Уште од почеток мириса на трол. Да интересна тема, не треба предрасуди кон никого. Секој свој живот, како замислил, ама да навредуваш и колнеш туѓи деца и тука да разубедуваш луѓе.. Бесмислено и простодушно. Патем @childfree тука не гледам предрасуди да имал некој кон тебе. Предрасуди се искривени слики за луѓе, неосновани негативни ставови. Предрасуди не е тоа што ве прашувале зошто немате деца и кога ќе имате. Ниту пак нешто ти наведе предрасуда. Ти само примери од други луѓе наведе за ти лично да се убедиш дека е правилно да немаш деца, а што мислиш длабоко во себе не навлегувам. Предрасуда е ако некој ти каже дека си себична и затоа немаш деца. Ниту познаниците твои, ниту ние на форумот ти го кажавме тоа. Океј е да немаш деца. Ама темата гласи предрасуди, а тука не се предрасуди во прашање туку вашите психички пореметувања ако вистински постоите, а ако не постои цел овој ваш случај, ти си психички растроен трол: Во темата мајчински муабети наседнав. Не само јас и други, не ти треба пишување таму, пишат мајки не луѓе кои мразат и колнат деца.
Па предрасуда е констатацијата (чуена и прочитана многу пати): Премногу си себична, затоа не сакаш да родиш. Еве уште не сфаќам кон кого сум себична, кон ненаправеното дете? Постојат многу предрасуди кон луѓето што немаат деца, посебно кон оние кои по своја волја немаат, и нормално дека тоа иритира. Ама ова на членкава врска нема со предрасуди кон луѓе што не раѓаат, буквално е стереотипен муабет на луѓето што не сфаќаат зошто некој нема деца: сакам да пијам, да се дрогирам, да искачам, данезнамшто. А ништо од ова не е универзална вистина за сите, алкохол пијам две голтки годишно, никакви наркотици не конзумирав и не конзумирам, во дискотеки и било каде речиси и не излегував, и отсуството на желба за раѓање немаше врска со ништо од ова. А ич да не почнам да зборам за нејзините и на дечко и' предрасуди, не сакам ни комшии вакви, ништо со вакви луѓе. И не заради тоа дали имале или немале деца, последно гајле ми е во животов дали и колку прокреира некој, него јас би се чувствувала загрозена во близина на луѓе без грам осет да други живи суштества. Ако вака размислуваат за човечки бебиња, можам да очекувам мачките да ми ги отрујат преку тераса. И тоа отсуство на емпатија ги прави опасни.
Да тоа е предрасуда. Ама таа никаде не напиша така. Она само туѓи примери кажува, испаѓа дека е она со предрасуди. Кој кога се земал, кој колку деца имал и дали им било убаво. Кон неа не гледам предрасуди. И кажувале само дека до сега требало да има, едно две или 5, небитно.. Она си кажувала дека мрази деца, ја правеле чукната и тоа е цела приказна. Јас немам предрасуди кон никого кога се во прашање деца. Имам бебе и знам дека е тешко да се чува. Па ете јас за себе сум одлучила да имам, но целосно би разбрала ако некој не сака да има од било која причина. Е сега колнење туѓи деца и мразење е екстремно, и ако некој и каже дека треба да се лечи, не е предрасуда, болна вистина е.
Нејзинава приказна нема допирна точка со најголем дел од приказните на вистински луѓе 40+ што немаат деца по свој избор Затоа се шокирав некако кога рече 28. На тоа размислување 16 едвај би дала. И дечково 33? Абе ајде.
Па крајно детски размислува. Ако приоритет во животот е пушење трева,журки и фестивали и јас се шокирам. 21 год имам и не размислувам така. Не ми заврши животот откако родив. Затоа и ми личи на тролање. Тетка ми има 46 години и нема деца по свој избор, во среќен брак е веќе 25 години. Ама не трча да ги колне туѓите, не се замара со околината, кога е прашана нешто на таа тема си одговара дека не е тоа за неа и муабетот завршува.
Од цела тема, само насловот има поента. Отворена е за сосема друга причина. Дека има предрасуди, има куп, зависи колку си дебелокожец да потклекнеш према нив. Секој за себе, најпаметно. Ни ја брцкам у туѓ двор, ниту пак сакам да брцкаат во мојот. Всушност името на темата треба да биде,, Предрасуди кон луѓето што не сакаат потомство кои имаат предрасуди кон луѓето што сакаат потомство, и предрасуди за предрасудите за предрасудите за нештото, всушност барам совет, дечко ми е нетачен и сака да пуши трава,,....
Па добро, убаво возење ни направи тролот. Дека има малку вистина во пишаното има, ама мора да се признае дека има дарба и за психопрофилирање девојката. 17 страници испишани за дечкото наместо за насловот на темата. Мене лично после последните излагања ми личи дека креаторот на темата посакува да добие одобрување за изборот да живее живот кој што не го посакува отколку да поттикне некаква дискусија на форумот. Немам што да додадам. Убави совети доби, се надевам дека ќе ги прифати како идеја за размислување ако ништо друго.
