Презгодните жени преголем залак за мажите?

Дискусија во 'Врски' започната од doll, 30 декември 2009.

  1. doll

    doll Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    101
    Vaka...mnogu razmisluvam na ovaa tema,pa eve me interesira kako razmisluva ostanatiot del od zenite??? Vi se slu4ilo li nekogas koga vi se dopaga nekoj tip,i znaete deka toj den ke go sretnete...sedite pred ogledalo 24 casa ste se doterale,nasminkale, sredile peerfektnoo i izgledate....just wow! :o site po ulica se vrtat po vas, preezgodnii ste i svesni ste za toa, okolu vas slusate samo komplimenti...samo on e ramnodusen! :twisted: Pa, ne vi doaga li da ispukateee????!!!! :evil: Onaka ve pogledna ednas,mozebi dvapati beznacajno i nisto onaka e laden ko kamen ! :?
    Moe li4no mislenje e deka ne mora sekogas da se raboti za nezainteresiranost! Imam mnogu maski prijateli,koi gi slusam kako za nekoja devojka zborat kolku e zgodnaa kolku e toopp a koa ke ja vidam onaka izgleda bezmalku prosecno! :? Devojka kakava mozes da sretnes sekoj den po ulicite. Jas mislam deka koga mazite ke vidat nekoja "namontirana" devojka deka bezmalku se plasat da i dadat do znaenje deka se zainteresirani, ili da i prijdat-seedno.Se od toa deka im se namaluva samodoverbata i mislat deka ne se "dovolno zgodni" z anas..ili ne znam sto.....Bas me interesira kako vie razmisluvatee??? :P
     
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    6.735
    Допаѓања:
    75.775
    Машките сакаат обични девојки,ненамонтирани.За авантура од една вечер можеби намонтирана,но за долга врска и просекот успева,па дури некогаш и под просекот.Површноста отпаѓа од старт и целиот тој спарклинг ефект создава слика дека самата девојка е површна.
    Јас,напротив,не сметам дека се преголем залак,туку баш достапен и мал залак кој ќе ја залаже гладта само за вечерта,ако е тоа се што таа девојка е способна да направи.Тоа остава впечаток дека е достапна и отворена.Зборувам за евтините варијанти,да не се изразам глупаво,изглед како за во плејбој магазин,па дури и да е малку поневообичаен за таа девојка и оддава дека навистина се потрудила,па дури и претерала,го дава истиот тој впечаток.
    Од искуство,сфатив едно,ако сакам вистински да ме почитуваат,освојувам и се однесувам како што чувствувам,а веќе кога е таква темата,изгледам природно и како што се чувствувам од внатре,својски во оние партали кои ги носам секојдневно.
    Големината на залакот ја гледам во реализираноста на личноста,здравиот разум,способноста да се бори,да биде храбра и да не и треба маж за да биде силна.Големината на залакот ја гледам во она чудно нешто,наречено харизма.
    Треба многу повеќе за да се освои нечие срце и рака им давам на оние мажи што не одлепуваат само на фино и ексклузивно дотерани девојки зошто ги вади од толпата напаленковци и површњаци.

    Јас се плашам од мажите што се преголем залак за мене,па си викам ееех за да одржуваш ваков маж треба да си попаметна и поспособна од него уште сто пати.
     
    На tessie, Tanjamm и Barbie-mwa им се допаѓа ова.
  3. marijaz

    marijaz Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    189
    Пол:
    Женски
    Презгодните жени преголем залак за мажите.. баш така!! 99% е така!! денес во овој свет само убавина и згодно тело се гледа. за жал така е ..
    прво да се види дали е убава и згодна, после паметна!!
     
  4. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    767
    Ако добро сфатив темава не беше за тоа девојката да биде провокативна и да изгледа како да оди на некоја фотосесија за некое списание туку за згодна девојка со природна убавина, облечена сосема пристојно која оддава впечаток на вистинска дама и која не би можел да ја помине секој.
    Да, многу мажи се плашат од ваквите девојки и не им приоѓаат од страв дека ќе бидат откачени а со тоа значително би им се намалила самодовербата.
    Од друга страна обично ваквите девојки навистина имаат и нешто повисок критериум при избор на партнер но сепак кога би била машко би си ја пробала среќата. Не ги сфаќам момците зошто не се обидуваат ако навистина им се допаѓа. Па не е крај на свет ако ги одбие... :wasntme:
    А за тоа дека се гледа само убавината не би рекла. При изборот на партнер/ка убавината е само еден дел кој го привлекува на почетокот нашето внимание но има и многу други работи кои се гледаат потоа... :)
     
