца. До мажот е, а не до децата и бракот. И кај тебе е проблемот во дечкото... прави се повеќе и повеќе да бидеш како него, да размислуваш како него. Ако завршиш со овој човек во брак, не прави разлика дали ќе имате или ќе немате деца. Нема да бидеш среќна.
Трол е, и тоа некој што сака деца и целта е да изнесе стереотипи за луѓето кои не ги сакаат, па така они испаѓаат травари со исушен пола мозок, недозреани, безобѕирни кон останатите, несериозни, непатриоти (лол) и сл.