Па искрено 90% се такви..еве бртучедка ми е таква ни образование ни патување ни ништо не ја интересира плус верува во бајачки адети и сл
Како тебе што ти се језиви тие што раѓаат на 19, на некој друг му се језиви тие што не раѓаат. Се дури сте сите со предрасуди, ваков ќе биде светот.
Батали ги, ќе видиш дека кога ќе сфатат дека те губат ќе ти чукнат пак на врата, ама овојпат со почит. Не го кажувам ова како манипулација, ти кажувам дека секогаш е вака со такви родители кои мислат дека знаат се што е најдобро за децата нивни и не ги гледаат како особи со свои ставови. Не си тука за да ги задоволиш своите родители. А инаку и мене ми е трудноќа језива.
Абе те разбирам ама они се погласни и поагресивни, според нив спаѓаме во процент што имал дијагноза, умствено болни и навистина одат во крајност со многу повеќе. Ти знаеш ли дека другар имам геј и дека од дома го избркаа? И дека татко му иако е стрејт е понасилен од другар ми?
Па што знам... ете и ти си терала некоја да абортира заради твоите убедувања. Поприлично гласно и агресивно. Ако сакаш да живееш во свет без предрасуди, почи од себе.
Баба ми е најгласна од сите, дури и ме плукна. Но ја разбирам, родила на 18,, малтретирана, никаде не била, го помина животот во понизност, и кажуваше дека животна желба и било да дипломира, но ради бременост ја нтерале да сјебе факс.Мрази се што е со диплома, за нејзе сите тие се стерилни, утешни и треба да не постојат.
А може ли да поминат ваквите теми без да гламоризираме раѓање на 18-19 години? Тука не е во прашање предрасуда, едноставно со толку малце животно искуство, БИЛО КАКВО, не зборам за факултет, не е најповолно да се одгледува дете.
Инаку им кажав дека не сакам дете затоа што нема да го сакам, дури и читано имам за мајки што си ги напуштаат децата, дури и полошо... Не би сакала да имам дете и да ми викаат леле сега си исполнета додека јас чекам да се отарасам од истото
Значи ајде да повториме.... ако ви смета омраза кон тие што не сакаат деца, престанете и вие со омраза кон тие што сакаат на 19 да раѓаат. Многу е просто!!! Ете мене не ми се језиви ни едните ни другите... значи пак посовремена сум и од вас 'современите'.
Те разбирам ама еве имам и колку мене и повозрасни што не се језиви ама неубаво се однесуваат со мене
Јас имам впечаток дека ти не сакаш да го почитуваат твојот став, туку да им го наметниш и тие да го имаат истото размислување. Не ми е јасна потребата на меѓусебно убедување и препукување. Како што сфатив, ти живееш во друга земја, потполно независна си од нив и не знам како тие би очекувале ти да ги догледаш, ниту пак како би чувале твое дете во друга земја. Постојат луѓе што имале цел да створат семејство и деца, па од одредени причини не успеале, постојат луѓе што не сакале да створат, па од одредени причини се премислиле. Нема зошто да си наметнувате ставови едни на други, па и да се докажувате чиј живот е повеќе сјебан. Поготово ти што сакаш да си сфатена, а имаш аверзија на спротивните на тебе. Не сите што имаат дете, па и на 18г останале без кариера и без да го прошетаат светот, исто како ни сите што го поминале животот сами или со партнер што не станале научници и не го прошетале светот.
Абе златна.... јас имам родено па има околу мене што се однесуваат неубаво. Едноставно научи дека за секој избор во животот што ќе го направиш ќе има луѓе што ќе им се свиѓа и што нема да им се свиѓа... и тоа е тоа... такви сме сите како вид, се мешаме во туѓи животи, осудуваме и сл. Еве пример ти си терала некоја да абортира,... и тоа не е современо ни светски... значи научете се да игнорирате околина, и да не се мешате вие во туѓи животи, секој да си гледа и одлучува за себе, и светот би бил поубав. Ако си решила да не раѓаш, не знам зошто се нервираш што ќе речат другите... а и твоите, имале некои замисли, им дошло шок, нема да имаат внуче, ќе се понервираат малку, ќе им помине. Тоа е тоа.
Те разбирам ама не може да ми викаат дека секогаш поценета од мене ќе биде комшиката со три деца и да ме понижуваат
Дојдена си тука на одмор да уживаш, искористи го времето за убави моменти, а не да се убедувате кој како да живее и шо е (не)исправно да прави. И онака нивното мислење не ти значи ништо.
Ме интересира, мачките и кучињата што толку ги сакаш што ги возиш во количка, со тебе ги носиш при секој пат околу светот? И дај намали со тролањево( дајбоже да е трол)
Не знам што ве чуди возењето маче или куче во количка. Постарава генерација на островов така си ги шетаат мачињата и кучињата,сум видела и помлади парови само поретко. Тоа не е некој нов изум едноставно така си ги доживуваат луѓето животните.
Ама ако го прават тоа не значи дека е нормално. Мислам ај дете да врзам за каишче зошто така го доживувам?