  5. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    558
    Маж кој кај жена ја гледа само убавината, тоест дали е згодна е несериозен во своите намери. Тој мисли дека згодните жени се подобри во сексот, само затоа што изгледаат провокативно. Оној кој сака жена за цел живот покрај себе нема да ја гледа само надворешната убавина, туку и внатрешната. Колку и некој да вели дека не е така, така е. Секој маж сака домакинка во кујна, а к*рва во кревет. Нема да му биде на ниту еден од нив сеедно доколку жена му само се дотерува, шета и троши пари.
    Оној кој не сака врска туку само секс, нормално дека ќе гледа да зграби што подобро парче.
    Не се притресувам премногу околу тоа, зошто штом некој е таков не ми е потребен. Не битно дали сум згодна или не, на некој ќе му бидам нај згодна, нај убава....На некој колку и да сум убава, нема да му се допаѓам.
    Жената не се цени според изглед, па затоа и не ми ласка воопшто ако некој ми каже дека сум згодна.
    Мажите биле такви и ќе бидат, секако со чест на исклучоците, за кои верувале или не се почесто ги наоѓам. Во друштвово сите сме да кажам нормално убави, нема некоја која е да речеме преголем залак, па пак сите сме во среќна врска.
    А жена како жена е итра, знае како да го добие она што го сака од еден наивен маж. Жалосно ама обично таканаречените презгодни жени се наивни, а мажите користат. Него не се они виновни, туку на маживе сироти толку им сече.
    Така да, ова воопшто не ме плаши. Ако сака таква слободно нека си ја бара. Секој го добива она што всушност го заслужува, на крајот.
     
  6. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.603
    Значи најбитно ми е девојката да биде интелегентна, паметна и страшно ме привлекува ако е добар оратор со огромен вокабулар (се разбира и на човек да личи).
    Слатките и провокативните се само нианса различни, скоро идентични, затоа нема некоја разлика во анкетата.
    Слатките девојки можат да провоцираат , односно провокативните можат да бидат слатки.
     
    На glosipgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  7. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    1.910
    Допаѓања:
    24.311
    Пол:
    Женски
    А ако е само згодна,наместо презгодна со малку незгоден карактер тогаш каков залак е ? :D
     
  8. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.603
    Ке се најде некој и за таква,за секоја си има некој тип што ке си одговараат.
     
  9. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.179
    Допаѓања:
    16.559
    Пол:
    Женски
    Значи не е толкaв фактор што некое/ја машко/девојка поседува, туку колку се опседнати и свесни за истото. Вчера пример во темата за што најмногу ги привлекува жените кај мажите, пишував за тоа од друг агол, дека има разлика меѓу дечко со многу пари и дечко опседнат со пари без разлика дали ги има или нема.

    Истото и тука ќе го речам. Има згодни девојки кои не се опседнати со својот изглед и се убав подарок во едноставно пакување. Едноставна, се средува, со стил, не се запушта, но не се замара премногу со изгледот. А го има и обратниот случај.

    Така што според мене, не презгодните девојки, туку девојките кои се претерано свесни и опседнати со својот изглед се, не преголем залак за мажите, туку непотребен залак за мажите, ако освен изгледот нема што друго да покажат, a кога машко ќе ги види така претерано намонтирани уште веднаш си добива некој прв впечаток и ретко кој е доволно смел да продолжи со следниот чекор.

    Ова е мое мислење.
     
  10. snejk35

    snejk35 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2013
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    33
    Muskite koga izleguvaat u setnja...primetuvaat dve vrsti na devojki....semagiki i slatki.....nikoj ne go intetesira nejziniot karakter u start i dali e pametna.....
    devojki sto komuniciraat so sto muski u vecerta...ili ako ides na stalni mesta pa ja gledas deka komunicira so kup muzi...odma gi stavas u one night stand......sex...i zaebancija...nema vrska dali e do tolku namontirana ili ne...a devojki sto se namontirani eptem...ke se furaat vela vecer i na kraj...stalno se u drustvo so head and shoulders tip...posto nikoj ne im se pustil...ili pocnsle da delat selski korpi na sve po red...pa posle nikoj ne im se pusta.....i na kraj neminovno doaga tipot so iq low...i on se pusta...i ne svaka deka go korpira deset puti...i ostanuva u nejzino drustvo....zborime za club sema..a drugo e namontirani u nekoj kafici....kade icekuvaat bogat lov....:D.....


    a muskite sakaat slatki devojki...na koi ke imprijdat ke si napravat muabet...

    moram da idam...ke produzam posle
    [mod-kirilica:2hpqfi2l][/mod-kirilica:2hpqfi2l]
     
  11. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.196
    Допаѓања:
    4.973
    Машките се плашат од презгодни женски. Си мислат дека одма ќе добијат корпа, па не се ни обидуваат. :wasntme:
     
    На marijaz и srcekrsacka им се допаѓа ова.
  12. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.149
    Се зависи од тоа како се однесува таа жена. Ако е убава и згодна и плус кокетира со сите, наоколу им се смешка на машките, разговара и како случајно да ги допира, е таа на сите им дава сигнали дека е лесна и дека не е преголем залак. Ма колку и да го прави тоа наивно таа си е лесна женска. И затоа има најмногу додворувачи. Бидејќи самата им праќа такви сигнали дека е расположена за забава.
    Вистински тешкиот залак не се залетува да им се смешка на сите машки. Бидејќи нејзе не и е потребно сите да ги освојува. Нејзе не ни и е потребно да освојува. Нејзе сакаат да ја освојат.

    Дали некој е преголем залак или не зависи од карактерот на личноста. Не од тоа дали таа е згодна.