Не ми пречи ниту ми менува нешто. Туку мислам дека се си има свое време. Такви сме од мајка природа едноставно и не треба ептен да бегаме од неа до тој степен што дури и туѓи деца да ни станат одбивни. Не ме афектира лично. Дискутираме. Зар само ако не афектира лично нешто треба да праиме муабет.
Зошто да не? Имаме ум и разум и имаме слободна воља. Не сме животни па да следиме само инстинкти. Не сме сите исти. Многу е просто.
Некои коментари на темава покажуваат уствари колку сме затуцани. Што ве боли онаа ствар дали некој ќе има, нема или колку деца сака и планира. Луѓе get a life, глејте си у вашиот двор и без претерани грижи за другите. Па уште и ќе се уништела иднината на човештвото бе, на планета што е пренаселена некои се засекирани како ќе биде у иднина. Ете вие имајте по 6 деца, таман да ја исполните квотата за оние што не сакаат.
Луѓе правете како што вие мислите,без да се навредувате. Секој си има различни гледишта на работите,секој различно размислува. Што е нормално тоа. Дај да се оправиме еднаш од ваквите препукувања,трачарења еден кон друг. 21век сме светот се качи на марс,ние сеуште живееме со предрасудите. Зошто немаш деца,зошто не се мажиш/жениш,зошто имаш 3деца како ќе ги гледаш. Животот е ваш и како сакате така ќе правите. Вие си знаете ама подобро е да се стави вода во огнот одколку бензин.
Тогаш зошто гледаш со чудење и имаш цврст став дека иднината на земјата зависи токму од тие што немаат деца? Не се сеќирај, едно семејство од мала етничка група надокнадува наредни три мои генерации. You are safe.
Да, но не до степен да се згрозуваме само затоа што одреден пар има дете и тоа плаче. Сепак до одреден степен треба да се има граница за се. Тоа секој да си прави што сака и како сака води до безредие. Бидејќи она што е добро за мене може да е лошо за тебе или обратно. Не за оваа ситуација конкретно туку за друго нешто на пример. Млад човек, вели сака да се изнаживее на максимум. Шета, пробува се и сешто, се изживува буквално на максимум. Годинките проаѓаат и што потоа? Што направил тој во животот? Ништо. Ќе си остане никој и ништо без никого покрај себе. Видикот треба да е поширок и се треба да си има свое време. Не е се во журките и јаките проводи и шетањето. Не се секирам за тоа. Напротив. Поентата на муабетов ми е карактеорт на поединецот кој покажува одбивност кон потомство па дури и туѓи деца, а не тоа дека ќе не нема или ќе изумреме поради тоа што некој одлучил да нема деца.
Јас сакам дете. Во иднина никогаш редовно не гледав партнер иако честопати, ама секогаш гледав едно дете. И то ми е желба, то ме рани и исполнува, само како желба а замисли да се исполни. Ама пошто мене ме исполнува, не можам да речам дека да ултимативна вистина и како треба да биди. Животот има смисла и со деца и без деца. Прво живееме за себе, после живееме за или без деца. Ако животот ти се сведи на родителство подготви се за пропаст кога детето ќе се оддели. Океј е да се држите до некоја норма. Ама вие исклучиво. Дали друг се држи до та норма и како си организира животот најмалку треба да ве засега.
Па го живеел како што сака, исполнето со убави спомени. Запознавал луѓе, не дека ако немаат деца веќе губат контакт со човештвото. Тебе тоа не ти е доволно и сакаш деца. Нив им е доволно и тоа е тоа.
Значи ако немаш деца си никој и ништо? И без никого. Аман бе луѓе, излезете од 19ти век. Децата се дел од животот, но не и цел живот. Кога ќе пораснат си летнуваат од гнездото, и човек пак останува сам/со партнерот. Ако сам не си го направиш животот исполнет, зарем ќе очекуваш твојата смисла за живот да зависи од детето? Секој има право на избор, да има или да нема деца. А наше е да се цивилизираме на едно повисоко ниво на свест, и да прифатиме дека сечиј избор, е негов избор, и ако за него тоа е правилно, што има јас да се грижам? Глејте си вашите дворови, и не осудувајте.
Ете не знаев дека следење мода од запад и разврат било секој да си прави како му е најубаво без да повредува други, а моралните вредности биле да си го пикаш носот секаде и да кажуваш дека апсолутно морало потомство да се има. Добро луѓе, не сфаќам стварно, why do you fucking care дали сака некој да раѓа? Став е да речиш "јас сакам деца, има луѓе што не сакаат ама секој си има различни желби и потреби и то е океј". Не било природно да не сакаш деца, не биле природни хомосексуалците, не било ова не било она, само вас тоа што ви одговара е природно и најдобро за сите. Така а? Ова твоево е многу широк видик. Значи ние не вредиме и нема за што да живееме ако немаме деца? Ами оние што не можат да имаат, нека се убијат? Не знам оти сфаќате дека тие што немаат деца или сѐ уште не сакаат животот им е само шетања и журки. Исто ко овие од другава крајност што мислат дека ако се омажиш и родиш од дома нема да излезиш и да се дотераш некогаш. И децата ќе си одат еден ден, пак ќе се остане само со партнерот. Убаво е да се има и други желби, интереси и амбиции што не ги вклучуваат децата.
