Несакање и мразење не е исто. Како можеш да мразеш невино суштество шо апсолутно никако не го афектира твојот живот? Тие таквите исти се како оние што мразат животни, буквално оти газат на земјата.
Се согласувам дека не е исто. Не знам дали се изјасни личноста дека стварно мрази деца или едноставно не ги сака?
Дечко ти бог знае какви трауми влече од детството па што има вакво мислење, жал ми е што си завршила со ваков психопат во врска па и уште те убедува во неговите психопатски приказни.
Jaс мислам дека ќленката сака да се оствари како мајка. Арно ама од пуста љубов кон дечково и страв да не остане сама, прифаќа се што мисли тој. Не мора да е вака, мое мислење.
Растен е со истиве што имаат големи деца сега,јас кога бев на гости кај нив многу и беше тешко на неговата соседка, ми викаше да не заглавев тука и јас ќе бев студент и ќе работев, ни до Скопје не сум била, верувај ми такво му е цело друштво, освен тоа во детството гледал како младите мајки не работат, бил сведок на семејно насилство во маалото, и мислел дека тоа е ок.Затоа не сака да бидеме родители
Па ни јас не сум дечар, не се топам на детска врева, лигушки, брканици, не сакам да си играм со деца итн. ама тоа не значи дека “не ги сакам“ или дека ги “мразам“. Многу е различно.
Зашто некој би те распнал не разбирам, што се устручаваш, слободно кажи си не сакам, мали, големи деца, женски... Пази си само да не ти се оствари тоа што не го сакаш, ова онака без попување го кажувам, со поента дека "мамичките" ги сакаат своите деца без исклучок, ама не очекуваат ти на пример да ги сакаш нивните, уживај, слободно не сакај било какви деца. А поимов "мамички" кога ќе се комплетира од предрасуди викнете ме да видам што точно отсликува.
Еве јас се пријавувам да се видам со дечко ти за да види дека постојат неизмачени мајки на тинејџери.
Постоеја две теми, Реин ги споила во една. Насловот на темата е соодветен според мислењата на членката.
Тоа што он не видел добри примери во околина,не значи дека нема. Има куп луѓе со деца,ама и работат и/или студираат/завршиле факултет и се изнашетале.Кој сака и може да се снајде,ќе се снајде. Секој не може да се снајде и да се справи,и тоа е ок. Ама,дали си свесна што не е во ред? Размислувањето на дечко ти,а и твоето до некаде. Имањето дете не го стопира животот. Ако ти сакаш да ти го почитуваат твојот избор,тогаш и ти почитувај го изборот на другите.Ако си слушнала од едни дека не постигнале сè што сакале и можеле поради имањето деца,не значи и други родители се незадоволни од животот. Размислувањето на дечко ти е одвратно. Човек кој мрази и колне деца и кој мисли дека внесување штетни супстанци е ок,не е добар човек.
Па добро барем свесен е дека не треба да биде родител со неговите однесувања, размислувања и навики. Колку вакви ги има што ќе склепаат дете па после живи ги нема во животот на децата. Мажи како овој сум се изнгледала, тотално отсутни и незаинтересирани за сопствените деца. Чудно ми е зошто уште членкава не убедува нас овде, ама се мислам дека себеси се убедува повеќе отколку нас. Веројатно бара некаков approval и ветар во грб за да и биде полесно за сопствените одлуки. Девојче нема зошто тука да бараш поддршка кога нас ништо не ни менува дали вие сакате да имате деца или не. Ако двајцата не сакајте немајте, апсолутно никој нема право да ви се меша во тоа. Што уште повеќе ти треба или сакаш да слушнеш?
Себичност е и да родиш, и да не родиш. Во суштина, одлуки носиме првенствено за себе, оти ние нешто сакаме. Во 'одлуки' спаѓа и тоа дали ќе родиш, или не. Навистина нема смисла ваквиот муабет... само што луѓето често сакаат да се преценуваат дека џам свиткале.
Егзекли мај поинт. Што е тоа што раѓањето го прави себично/несебично? Зависи од кој аспект гледаме. Раѓаме затоа што сакаме да родиме, чувствуваме потреба да родиме, исполнуваме сопствена желба. И тоа може да е себичност ако така гледаме. Ама и нераѓањето и несоздавањето на следна генерација е себично, во смисла дека ни' се потребни за да опстанеме ние. Па ако сите не родиме, Хјустон, ви хев а проблем
Не сум мајка, но имам против мислењето на членката. Што има врска мајчинството со емоцијата која ја поседува човекот. Не знам навистина како би мразел некој, што не ти згрешил ништо. Општо важи и за светот. Ако комшијата возрасен, ништо не ми направил, што да го мразам, логика ми нема. Да мразиш некое дете посебно, ете има причина, не се сите цвеќиња за мирисање, особено оние што се силат и иживуваат врз останатите, па да разберам. Имаш причина. Не е работата, дете е, па морам секое да го сакам. Но, не гледам причина да мразиш, нешто со кое немаш ни контакт, ни интеракција. Само членката не говори конкретно за омраза, туку и за хипотетичка акција и вршење кривично дело врз деца. Омраза е нормална емоција, ама додека е само субјективна, кога ќе превземеш нешто во врска со тоа, тогаш е веќе проблем и реално треба да се посматра од страна на стручно лице.