Пред еден месец го оставив алкохолот, дали е време да ги оставам и цигарите?

Discussion in 'Психологија' started by Igor80, Jul 13, 2022.

  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Joined:
    Apr 27, 2018
    Messages:
    37,714
    Likes Received:
    283,303
    Зависност е.
    Болест на зависност.
    Некои луѓе се посклони кон зависности, некои помалку.

    Кај нас воопшто не се сфаќаат сериозно зависностите од легални наркотици.
    А во нив спаѓаат и цигарите и алкохолот.
    Цигарите се една од најчестите прични за компликации и рана смртност.

    И точно е дека чим еднаш си зависник - засекогаш си зависник.
    ...дури и кога не го конзумираш одредениот наркотик, бидејќи борбата е секојдневна и тешка.

    Треба да откриеш кои ти се тригери (стресни ситуации) кои те 'тераат' да конзумираш наркотик, а за тоа ти треба и стручна помош од психијатри/психолози.
    Така полесно ќе можеш да се избориш со компулсивноста.

    Еве ќе ја повикам @Cosmic Girl
    Психолог е и многу детално објаснува.

    *Заборајв најбитното!
    Мора да запамтиш дека не си сам во оваа борба.
    Милијарди се бориме со некаква форма на зависност :hug:
     
    Cosmic Girl likes this.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Joined:
    Apr 27, 2018
    Messages:
    37,714
    Likes Received:
    283,303
    Вакви муабети, ич не помагат!

    Само ќе им набиеш вина, ќе се чувствуваат полошо и уште повеќе ќе сакаат да 'заборават'

    Имајте на ум...
     
    Cosmic Girl, Ouravanture and minne992 like this.
  3. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Joined:
    Jan 20, 2020
    Messages:
    2,374
    Likes Received:
    9,351
    Gender:
    Female
    Многу луѓе се борат со некој вид зависност.
    Многу од нив не бараат помош.
    Многу од нив не признаваат пред себе дека имаат зависност.

    Сакам да му кажам на @Igor80, членот што ја почнал темава, дека самото тоа што си стигнал до откажување од зависноста си поминал голем и битен дел од процесот.
    Одвикнувањето е репрограмирање на мозокот. Со супстанцата која се злоупотребувала во мозокот се случуваат промени кои колку подолго траела таа злоупотреба толку тие промени се подлабоки и потешки за надминување. Затоа и "репрограмирањето" ќе биде подолго и помачно.

    Еве една проста аналогија: Замисли си дека мозокот е дива вегетација и низ неа била направена патека од што често била поминувано низ неа, а сега треба да направиш нова патека и да ја утабиш подобро од првата, да дозволиш првата да се обрасне повторно зошто не се гази повеќе. Колку поадиктивна супстанца и колку во поголема доза била земана толку поутабана патека треба новата вегетација да покрие.

    Физичките промени се едната страна од зависноста. А секоја зависност има и психички причини зад себе.
    Психотерапијата помага во надминувањето на психичките фактори кои стојат зад злоупотребата.

    Со помош на психолог може да се научи како функционира механизмот на зависноста, зошто некои тригери ни се тригери, да се препознаат и да се разбере како водат до посегнување по супстанцата што е штетна. Помагаат да се разбере подобро сопственото однесување едноставно, а со тоа да се научи човекот како непожелните облици на однесување да ги избегнува успешно.

    Иако последиците од т.н. тешки дроги се подеструктивни сепак лесните дроги мислам дека се многу потценети. Како што рече @WildMk се е тоа иста болест-зависност.

    Ќе продолжам на нов пост. Темава е пресериозна и премногу битна.
    Заслужува да и се обрне поголемо внимание.
     
    Igor80, WildMk and cresa-jagoda like this.
  4. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Joined:
    Jan 20, 2020
    Messages:
    2,374
    Likes Received:
    9,351
    Gender:
    Female
    Психологијата и психијатријата се прилагодуваат кон модерните научни сознанија и еволуираат заедно со промените во човештвото. Затоа со тек на време се апдејтуваат и психијатриските прирачници.
    Мислам дека допрва ќе следуваат промени во тоа како се сфаќаат зависностите и дека во оваа категорија ќе има уште некои проширувања а односот кон се она што ствара адиктивност ќе биде се построг. Независно од движењата за легализација на некои супстанции, ќе видите дека ќе почне да се крева се повеќе свеста за нови и нови супстанции кои ствараат адиктивност. А зависноста ќе опфаќа и се повеќе нешта кои не се супстанции а кои ствараат зависничко однесување. Зашто механизмот е ист. Ќе дојде време кога и некоја храна ќе биде третирана како цигарите денес. Кофеинот одамна во таа категорија. Погледнете што се случува со шеќерот. Се повеќе се пишува дека белиот шеќер и алкохолот имаат ист ефект врз црниот дроб и дека и двете злоупотреби можат да предизвикаат замастен црн дроб и негови заболувања како цирози, поголем ризик од канцери, прерана смрт...

