Предрасуди кон луѓето што не сакаат деца

Дискусија во 'Психологија' започната од G_lgbt, 7 февруари 2021.

  1. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.836
    Допаѓања:
    15.735
    Пол:
    Женски
    Нит читав дискусија, ни па ме интересира. Си се изјаснив и не мора да ме цитирате сите ко бог знае што сум напишала. Индивидуално мислење е, ок?

    За себе посекако ќе се живее. За подолу цитираните.

    Ајт сеа. :d:
     
  2. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.148
    Допаѓања:
    17.548
    Пол:
    Женски
    Офф боже . . :drunk::drunk::drunk:
     
    На CameliaMiller, mode-kristina и Bezimenka90 им се допаѓа ова.
  3. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.836
    Допаѓања:
    15.735
    Пол:
    Женски
    Место ваков коментар, треба малку да сте флексибилни кон мислењата на другите. Ако тебе и било кој друг не му одговара коментарот, може да го скокне. @Guns N` Roses Од толку што "скокате" насекаде, еден ден и вие што делите исто мислење ќе си реплицирате контра. :d:
     
    На buba4e89, christinnn и SugarHoney им се допаѓа ова.
  4. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    40.119
    Пол:
    Женски
    А ти како си флексибилна кон мислењето на другите?
    За деца се живеело, за што друго инаку! Што кажуваш со тоа?
    И ако сакаш да не ти се реплицира на мислења, тогаш не го давај. На форум си.
     
    На CameliaMiller, mode-kristina и Bezimenka90 им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.306
    За тебе можеш да кажеш што ти е приоритет, за другите не.
    Не мислиат сите исто.
     
    На cresa-jagoda, CameliaMiller, haruki и 4 други им се допаѓа ова.
  6. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.330
    Допаѓања:
    8.673
    Пол:
    Машки
    Подобро дете за рака него ли куче за ремен :)
     
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.306
    Абе ти ако сакаш и десет деца имај... ама не можеш да зборуваш во името на 7 и пол милијарди луѓе и да кажеш дека за сите е поарно твојата преференција.

    Исто ко јас да речам, дека сите треба да се во отворен брак.
    Кај можам да кажам за сите?
     
    На cresa-jagoda, edna_malecka, Fallen.Angel и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.845
    Допаѓања:
    17.744
    Пол:
    Женски
    Подобро секој да си гледа работа, него ли да тресе глупости по форуми.
     
    На edna_malecka, Luminary, CameliaMiller и 14 други им се допаѓа ова.
  9. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    21.479
    Пол:
    Женски
    @childfree баш ми е мило што и двата се согласувате дека не сакате деца. Океј е, ваша одлука.
    Меѓутоа во твоите постови прочитав многу дискриминирачки ставови за оние што имаат деца и родиле релативно млади. Ептен надмен став имаш, ко ти да си нешто повеќе од нив пошто си шетала и си одела по одмори цело време. И плус ги направи децата како да се нешто шо само ќе ти цица енергија, не ги извади од уста пелените и плачењето.

    Немој да дискриминираш и да судиш кога веќе не сакаш и ти да си осудена.
     
    На cresa-jagoda, mssuniquee, Frosty! и 16 други им се допаѓа ова.
  10. SugarHoney

    SugarHoney Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2019
    Пораки:
    535
    Допаѓања:
    1.510
    Пол:
    Женски
    На work and travel кога бев имав цимерка од Словенија. До нас живееше млад брачен пар со бебенце кое одвреме навреме плачеше, што е и нормално. Цимеркава станува еднаш лупа по ѕид и вели еее така ти е кога незнаеш што се контрацептивни таблети и кондоми. Среќа па се воздржав.
    Имам забележано кај сите кои не сакаат потомство дека исто така покажуваат одбивност кон туѓи бебиња или деца кога ќе видат.
    Па не зборува за 7 милијарди луѓе туку ваквата мода од запад се шити. На истокот, особено Азија немаат баш такви ставови и начин на живот кој води до деградација на човечкиот род и култура.
    Отворен брак не постои. Бракот воглавно е производ на религијата и претставува заедница помеѓу маж и жена. За заедница во која секој прави што ќе му прдне не е лошо да се смисли друг назив. Наместо да се валка името на она што постои и е дефинирано што е и како е.

    Разбирам да не сакаат деца до одреден период или со причина дека немаат услови и слично. Ама општо да не сакаат тоа се должи на начин на живот или пак на некоја случка кога довела до огорчување и омраза кон деца. И сите кои не сакаат потомство се вадат на тоа дека треба да се изнаживеат пошто нема да се родат повторно. Но постои разлика помеѓу живеење живот на максимум и уништување на иднината.
     
    Последна измена: 7 април 2021
    На eliesaab и quattro им се допаѓа ова.
  11. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.845
    Допаѓања:
    17.744
    Пол:
    Женски
    Чија иднина уништуваат ако немаат деца? На човештвото? Тешко, со оглед на тоа што популацијата буши рекорди.
     
    На CameliaMiller, Celltica, Peperutce1115 и 4 други им се допаѓа ова.
  12. SugarHoney

    SugarHoney Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2019
    Пораки:
    535
    Допаѓања:
    1.510
    Пол:
    Женски
    Своја. А со тоа даваат лош пример на другите околу. Посебно помладите.
     
    На eliesaab и quattro им се допаѓа ова.
  13. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.845
    Допаѓања:
    17.744
    Пол:
    Женски
    Како поточно ја уништуваат својата иднина?

