@childfree сосема е нормално да не сакаш да имаш деца. Исто како што е нормално да сакаш. Дали ќе имаш деца или не, тоа е твоја одлука, а и на твојот партнер. Убаво е што двајцата имате исти гледишта за оваа работа. Знам како е да се соочуваш со некултурните прашања. Мене уште од моите тинејџерски години ме замараа со прашања од типот: 'Имаш дечко?', 'Зошто немаш?' Сега имам 22 години и се' уште немам дечко и убаво ми е. Имам други приоритети. Се согласувам со тоа дека со овие луѓе треба да си безобразна. Со некои луѓе не можеш културно да се разбереш. Тие не се свесни колку повредуваат нивните зборови. Тоа е проблемот.
Не е до менталитетот само, и до стандардот е. Имам факултет, разни лиценци, обуки, до усовршување, работам "добра" работа ама за со мојот факултет отприлика неможам многу повеќе да заработувам. Е сега ако не е решено станбеното прашање голем дел од платата ќе оди за кредити или кирии, па шетањето ќе биде сведено на летен одмор и некое кратко зимување. Не шетам повеќе зашто немам пари а не зошто имам деца. Ни како девојка не уживав во шопинг, сега помалку, ама се средувам, пристојно да изгледам. Не сум опседната ни со купување ствари за децата, демек тие на прво место. Колку што мора и за нив, играчки минимално, еве на бебето до сега 7 месеци една тропка сме купиле. Не ги чувам сама, па сум излегувала или сум патувала на ден два ако имало потреба службено, маж си ја чуваше ќерката. И убаво ми доаѓале тие денови одмор од дома сама, ама кога можам да бирам повеќе уживам кога шетам со семејството. Сакав да кажам, шетаат и овде родители и сами, ќе остават деца на баби дедовци, може и сиромаштијата е поголем проблем тука. Инаку, ако сте сигурни дека сами сте посреќни уживајте, нема потреба да се о јаснуваш на околината.
Од кај ги наоѓате бе луѓево? Јас или стварно не живеам во такво место или не се дружам со такви па не можам да разберам како баш сите луѓе ти го зборат истово и тоа во екстреми. Твое тело, твој брак, твое право, сакаш деца имаш, нејќеш- немаш. Е сеа мене ми боди у очи што ти со мислењава ги направи сите луѓе кои роделе малди или кои воопшто имаат деца, дека се прости, неиживеани, непрошетани и необразовани, барем мене така ми делува, не знам. Твој избор си е твој, си кажа и аргументи зошто нејќеш, некој од друга причина сака, може некому му била желба да влезе во брак на 20 и да има деца, може нив тоа ги прави среќни. И ти малце осудуваш.
Кога сакаш да се истакнеш во нешто, ќе ги најдеш. Кога ќе се облечам убаво и сакам сите да знаат колку убаво се облекувам, ќе ги посочам другарките што поима немаат од облекување или стално во едно исто се, за јас да бидам ко од Вог излезена. Ако околу мене има стварно ко од списание излезени, ама за нив ќе преќутам пошто не можам да се мерам.
Темава е уствари предрасуди од луѓе што не сакаат потомство кон луѓе што имаат предрасуди... Скроз се изгубив Значи рецепт за успех е 3 пати да се оди на одмор- оок За таа од Валандово, ете нема решение, ниту требало да се мажи, ниту работа би можела да најде...ништо, следниот пат нека бира кај ќе се роди Иначе стварно, само во мк се имаат деца и домаќинство, ние во странство сите по хотели живееме и цело време сме на одмор
Кутрите женички, млади се омажиле зашто останале трудни и сега во четири ѕида затворени думкаат деца и бел ден не виделе па им љубоморат на тие без обврски што се дотерани, изнашетани и што имаат муабет за диско, шопинг и клубови Ама тоа до менталитетот да ти било, тоа само во Северна го има, затуцани ниедни. Ако ми е убав животот надвор од кај затуцаните, имам партнер што е на иста бранова со мене сигурно дека ќе дојдам на форум и ќе се жалам како сите ми зборат дека сум умоболна и треба да се лечам зашто не сакам деца да имам. Нит некој има право да му каже на некој дека мора да има деца, нит некој треба да ги жали ''сиротите'' што млади се оствариле како родители. Секој за себе нек си гледа. Ту мач преувеличување, ама ај нек се отвараат теми за бош муабет. Во приказнава не се знае кој на кого му љубомори
На темата, баш не се знае кој кого оговара тука. Јас ако сум се решила да немам деца, никој нема ни да ми го смени мислењето, ни да ме навреди некако со некој него став. Заклучокот ми е многу енергија посветувате на што мислеле другите.
Ќе ти речев да не се замараш со другите, ама од сите твои напишани мислења само заклучувам како мислиш дека си посупериорна од сите други.Не знам дали во твојава средина се стварно толку заостанати или преувеличуваш, ама океј, ти си замислила дека после детето животот се упропастува и бегаш како ѓавол од крст.Мислам, нормално, твоја е одлуката, ама толку предрасуди се изнапиша што е многу иронично зашто темата ти е баш за предрасуди.
