Сосема е нормално тоа за нив. Не можеш да споредиш со дете за каивче. Мислам секој си прави како му одговара.
Разбирам во количка за миленичиња посебна, или ранче, транспортер. Ама да купиш количка за бебе специјално за да шеташ куче или маче во неа? Ај жити се
Сте се запнале дека ја терала братучетката да абортира. Значи никој неможе никого со сила да натера на нешто. Верувам дека било дадено како совет. И мене да ме праша некој за мислење би си изнела став, со тоа не значи дека го терам на нешто. Сигурно не и се дерела, не ја навредувала и не ја плукала како на неа што и правеле. Различни луѓе, различни желби. Ако некој не сака деца не значи дека треба да напаѓа некои кои сакаат. Ама баш напротив, на мета се тие кои се издвојуваат од останатите. Ако и е ќеф, кучињата ќе си ги шета и вози. Куче знае да пружи повеќе љубов и почит од човек. Не е ненормален тој кој не сака брак и деца, ненормални повеќе би рекла дека се тие кои навредуваат и лепат етикети на некого заради таквата одлука.
Во право си, без дерење и гокажав тоа на братучедката.. Повеќе ми беше да и доловам како ми е мене, да се осети дека е неубаво да чепкаш во интима, дека секој има свој живот и на крај пак крива
Оти ја банираше? Секогаш ќе се мешаат. Од искуство. Со време, ќе научиш како да комуницираш со нив и како да се однесуваш, за да немаат толкаво влијание врз тебе. Ќе најдиш начини... Шо ти е пак тебе гајле дали некоја сака да раѓа, или не? Немате право на поколение по дифолт Ко ќе раѓате вие, тогаш ќе одлучувате дали ќе имате деца, или не. Ко ќе раѓа друг за вас, другиот ќе одлучи. Фак ит.
Дали ѝ ги прочита последните мислења на членката во темава, мислења кои Реинбоу ги избриша? Не ѝ беа во ред.
What? Никаде не се мешав во ничија одлука да раѓање. Некој сака да има свое дете-некој не, и се е океј се додека не си одвратен и лош човек што подржува и разбира мајка што си го убила детето. Едно е да не сакаш да имаш деца-сосема друго е да мразиш и да грозиш од помислата на дете. Тоа може само болен човек. Не рипај одма со заклучоци, прочитај ги мислењата
Види, во ред е некој/а да нејќе да има деца, ама не е во ред да мрази деца и да кажува грозни работи.Последните коментари ѝ беа вознемирувачки. Малку потсети на членката која кажа во темава дека мрази деца.
Оди мори бегај, заминала странство се замара уште мајка и и татко и што ќе речат. Седи таму и уживај си во животот, што сакаш прави, што сакаш чувај. Ич да не ти чуе.
Иако банирана, членката би ја советувала да не се спори со родителите. Кажала што мислела и нека си тера како си замислила и тоа е тоа. Нив никој не може да ги убеди, ниту пак тие ќе ја присилат да има деца. Едноставно, нека каже дека нема партнер во моментот или е во врска (ако е) но има време за брак. ќе видат понатаму и толку. Како и да е, веднаш на тацна внуци секако нема да добијат. Почит кон родителите треба да се има, џабе се спорат кој е во право, никој никого нема да убеди, нека се затвори темата и секој по својот пат. Родителите може да си имаат замисла каков живот треба да води детето, но членката е полнолетна, способна сама да одлучи, може да советуваат, но разбирливо ми е ако некому едноставно не му е близок тој семеен живот и си копнее по нешто друго. За успехот на факултетот, работата и станот, треба да и се честита и да се поддржи, еден современ родител би бил пресреќен за тоа. Како и да е животот го гради далеку од нив, а предрасуди не треба да се има кон ничија одлука, било ваква или таква, се додека е од срце и може да се реализира на најдобар можен начин.
А зошто да имам предрасуди? Јас тоа го разбирам дека не сакаат да имаат потомство, не дека ги мразат. Едноставно не се пронаогаат во улога на родител. Мене ми е тоа сосема во ред. Што мислите да не е подобро да ги родат и да избегнуваат одговорност кон нив, затоа што им е досадно со нив, го сакаат животот пред нив? Во близина имам мајка со две дечиња мн мали и двете се бебиња, не близначиња, само гледа како да фати излез да им ги остави на бабите и дедовците. Јасно си вели,, ќе им ги тупнам што сакаат нека прават ", како тоа да е одговорност на бабите и дедовците. Затоа велам пред одлуката да имаме деца на секој треба да му е јасно дали го сака тоа или не, за да не страдаат децата. Тие што не сакаат деца ми е сосема во ред што така одлучуваат. Сакале животни, не сакале деца. Па што ако. И мене ми нема споредба разликата, ама кој како се чувствува така нека прави, никој не би напагала. Се додека никој не е оштетен, зошто да се вреѓа? Кај нас љубовта кон животните сеуште е необјаснива, и многу ги напаѓаат поради тоа. Мене ова ми е пострашно да напагаш некој за нечии одлуки од кои никој нема штета.
Мајка сум на три деца и од секогаш сум го сакала тоа. Сакав да ја продолжам нашата семејна лоза понатаму....мислев дека само тоа е правилно и тн и тн. Јас значи сакав свои деца и не едно туку повеќе. Но, потполно го разбирам некој што не сака да роди. Децата се ОГРОМНА обврска. Многу внимание, работа, труд и пари се потребни. ММ сакаше 1 дете само, па поминаа 5 години додека го убедив за повеќе. Кога ќе видев жена бремена со 2ро или 3то дете многу бев љубоморна. Е сега, јас знаев што значи да сум мајка, ама за мене тоа е смислата на животот. А познавам личности (женски) што ми рекле дека не сакаат да се на мое место, дека не можат да замислат да гледаат дете, дека нема да родат. Нивно право. Секој си има свое право што сака во животот. И подобро да не раѓаат отколку како што имав прилика да видам во животот - моја другарка никогаш немаше добиено прегратка или бакнеж од мајка си.