Оти така 'се прај'. Нема шо ти да мислиш, комшиите ќе ти кажат како треба: “Ќе завршиш школо, ќе се омажиш, па ќе 'штанцаш' деца.“ Шо има друго во животот на еден човек? Посебно во животот на една жена. Мајка ќе бидиш. Тоа е еднинствена амбиција која треба да ја имаш како жена.
Колку и да ми е неприродно ова,толку си има секој свое право за животот Зборам за воопшто да не сака деца да има
Типичен македонски заостанат менталитет. Ич да не се секираш што ти велат, секој треба да си го живее животот како му е најубаво и сѐ додека не повредува некого свесно. За некој тоа ќе се деца, друг сосема друга замисла има итн. Голема предност ви е тоа што се сложувате со партнерот а богами и што не сте веќе во мкд за често да се соочувате со ова. Јас и тој сме 24 и 33 и уште "не ни иди умот" за земање и имање деца. Т.е. не сме ни 100% сигурни дали ќе имаме, ама во наредните две години најмалку тоа нема да се случи. Додека скоро сите негови другари се женети и имаат деца, некои веќе и тинејџери. И често го слушаме она: "кога прстен, врват годините, деца треба бла бла". Аоо немање срам луѓево, мене срам ми е близок пријател да прашам колку плата зема не па со некој што не сум блиска да го распрашувам за толку интимна работа. Или едноставно кога те замараат со "кога деца" ти врати им "кога диплома".
Мене ме интересира што е проблем ако некоја се мажи откако ке остане бремена? Јас останав бремена по 9 години врска и правевме свадба. И како е поврзано ова со тоа што ти не сакаш деца???
Каде постои пишан закон дека жената мора да раѓа? Еве, и јас сакам еден ден да имам свое потомство ама исто така немам ништо против тие што не сакаат или не планираат потомство. Што е неприродно? Секој одлучува каква иднина сака да има. Ниту ти, ниту роднини, ниту пријатели немаат право да се мешаат во туѓиот живот. Зошто мора да се ствара притисок врз нови брачни парови или во врска? Затоа што така налага природата и народот?? Често пати може жената да роди дете само поради притисокот од околината па утре ги лечи комплексите врз детето или воопшто не се грижи за него. Мислете малку што зборувате, осетливи теми се тоа.
Еднаш кога прашав една кога диплома ми се развика дека требало за деца да се прашува тие биле се во животот сум била умоболна.. Мене ми е било кој срам да го прашам за приватни работи,крај краева има луѓе што не можат да имаат деца, и замисли како им е да им трубиме постојано.. не знам што толку се луѓето запнати за деца да ги интересира, верувај ми имаме поисполнет живот од тие што веќе имаат две големи деца, ете неговите другари и другарки (школски од генерација) се женети на 18 19 ама им се гледа дека се несреќни..Неговите школски (женските) одма после матурата се омажиле, дури има и такви што веќе биле бремени плански во последното полугодие, знам дека правеле свадби со кој што се фалеле многу,од генерација негов другар до ден денес ја спомнува големата успешна свадба, но истите тие немаат до град излезено,на одмор максимум до Охрид и тоа заради децата,научна фантастика им е факултет, нивните сопруги немаат муабети за ноќен живот,работа,патувања,со нив не можеш да збориш за врски, учење,чудно те гледаат бидејќи се грижиш за себе, судат ако живееш сам наместо во заедница, облечени во едно исто бидејќи купуваат само за децата, и толку во маалото ги шетаат,постојано се уморни, немаат ни љубов, ни време за со партнерот, остарени пред време..не би можела вака ..
Жената не е создадена за само да раѓа. Лично право е дали сака да роди или не. Тоа ти е наш менталитет, кога брак, па кога дете, па после кога братче или сестриче. На такви луѓе треба да му се покаже каде му е местото, да не го пикаат носот кај шо не треба. @childfree има многу парови шо не сакаат да имаат деца. Не е морално да имаш дете, секој си одлучува. Нема шо да му се правдаш на никого, а на такви луѓе без осет треба со иста мера да му се врати, можи ќе знаат друг пат шо збруваат.
За што ме создала. Машина за раѓање деца? Стварно глупости пишувате без да размислувате малце подлабоко.