Honey, никој не те суди дека сакаш дете. Ептен конфузна ми беше на почеток целата приказна. Да ти велат да се лечиш оти неќиш деца? Не. Туку за длабоката омразеност и огорченост кој ја имаш. Не дека ТИ неќиш да се исполниш како мајка, туку дека дотичниот ти дечко би остајл дете со Т да се справи само. Дека дотичниот колнел туѓо дете. Дека тебе ти е ова скроз нормално и го прифаќаш. Човече. Шовие?! Накратко не е дека ВИЕ неќите да се исполните како родители. Осудата е зошто ВИЕ судите други родители. ВИЕ се гадите. ВИЕ имате тенденции кои не би ги категоризирала како типични и функционални. Едно е да неќиш да се исполниш како родител. Скроз друго е да си фрустриран и дур во најдобри фантазии да се изживуваш врз дете, да колниш туѓо дете, да мислиш дека од раѓање треба да е в градинка и да не постои породилно, да судиш родители и нивни родителствување, да велиш дека требале да го дат и шогод друго. Немам сила да читам после 12 страна ми се згади. Кузнај колку вакви цитати ќе видам. Џиз. Ок трол. Победи. ------- Едит. Во случај да не си трол, побарај помош пошто продолжив да читам и се е "дечко ми рече ...", гајле ми е шо рече дечко ти. Гајле ми е шо мисли дечко ти. Гајле ми е како ја гледаш иднината со дечко ти како татко. Ова иницира врска каде моќта не е рамномерно распределена и важно е само тој шо вели. Ако не постоеше тој, шо сакаш ти? Каква иднина гледаш? Дали мајчинство е опција? Дали сега се убедваш зошто неќиш да растиш дете покрај него, дека уствари ти неќиш? Дали, длабоко во тебе сметаш/ мислиш, примерите и колнењата кои ги дава - дека се нормални и природни? Не ми одговарај мене. Одговори си сама во глава. Искрено пред себе.
Ме мрзи се' да читам, во случај да се повторувам. Заклучок: Темата е за оговарање на комшивките и другарите шо имаат деца. Пола од мислењата на членката почнуваат со "дм мисли", "дм сака", "дм рече", шо ме тера да мислам дека дојде да бара утеха дали да биди со партнер шо не сака деца, а не дека таа не сака. Само не ни' кажа така, зато шо и сама си се убедува дека таа не сака. Не е свесна. И многу теми на форумот би немале 350 испишани страни ако секој си ја брка својата работа.
Темава искочена е од контекст. Бараат совет, вие општо си кажувате дали имате или немате предрасуди кон оние што не сакаат деца..
Насловов на темана ми е неубав, едно е да не сакаш деца друго е да мразиш. Што ти згрешиле деца за да ги мразиш?
Што се случи со насловот на темава?Нели беше за тие што не сакаат потомство? Кој му се посра со извинение? Првиот наслов имаше смисла... Ова е тотална утка. IQ - нула. Толку.
Он за тие што имаат големи деца вика додека да ги пораснат децата си ја изгубија младоста, кој знае колку жалат со толку големи деца што ништо не виделе,наместо да уживаат имаат напорни тинејџери дома,грдото е што во неговата околина навистина се измачени тие луѓе и не знае за некој добар пример,што виделе од животот и слично
Цело време е тој така рече, тој вака рече. @childfree ако не си трол, дали ти имаш оформено мислење или како ќе рече тој така нека биде?
Ми личиш како некоја 15/16 годишна девојка која можеби има помали брат или сестра и те нервираат па ги "мразиш" децата. Девојка како што се преставуваш ти образована и нашетана нема вакви размислувања, викаш дека те осудувале што не сакаш деца, а ти сама ги осудуваш тие што имаат. Дали сакаш деца или не тоа е само твоја работа и не треба на никој да се правдаш. Инаку да имаш деца не значи дека си необразован, ненашетан и несреден има многу образовани, нашетани и успешни жени кој имаат по 3 и повеќе деца и тоа во државава. Така да тие размислувања ти се смешни, секој одлучува како ќе го води својот живот.
Овој наслов сега е баш соодветен на сите објави на членката што прашуваше и објаснуваше за немање деца и има еден куп предрасуди и мрази деца..
Колку се погодени мамичкиве на форумов што некој кажал „мразам деца“, а во меѓувреме тие секојдневно мразат некого. Тешка хипокризија. Инаку, до членот шо ја отворил темата, се согласувам со некои од мислењата дека некогаш може да звучи лошо фразата „мразам деца“, особено ако не ја мислиш буквално кристи други зборови, се' друго што кажа е нешто што не треба да го трпиш, смени си ја околината околу себе што е можно побрзо. Инаку, генерално мали деца јас не сакам, ужасно досадни се и не се разбираат од збор.. Ајде мамички распнете ме