    Да се има дете ради реда, без желба е тоа што би им ја уништило иднината. А и иднината на тоа дете. Себично е да се тераат луѓето да имаат деца што не ги сакаат. Највеќе себично е баш кон тие деца за кои што се залагате. Да живеат со родители кои не ги сакаат. Сите осудени на мизерија за да се исполнат нечии туѓи желби.
     
    На cresa-jagoda, lovely91, smooch и 12 други им се допаѓа ова.
  14. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.465
    Секој има право да си одлучи дали сака да стане родител или не. За таква промена, освен финансиски треба да бидеме спремни и психички. Луѓето секогаш ќе наоѓаат за нешто да коментираат:
    Зошто сеуште немаш дечко голема си веќе?
    Зошто уште сега си фанала дечко многу си мала?
    Зошто уште не се венчате?
    Кога планирате дете веќе 47 дена сте во брак ајде побрзајте!
    Кога ќе добие малото братче или сестриче? И слично...
    Најбитно е да сме среќни со одлуката ние со избраниот партнер.
    Според мене и подобро е штом некој не сака дете, да нема.
    Во врска со членката што ја отворила темава, да не им се замараше немаше ни да ги зборуваш толку многу ни да им озборуваш приватни работи. Исто како што не сакаш тебе да ти судат, немој ни ти нив да им судиш. :mm:
     
    На cresa-jagoda, edna_malecka, lovely91 и 7 други им се допаѓа ова.
  15. La-loca

    La-loca Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    1.037
    Допаѓања:
    6.584
    Пол:
    Женски
    Подобро ако не сакаат деца воопшто да не раѓаат, него ли да страдаат после децата. Добро е што и двајцата имаат исти размислувања. Господ да дава на сите што сакаат, посебно на оние што сакаат а не можат
     
    На cresa-jagoda, edna_malecka, mode-kristina и 3 други им се допаѓа ова.
  16. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.404
    Тоа е твое мислење, што воопшто не го прави точно, ниту неточно. Но, ваков став не е е нешто поразличен од ставот на членката што ја отворила темата. Полни со предрасуда и навреда. Никој не ти го зема правото да родиш и десет деца ако сакаш, но не смееш да го спориш правото на жени кои се одлучиле да немаат никакво потомство. Еве ти учи ги младите дека мораат да раѓаат, макар неспремни, не сакаат, немаат финансии, затоа што така треба и без нив си уствари ништо.
     
    На cresa-jagoda, CameliaMiller, Herrera и 7 други им се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.306
    Не сум измислувала сега ново име оти тебе не ти се бендисвало

    Нема врска со никакво разочарување.
    Тоа само се обидуваш да сфатиш зошто некој не би сакал да има деца, оти тебе не ти е својствено таквото размислување.
    А многу е просто... како што повторив веќе сто пати на темава: Не размислуваат сите исто и не посакуваат сите исти работи. Што всушност е сосема нормално.

    Треба да се научите да ги прифаќате различните од вас, исто како што очекувате вам да ве прифаќаат.
     
    На CameliaMiller, haruki, mode-kristina и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.865
    Допаѓања:
    41.208
    Пол:
    Женски
    Јас лично, превртувам очи на наметнување на реториката дека секој треба само за себе да си живее, истакнување на себичноста на прво место, само за себе, себе и себе да се мисли.Ама нема везе.
    Но, да терам некој да раѓа деца со сила, да му солам памет, нема шанси, после истите што под притисок родиле огромни се шансите дека ќе бидат лоши родители.Доколку некој е доволно арогантен отворено да кажува дека мрази деца или не ги сака воопшто, многу лоша идеја е да му сугерираш да има дете.
    Плус, не знаете кој со што се соочува, дали е немањето деца заради некаква "мода" или нешто трето.
     
    Последна измена: 7 април 2021
    На edna_malecka, Celltica, mode-kristina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. SugarHoney

    SugarHoney Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2019
    Пораки:
    535
    Допаѓања:
    1.510
    Пол:
    Женски
    Па има луѓе кои велат сакам да се изнаживеам да пробам се, не сум стара ни ја фала богу искачам и се мешам со луѓе. Сака да проба се, да направи се што е забрането, да живее на максимум во некој свој свет, без да размисли дека тоа еден ден ќе се врати и ќе мавне по глава. Затоа реков дека има разлика од живеење на животот на максимум и уништување на иднината. Гости сме на Земјава и нема да бидеме долго овде, затоа не треба цел живот да целиме кон изживување и негрижа за иднината. Ако човек вечно има одбивност кон потомство тоа е проблем и не е природно. А ако времено не сака потомство тоа е ок бидејќи тоа е така бидејќи нема услови и слично.
    Е ај ти прифати дека одредени сакаат да живеат по традиционални вредности. Можеш? Не. Епа така и други неможат да прифатат разврат и се спротивно на нивното.
    Баш напротив. Јас не сум за тоа да се прават деца п осекоја цена. Јас сметам дека ако се нема услов дури треба и да им се забрани на луѓето се додека не создадат услов. Туку муабетот ми беше за луѓе кои општо не сакаат да имаат деца па дури покажуваат омраза кон туѓи деца.
    А инаку да оспорам ништо неможам ниту да забранам фала богу. Дискутираме само.
     
    На quattro му/ѝ се допаѓа ова.
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.306
    Прифаќам, еве.
    Реков некому да не сака да има деца?
    Не.

    п.с. и јас сум мајка.... ако не
     
    На SugarHoney му/ѝ се допаѓа ова.