Ене школски од генерација на мојот партнер го напнаа кога ќе се жени, но бидејќи е женет уште пред да го запознаам дм, не го сфатив како ја земал жената, наводно со кола бил некаде на југот, од некое село ја одбрал без да се знаат (ајде баш ќе се распрашам) и направи 3 деца, не ја ни сака ни неа ни за нив му е гајле, девојкава е 3-4 години поголема од мене ама личи ко за 60. Срце и се скрши кога се запознавме, вика очајно го посакував твојот факултет,толку имав желба за тоа да го работам и учам ама моите ми кажаа дека на 19 треба да родам по секоја цена Се осетив ептен гадно и јас, сирота беше со едното дете во рака, другото до неа, третото трчаше додека маж и беше во некој клуб со другарите или кафана Ете мојов ко што вика, роди 10 15 деца, нека трпат за леб ама важно уста да се затвори,ми вика децата многу обожаваат да немаат за леб, ама побитно е да ќутат комшиитe, и го направија будала што е против трпење за храна, и таков тип на живот
Имала и друг избор, да си замине од дома, да се вработи и сама да си створи иднина, без ничија помош. Ама на тие години ретко кој може да размисли за други избори. Исплашени се. Многу брзаат да се омажат не само поради околината туку и поради страв и очај за да не останат сами, само за да родат без да размислат и за други последици ако не се спремни. Ама нема назад. Тоа е веќе друга тема.
Од дома ги учат дека жената е вредна само за раѓање деца и нејзиниот живот не вреди ако не се оствари како мајка. Дали е среќна тоа никој не прашува, дали е среќна во бракот исто никој не ја прашува, важно е да се оствари во животот како мајка и сопруга, а ако не е, колку и да си образована, успешна и самостојна те сожалуваат зошто не си мајка и сопруга, нели животот нема смисла ако не си мајка и сопруга. Истите тие жени што на млади години биле принудени од општеството да се остварат како сопруги и мајки, не се нашетани, не успеале да изградат кариера, се тие што на некој начин им љумоборат на овие другиве што животот го тераат така како што сакаат, а не како што им наметнува околината.
Мене ми е премногу срам, имав колешка на факултет беше со една рака, вдовица, плус со дете. Докторираше сама, сама се грижеше за се, просто беше и мајка и работник и студент и се. И замисли на таква да и кажеш во мкд како е, а верувај ми сите овие што не студираат и работат мажениве од на дм генерацијата имаат и две раце и две нозе, здрави прави, млади.. Имавме и друга, остана трудна ама беше во брак, вика се деси детето, ама толку прошетан пар не сум видела..Немаат ни 30, магистрираше, работат со маж и заедно,маж и и нејзините и кажаа ако се откаже од факултетот дека нема да и простат, по 3 пати одат на одмор, ама тоа е надвор од мк, кога кажував за девојкава сите ја плукаа.Ко 17 да има, средена, шетана, со кариери, ама се кладам дека ако беше во мкд немаше да се реализира. Јас не сфаќам што врска има детето со кариерата и шетањето, овде надвор од мк е поинаку, и овде има млади што раѓаат ама не се затвараат..дали е до мк дали е до самиот менталитет не знам..Еве колешка од факултет заврши со дете,пред короната (тогаш се унапредија на работа) беа 3 пати летото на одмор буквално и е исто ко пред дете. Инаку не ги прашуваат дали се среќни бидејќи сметаат дека жената од кога ќе роди веќе е во последен план и мора да трпи се за детето..т.е дека не е важна повеќе затоа Те разбирам, ама еве и да сака да работи каде по таквите мали места или да дојде во Ск пак кирии сметки.. Не знам не би можела заради околината да правам било што, а и искрено не знам што толку го тупат со деца и домакинство, не знам друга ваква земја
Цимерки ќе си фатам, ќе работам две работи ако треба, ќе живеам и во мала соба во стара зграда ако треба ама некој на сила да ме тераат, па уште од дома, тоа кај мене не бива. Решение се има, секогаш.