А зошто мора да сака туѓи деца? Јас лично, ги сакам и толерирам децата од моја фамилија, за другите многу не ме интересира. Не ги мразам, но не сакам да имам интеракција. Децата се дружат со деца, како моето присуство или отсуство афектира туѓо дете? Како тоа проценуваш карактер на човек ако не сака да има комуникација со туѓи деца?! Друго, тоа што ти имаш замисла дека животот се состои само во образување на семејство, притоа ништо друго не е битно, не значи дека тоа е апсолутна вистина. Секој за себе си живее како си замислил. Да, мене ми е битно да се изнаживеам, да правам глупости, да го зграбам и тој еден живот што го имам. Едноставно уживам да бидам ,,зелена". За се има време. И буквално е моја работа како ќе си го осмислам животот. Ако ми се раѓа, ќе раѓам, ако не, тоа е тоа.
Постои разлика помеѓу правење убави спомени и уништување на својата иднина. Огромна разлика има. А ти why do you fucking care што јас мислам и какви ставови имам? Мора да си го бркнеш носот секаде ти, покуса да не останеш. Веројатно си толкуваш по свое а не онака како што пишав. Прочитај се по ред уште еднаш па цитирај за да нема вакви испади. Не да сака, ама не да се грози кога ќе види дека бебе плаче и да мумла како требала контрацепција и кондоми да користи мајката. Никој не ви наредува ниту може да ви нареди дали да раѓате или да не раѓате не вртете тема и не се претварајте веднаш во жртви. Муабет правиме, толку. И пак не ме сфати иако 5 пати кажав дека постои разлика од живеење на максимум, правење спомени и уништување на иднината и животот.
Да се надоврзам на ова за да не се повторувам. Јас лично не сум баш многу голем љубител на мали дечиња, т.е. немам многу трпение и желба за да си играм долго време и слично. Така е моментално, можеби во иднина ќе се променам. Сакам да кажам, не сум баш најдобра дада или тетка што може да си игра со малите, за краток период не ми е проблем, а сепак една ден сакам да имам свое дете. Не значи ако не сакаш многу да се дружиш со туѓи деца и да ги чуваш дека не сакаш да имаш свое еден ден. И како крај на светот да е ако некој не сака да има дете, па уништување на иднината и на наталитетот, па не знам што..
Убаво ги прочитав твоите "ставови", патем директно ти се обратив само со еден пасус, не цело мислење. Ти ги осудуваш тие што не сакаат деца дека не биле природни, си го уништувале животот и иднината, немало за што да живеат ако немале деца, не бил животот само за журки (точно дека не е, ама и тие што немаат деца си имаат свои желби и амбиции). Јас не си го пикам носот бидејќи сметам дека секој треба да живее како сака сѐ додека не повредува свесно никој. Ама не можам да замижам кога некој осудува други луѓе што немаат исти замисли како него, а не влијаат никако на никого со тоа. Сакаш имај ги 10 ако имаш услови, сакаш ич, не е моја работа.
Па постои де, нормално. Ама уште не сфаќам како си ја уништуваат иднината. Само во болдираниот дел се согласуваме. Не знам зошто секогаш синоним за луѓе што не сакаат деца ви се журки и проводи. Да, можат да бидат дел од тоа. Можеби само се излежаваат и не мрднуваат од дома, може се цело време ангажирани во добротворни организации и помагаат на луѓе. Секој си живее за себе и не може некој друг да му каже дали е успешен или среќен. Индивидуални цели и индивидуални чувства.
Па не ми е пријатно да слушам туѓо дете како плаче, особено ако сакам мир и тишина. Тоа нема врска со муабетот дека мајката требала да користи контрацепција. Значи всушност, оние што имаат деца, имаат целосно право да ги пуштат децата да викаат, пискаат, бељи да прават на места каде што си присутен и не можеш да заминеш. Не знам како да објаснам, дека постојат луѓе како мене, што си сакаат непречно да уживаат без да им биде нарушена атмосферата. Не значи дека ќе станам и ќе преречам, или ќе дофрлам на мајката или децата, едноставно и просто, комоција треба да се гледа обострано. Тебе ти е задоволство некој да ти вика над глава, мене воопшто не ми е. Што злосторство има тука? Пак ќе кажам, да ми се фамилија, се трпам и обожавам интеракција, во спротивно ништо не морам и не е кривично дело. Ти и 5 пати да објасниш, пак не разбирам, како некој си го уништува животот и со што? Некој што нема деца може да живее поквалитетно пример од тебе што имаш. Како тврдиш, еве јас како афектирана, дека не си го живеам животот и си ја загрозувам иднината. Мене ми е супер, да се родам пак, нема да сменам ништо.