Предрасуди кон предрасудите на предрасудувањето околу немањето деца. Мене ми предрасудуваат затоа што имам жена за чување, за да можам да работам и да се посветам на себе. Како тоа сум била излезена, кој ми ги чувал децата. Зошто сум се дотерувала и шминкала, па мамичка сум била, не требам да идам да вежбам, на мамичките салце и подочњак им бил заштитен знак. Како сум можела да го остаам тригодишно дете кај бабата на недела дена кога бев работно во Словенија. И на крај ќе ми речат, блазеси ти. Мислам дека е тотално непотребно да им се посветува време и нервирање на неурамнотежени, неостварени, лути на животот во секоја варијанта луѓе. Ако нејќеш деца, апсолутно е ок да немаш.
Јас на пример не сакам да имам деца, тоа е мое право и колку и да ме нервираат предрасуди, се трудам да не си зимам при срце или да дозволам некој да ми го промени мислењето.
@childfree те читам во некои други теми... Не знам дали се колебаш за твојата одлука, бараш реторички совет или пак сакаш да наметнеш негативно мислење за жените кои се решиле да раѓаат. Не значи дека ако родиш, треба да се однесуваш како во куќен притвор, но не значи дека и ако не родиш, дека ќе живееш авантуристички живот. Сепак, тоа е индивидуално. И мене ме нервираат коментари од типот, што чекате, кога, зошто, јас на тоа одговарам, ќе го родам да заќутиш, ама после и да си го чуваш. После некое време, престануваат. Никој не ги гледа можностите кои ги имаш и дали си спремен и дали сакаш, што е најбитно. Никој не може мене да ми каже кога и дали треба да родам. Тоа е пред се одлука меѓу мене и партнерот, а не меѓу мене и моите родители, неговите, пријателите. Не го сметам ова како фрустрација, затоа што престанувам да реагирам на такви провокации. Така да ако целта во животот ти е авантура и кариера, твој проблем и твоја замисла, не мораш да се правдаш, ниту бедираш. Подобро без деца, отколку родител без љубов. Терај си го животот каков што си го замислила, отчет не мора да даваш никому. Затоа што на старост ќе ти останат само мемориите и да ги величиш правилните одлуки во животот.
Извини вака ама морам. Ај прашај ја природата за оние кои неможат деца да имаат. Едноставно некој не сака да има деца,не дека ги мрази. Нивно право е тоа,нивни живот. И јас мислам така за мене,дека ме создала да создавам,но ако не сака партнерката нема да мислам така. Ама јас,ти,тој,ние,вие,тие не сме да им кажуваме на другите за што се создадени. Ако сакаат ќе создаваат. Ако не нема и тоа е,толку е просто. Ова е од она типичното: Кога брак? После: Кога деца? Остана уште: Кога ќе умреш? Извини ама морав да те дебатирам.
Тие што те прашуваат и ти солат памет се дрски, неосетни и безобразни, а ти не си ништо подобра од нив. У реду е, не сакаш деца тоа е сосема ок и нормално ама што то е гајле па тебе кој кога се оженил/ омажил? Што ти е гајле ако на другите целиот свет им е во детето? Што ти е гајле што кој носи и облекува и дали истото го носи една сезона или 7 години? Што ти е тебе гајле кој какви проблеми има во брак? Се слушаш ли ти што зборуваш? Ти си бутнала нос во сечиј живот, па криво ти е кога истото ти го прават!
Незнаеш кој кого уговара во приказнава. Турлитава е Тие нејзе членкава нив и така во круг Темава да ја префрлат во трачарски муабети ако има таква
Точно така, тие што немаат деца или не можат да имаат не знам зошто трошат воздух на земјава, стварно не ми е јасно.
За сите ситуации има предрасуди и што да направи човек ќе се најди некој да соли памет. Ако имаш дете на 20 си млада, ако имаш на 30 си стара, ако воошто не сакаш дете ти си лош човек... Исто е и со бракот, ако се омажиш на 20 ти се брзало, а после 25 веќе си "стара чупа"....Ако се одлучиш да живееш за што ќе речат луѓето ќе треба во лудница да се сместиш. Живеј го животот како сакаш ти, треба ти да си среќна, нема да имаш корист од муабетите на народот ако ти не си задоволна со твојот живот. Можеби сега не сакате дете, подоцна ќе сакате,а можеби па никогаш нема да сакате. Лично јас сакам многу дете, мислам дека тоа е цела смисла на животот, но има луѓе кои не мислат така и тоа е во ред.Нема потреба ти да имаш главоболка поради твој личен избор. *Не сте психопати,чукнати
За себе. Со деца или без, живееш за себе. Ако тебе ти носат радост, на друг не му носат. Едит. Тие што сакаат, а не можат да имаат дете, значи сами да си се покопаат живи уште од сега? Што ќе им е животот а?
Никој не треба да живее само и исклучиво за децата. Децата еден ден ќе пораснат и ќе си одат. Секој треба да има живот и интереси и надвор од улогата на родител. Поинаку не би било здраво ни за родителите ни за децата.
Да баш така,тоа е точно И јас сум за тоа но за себе го држам тоа мислење. Но ете некој не сака да има,неможе. Секој си има некое свое мислење,што треба да се помириме со тоа.