Твоето искуство е такво какво што е затоа што се дружиш со луѓе кои некако не ти одговараат по ниво на образование и животно искуство. Јас еве имам другарак на која свекрвата и помагаше со чување дете додека специјализираше и со второто и помага за чување за да се врати на работа после 6 недели од пороѓај. Таткото го чува детето (има помала плата од мајката па он користи породилно што е дозволено со закон) со помош од свекрвата, за мајката да може да работи. Имав студентка која остана бремена додека студираше и си магистирираше жената со мало дете. Свекрвата самата во 1970-те добивала слична помош од сите (па и од комшии) за да заврши факултет и специјализација со две деца. Така што се е до менталитетот, ама не е се така црно-бело во однос на земјата, туку во однос на тоа што се цени во неспоредната околина во која човекот расте и се развива. Имам чувсто сепак дека околината тука ти е навистина различна од она што тебе ти одговара и тие што ги нарекуваш другари се всушност познаници со кои нема нешто многу заедничко. Само не ми е јасно зошто тебе те погаѓаат зборовите на тие луѓе.
омг Апсолутно имање потомство се форсира во нашето општество, иако мислам дека со тек на време ќе легнат сите на брашното и ќе прифатат немање потомство како нешто нормално и легитимен избор на одредени партнери. СУПЕР дека ти и твојот партнер сте на иста страна! Голем проблем во врска е едниот ако сака потомство, другиот ако неќи. И то е најважно. Не е важно шо мисли Петкана и Трајко, важно е како вие со партнерот си го планирате вашето. Дур сте тука максимално игнорирајте такви контакти и кажете им јасно зошто ги игнорирате ваквите контакт, шо ви смета и кога би се вратиле на нормален контакт. Поставете јасни граници за да не зборат на теми кои ви сметаат. Е сега жити се кај живејш? Пошто имаш ситуации и имаш ситуации и твоите се некако премногу екстремни, толку многу шо не ми е јасно како постојат толку такви луѓе на мало место во твојата околина. Нормално, прашањето реторичко, не одговарај. Ме чуди пошто да, во мојата околина е нормализирано имање деца, и то се смета за норма ама ретко кој рано има деца. Ретко кој има над 2. Исто и земање жена на слепо во овај крај е карактеристичко само ако партнерите се веќе во поодминати години па „да не трошат време“. ВООПШТО не е пракса кај млади. Исто така ме збуна дека ти рекле да одиш да побараш помош оти неќиш деца. Ова го немав слушанто до сега. Велење нешто во редојте на: „ќе се каиш“, „ќе немаш никој ко ќе остариш“, „ќе немаш вода кој да ти подај“, да, ги имам слушанто. Ама „да се лечиш“ го немав слушнато втф. Шо крепи земјата крај краева. Ако ти е за утеха, терапевт нема да ти речи оти неќиш деца, избор е. И пак ќе речам, најважно е со партнерот да сте на иста страна, со никој друг. Вие два го прајте семејството, не пријателите и роднините. Ситуациите опишани ептен ме збунаа. Навистина. Али јбг, 100 луѓе, 100 искуства.
Навистина е греота вака што им прават, се надевам овој менталитет да се искорене Се замарав бидејќи најчесто први тие се зајадуваат и поствуваат дијагнози, и искрено да, веќе ни се познаници можеби и најубаво што се дистансциравме Партнерот ми е од помало градче, јас бев во Скопје ама заминавме надвор од мк на студии и ни се бендиса, останавме. Сега јас коментирав за мк дека се луѓето, не кај што сме сега. Искрено не знам како овој ја зема жена му на слепо, ама таа беше некаде од Валандово, Демир Капија некаде натаму од некое село. Дијагноза сум имала, закаснето мајчинство,заостанување во развој, едноставно не се пронаоѓам во тоа, ми се бендиса како е да сме сами и ми е убаво. Давање вода, чување, милион пати слушнати. Дури ми викаа друго е дете кога ќе ти заплаче дома,друго е полн стан,друго е да си скратиш удоволства и да бидеш созреан, тоа некако ме налути.. Дури имаше коментари дека 99% од разводите биле заради неможење да се роди, ама не сум правник и не знам дали е така
Сфатив дека е кога ќе си дојдите мкд. То не го менва фактот дека треба да поставите граници. Сите си бараме луѓе шо ни одговарат, ако не ни одговарат поставуваме граници за да најдиме компромис во пријателството и ако не ни оди - се разединуваме. Јбг.