@FreedomOrDie И јас бев/сум во слична ситуација. Само што јас имам 34 години, имам магистрирано, докторирано и сум на пост докторски. Моите се гордеат со тоа, ама почнаа да поткажуваат за деца, семејство... како сакаат да видат внучиња пред да заминат од светов итн., особено откако сум во врска. На мајка ми се обидов да и објаснам дека не сакам да имам деца, жената ќе се онесвестеше, буквално ми се развика да престанам да и се обраќам и си пушти телевизор. Татко ми мислам дека го знае ова, но директно никогаш не сме зборувале. И јас сум едно дете, и мене ми велат "па за што ствараш, и работиш и се мачиш... на кој ќе оставиш се, зарем лозата да секне тука...". Не е дека не ми паѓа тешко, но знам дека никогаш не сум имала мајчински инстинкт и нема да го имам. Ме мачи само дали тоа ќе се попречи еден ден меѓу мене и дечко ми. Му имам спомнато неколку пати "меѓу редови" и еднаш директно, но последниов пат рече дека е прерано за тој разговор. Но нема совршено време за тој разговор, па барем му спомнав... да не испадне потоа како гром од ведро небо. А кај неговите на гости веќе паднаа деца на тема... страшно... Јас те сфаќам. И се надевам дека ќе ја најдеш својата среќа, и ќе си ги тераш нештата по твое. Си имаш стан, од скоро имам и јас... не може да ти кажат под нивен покрив живееш, нивна храна јадеш... не можеш да родиш дете за да некој друг е среќен. Нема после пишман бев. Твое е за цел живот. А бидејќи од старт знаеме дека не сакаме, таа улога на мајка би била измачувачка и тие деца би биле многу несреќни... не велам дека не би се грижеле за нив, јас сум многу емпатична личност... но нешто внатре знам дека ќе ме тишти, дека "тоа веќе нема да сум јас"... Секој си е за себе. Ако некој има 10 деца, што има мене да ми пречи. Така и на другите не треба да им пречи ако ти имаш 0.
Јас би рекла дека и ние што не сакаме второ сме малтретирани и стигматизирани. Реченици од типот нели ти е жал за детето само да е, едно дете како ниедно итн. Без осет луѓе ама и јас сум без осет и се им давам по капата.
Јас сум малтретирана четврто да родам . Веќе имам 3 , свеки запнала четврто па четврто . Ама одма штом спомна она , јас дома го собрав мм уз кафе - немој четврто да си правел очи ќе ти ископам со туп нож ! Ако планираш ти да го раѓаш и чуваш ок , ако не , не го ни прави ! Па доста е веќе . Се согласи секако . Не ми пречи ако некој нема и не сака воопшто , или има 5 и сака уште толку . Но ми пречи кога некој ме притиска да родам уште . Оди раѓај жено , мене ми е таман вака . П . С . Најчесто вакви коментари доаѓаат од жени со 1 или 2 деца . Никогаш не сум слушнала маж да каже вакво нешто .
Свое дете би го прифатила и поддржала без разлика дали ќе сака или не да има деца, брак и сл. Побитно ми е да е тоа среќно во својот живот отколку да игра одредена улога ( мајка, сопруга, и сл). А за кого ствараш? е многу глупаво прашање, зашто и да имаш деца утре тие може ништо од тоа што си створил да не им е важно. Може ќе му направиш куќа на пример, ама тоа ќе посака да живее во друга држава и што ќе ми е твојата куќа?
Луѓето за се живо осудуваат, не само за тие што нејќат деца. Лично немам предрасуди, кој како сака нека си прави.
Кој што сака нека прави, не е тоа моја работа. Сѐ додека некој не се обидува да наметне свое мислење на околината, мене не ми пречи. Ниту јас немам предрасуди.
И десет да родам ќе се најдат паметни да речат а зашо не 11. Ако им ги исполнувам на сите желбите кај ќе ми биде крајот.
Оф топик Тука би додала и исполнување на желба на партнер за број на деца. Он ако ги раѓа нека ми каже колку деца да имаме,овака само едно ,јас кога раѓам .