Благодарам на објаснувањето. Зошто сепак првобитниот наслов.. Т. Е темата беше за смисла дека не се сака потомство, а не дека се мразат деца. Два различни наслови и дебати се тоа. Ама веројатно членката измеша наслов и тема воопшто. Фала цреша. Фала Андрејко
Не мразам деца ,мразење е преголем збор . Зошто би мразела невини суштества? Но не можам да речам дека сакам деца или пак кога ќе видам некое бебе да бидам као леле ама е слатко . Никогаш не сум сакала деца .
Тоа сите се обидуваме да го кажеме. Океј е ако не можеш да се замислиш да имаш свои деца, океј е да не сакаш деца, да не те исполнува родителството или општо и туѓи деца не мора да ти се мили. Но тука се пишуваше за мразење деца. Тоа баш не е океј. Извини што ти реплицирав. Сосема во ред е твоето.
Здраво, го направив профилов бидејќи овие денови поточно период од месеци поминувам низ пекол и видов дека живеам со заостаната фамилија. Имам 28 години и сум едно дете, немам ни брат ни сестра. Завршив факултет и магистрирав надвор од Македонија и од мои 18 живеам подалеку од овде. Додека јас учев го изгубив друштвото кое што веќе има брак,деца, и немам контакт со никој. Дојдов да поседам некој период и стигнавме до клање со моите кој што се во мк, и кој што секој ден прашуваат за внуци, не само моите, туку сите. Целата кавга настана заради тоа што посмртно не сакам да фатам бебе-дете во рака.. Додека вечеравме им кажав дека лозата им завршува со мене и дека сум последен потомок кој што нема да остави наследство. Следуваше шок, викање како лошо ми влијае тоа што патувам и учев, не ми ни честитаа што имам работа по струка и што се изборив за стан кој што го опремив, сама го плаќам, почнаа да зборат како само тие што се стерилни викаат дека не сакаат деца, како ќе ме направеле сите неточна,не се ни израдуваа што имам 3 мачки и едно куче, а очите ќе ми ги извадеа заради што на фб и инста имам слики како ги шетам животните во количка за бебе, кажаа дека со тоа сум се правела мрдната. Им објаснував дека барам патрнер за патување, за живот за разговор, тие се дереа и ми кажуваа дека партнер е за да створиш семејство и да родиш деца, дека секој оди во брак за потомство. Јас сакам слобода, не поднесувам деца, не сакам да ги имам бидејќи знам дека нема да ги сакам. Наместо барем да се израдуваа што земав стипендија за факултет и еднаш да се пофалеа со тоа, тие упорно се фалат со братучедка ми што затрудне на 19 и го сјеба факултетот ради бебе,како децата на соседите им растат и како е најубаво 3 деца и да не мрднеш од Скопје. Што би правеле во ваква ситуација? Дали би ги напуштиле родителите? Како би ги смениле? Се осетив неубаво и сакам да им докажам дека не се во право и дека не сум умоболна
Не можеш да им докажеш бидејќи како ти шо ти не сакаш да имаш деца, тие сакаат внуци и тоа е. Добро е шо имаш каде да живееш настрана пак нема да се расправате постојано.
Мислам дека не им е баш сеедно за тебе, според она што го прочитав родителите ти посакуваат само нешто убаво, едно дете си им и сакаат да се радуваат за потомство од тебе. Тоа што ти не го замислуваш твојот пат во животот како скоро секој родител што би посакал да чува внуци и да се шири фамилијата, не значи дека им е сеедно. Сепак си млада, се менуваат нештата во животот, Светот ќе го прошеташ, и секогаш можеш пак да го шеташ, кариера ќе направиш, иако тоа не правило дека ќе бидеш исполнета и среќна, финансиски ќе се обезбедиш, мачки и кучиња секогаш можеш да си чуваш, дали ќе имаш дечко девојка или останеш сама. Си ги шокирала со твојата дирекна искреност, затоа и си добила таква повратна реакција, смири ја топката, незнаеш што носи живот, родители се едни. Уживај во слободата !!!
Направи им профили на форумов и подеси да добиваат известувања само од темава. Ќе им објасниме ние. Ако не им е сеедно за нејзе, треба да бидат среќни за нејзината среќа, а не да бараат нивни желби да исполнува.
Не можеш да ги смениш. На секој родител му е мерак и желба да си има внуче па така и на нив. Такво ни е општеството не можеме да го смениме. Сепак твое тело, твој живот-твој избор. И на твое место да сум не би ја отварала темава некое време и после би седнала со нив и на мирен начин би им објаснила па дали ќе прифатат или не тоа си е нивен избор.
Ми викаат дека никој нема да ме сака, и цело време зборат дека мора да се роди, и се навистина изнервирани
Само ти и неколку пријатели ме поддржувате Не ми ни честитаа кога завршив и се нервираат ако им спомнам за примери што не сакаат деца
Глупости на квадрат. Кога се омажив, со маж ми се договоривме дека нема да имаме деца, освен ако не ни се смени желбата покасно. Ќе си најдиш чоек што има слични сваќања, и готово. Нека се нервират бе. Ти не си одговорна за нивните желби. Ако сакаат толку деца, нека си родат, нека присвојат. Не можи за тебе да одлучуваат.
На повеќето постари таков им е менталитетот, батали тие муабети дека никој нема да те сака и дека мора да родиш. Си била искрена и отворена со нив за тоа како се чувствуваш на тема потомство, не прифатиле, веќе избегнувај такви теми, очигледно нема разбирачка.
Нема потреба да се објаснуваш и правдаш. Нивно е да сфатат дека ти си индивидуа со свои желби и избори. Само терај напред кон своите замисли и цели. Едуцирана си, успешна си, ќе си најдеш партнер со кои ке имате исти цели и ќе си го минете животот заедно со многу љубов и миленичиња. Пак ќе кажам: не им должиш ништо на твоите родители и не дозволувај да те исполнуваат со негативна енергија. Ако нема разбирање, подалеку од нив. На ваквите родители треба да им се покаже дека не можат да наметнуваат и зборат што сакаат. Постави граница. Заслужуваш.
Никогаш не влегувај во конфликт, посебно не со своите. А останатото е твое, како ти мислиш - така и живеј.