    Погледнете наназад како се сфаќале лесните дроги и како тоа се сменило во различни временски периоди. Како сеуште и денес има разлика од земја до земја и од култура до култура.
    Еве нека е примерот со никотинот:
    Знаете ли дека постои мислење дека зависноста од никотин е една од најтешките за надминување. Тоа не е само заради физичките последици, туку и заради тоа колку длабоко била вкоренета во нашето секојдневие гобално.
    Пост втората светска војна цигарите биле многу користени, лесно достапни и ефтини. Земјите кои одгледувале тутун се кренале економски и со производство на цигари. Цигарата била пријател. Била моден тренд. Се пушело слободно насекаде, небитно дали е затворен простор. Секојдневна навика толку навлезена во секојдневниот живот што речиси и да немало човек што барем еднаш не пушел цигара во животот. Сите растеле во дим, било свој, било од туѓи цигари.
    Јас сум дете од осумдесетите, од родители страстни пушачи и во својата 7 деценија. На мене ми се чуделе врсници како е тоа можно да не сум пробала цигара ниту еднаш во животот. Ми ја давале и сум ја одбивала. Кажете ми како е тоа нормално да пробаш цигара а не е нормално да не пробаш.
    Кажете ми која е таа луда логика?

    Е арно ама, пред некоја деценија до две, поразвиените западни земји се соочија со последиците кои пушењето ги оставија кај долгогодишните пушачи. Астма, канцери, белодробни заболувања, зголемени ризици од кардиоваскуларни болести, инфаркт, смрт. Цигарата од злато стана трошок што го оптовари здраството. Почнаа кампањи против никотинот.

    Тутунската индустријата е сеуште моќна, цигарите не се забранети.
    За разлика од некои други супстанции, тутунот е легален. Со таа разлика што ете трпат некои построги ограничувања и контроли.
    Во Америка на пр. осигурителните компании кога даваат животно осигурување пушењето го вклучуваат во ризик и не им покриваат одредени трошоци на пушачите. Државата веќе не стимулира пушење како порано.

    Или алкохолот:
    Појдете од тоа дека во нашата земја дома го дестилираме и произведуваме! Секој има лозје, лози, казани. Тоа е доведено до ниво на традиција, нешто многу вредно и нешто што е убаво.
    Нормално е да се пие една пред оброк. Нормално е да се пие со друштво, не е нормално да пиеш безалкохолно.
    Прав маж пие алкохол ако не пие го прашуваат дали е болен?!
    Кога е алкохолот од најмала нога присутен во животот, претставен како нормален и кога се смета дека последиците од него се no big deal, детето е десензитивизирано на него. Просто не знае за друго некое лошо искуство, зошто нема за пример такво искуство. Детето кога ќе порасне ќе смета дека нема ништо лошо ако проба. Ќе проба. Некој од нив и ќе се навлече, особено ако му се погоди да нема лошо искуство под дејство или ако има предиспозиции за адиктивност.

    Поверојатно е дека таков no big deal пример од постарите ќе создаде иден алкохоличар него ли некој екстремно негативен пример како на пр. насилен пијан родител кој дома малтретирал и кршел.
     
    Angie1432 and Igor80 like this.
  5. Igor80

    Igor80 Активен член

    Joined:
    Mar 11, 2022
    Messages:
    31
    Likes Received:
    62
    Gender:
    Male
    Откако го пишав тој очаен коментар мислев дека ќе се проемнам дефинитивно не пред неколку дена повторно истото. Само едно знам имам еден основен проблем а тоа е алкохолот, друго се е второстепено, ако не е алкохолот јас никогаш не би ги направил тие работи што ги правам после 5 пива.
    Инаку 1 месец намалив со цигарите на минимум поминував со 2-3 цигари на ден, почнав да спортувам да трчам, да се качувам по планини преубаво се чуствувам влегов дури и во добра кондиција, но се се руши кога ќе се напијам алкохол, како цел свет да тоне позади мене. Не се откажувам од себе кондицијата и моето ново хоби за спортување не може да се избрише со едно опивање но чуството на разочараност останува.
    Тешко е кога сам си плукам на својот труд и својата среќа, толку ми е убаво кога трчам од 800 м на почеток сега трчам по 2-3 км во континуитет, почнав и по здрарво да се хранам но тоа што го правам кога ќе се опијам ме разочарува и депримира мног.
     
    Cosmic Girl likes this.
  6. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Joined:
    Jan 20, 2020
    Messages:
    2,374
    Likes Received:
    9,351
    Gender:
    Female
    Нема потреба од разочарување од себе кога во момент на слабост се посега по она што не треба. Луѓе сме, не сме совршени. Кога се бори човек со зависност, тоа е неминовно.

    Сите прават грешки. Секој понекогаш ќе се сопне и ќе падне.
    Работата е кога ќе паднеш да не се разочараш што си се сопнал и си се опружил во правта, туку да се сетиш дека во секој момент може да решиш да станеш, да ја истресеш правта од себе и да продолжиш да одиш.