1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Презимето по развод

Дискусија во 'Брак' започната од mama32, 18 февруари 2013.

  1. mama32

    mama32 Активен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2012
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    9
    Навистина не знам што да правам со презимето. Го земав неговото за да бидеме Фамилија "таа и таа" и да си бидам исто со децата. И некако ми легна,го засакав...а и сите во деловниов свет поготово ме знаат така....и сега незнам што да правам....ич не ми се враќа старото...не го ни обожавав баш....пре би смислила некое ново неутрално за сите тројца....ама поголемово дете веќе си го знае презимето....а го знае и моето...па како ќе му објаснам било каква промена...да не му биде траума...ептен сум на мисла што е најдобро за сите...
     
  2. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.249
    Допаѓања:
    122.823
    Јас не сум била во ситуација да носам ваква одлука, ама сум размислувала на темата и мислам дека и да се разведам би го задржала презимето. Ова е само претпоставка, не знам, можеби кога би била во таква ситуација презимето би ми станало одвратно.

    И јас се омажив релативно млада и сега кога ќе најдам стари документи просто чудно ми паѓа моминското презиме. Навикната сум на ова што го носам веќе девет години и си го сакам. И мене ме знаат по ова презиме, иако не мислам дека е тоа некој проблем - многу жени менуваат презиме, која поради брак која поради развод.

    Затоа мама, искрено не знам што да те советувам, освен тоа да направиш како што мислиш дека треба. Ако не ти се враќа и не мора да се вратиш на старото. Ако не ти пречи да го носиш неговото, зошто да не го задржиш? И опцијата со трето треба да се разгледа, да ја провериш процедурата, и за тебе и за децата. А и да сте со различни презимиња ти и децата не е нешто невообичаено. Не верувам дека на детето би му била посебна траума, само треба да му се објасни убаво. Според мене поголема траума можеби би му било тоа што татко му веќе нема да живее со вас, отколку различните презимиња, ама пак ќе кажам, ова се само претпоставки. А и верувам дека нема правило за вакви работи, секој ги доживува различно.
     
    На rose60 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.775
    Допаѓања:
    22.413
    Пол:
    Женски
    Мама32, јас на твое место не би си го менувала презимето.
    Ем си кажа сама, ем не ти било нешто драго моминското, ем сакаш да си имаш исто име со децата нормално. И штом веќе и во деловниот свет те знаат по другово презиме, мислам дека глупаво е да го смениш, ако си у бизнис светото може и да ти наштети дури.
    Не е срамота нит е лошо, едноставно гледај на тоа дека нема да им правиш на децата уште поише конфузии.
     
    На rose60 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. pile_kiki

    pile_kiki Активен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2019
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво, сакам да прашам дали може да се избрише презимето од првиот брак во изводот од матична книга на родени?
     
  5. Eni.r

    Eni.r Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2018
    Пораки:
    756
    Допаѓања:
    1.825
    Пол:
    Женски
    Колку јас што знам кога го менуваш се менува секаде во сите л.документи
     
  6. pile_kiki

    pile_kiki Активен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2019
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    На личните документи е сменато, но во изводот на матичната книга на родените си стои подолу во графите на предходни презимиња
     
  7. Eni.r

    Eni.r Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2018
    Пораки:
    756
    Допаѓања:
    1.825
    Пол:
    Женски
    Е тоа мислам не може
     
  8. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.005
    Допаѓања:
    35.872
    Пол:
    Женски
    Зошто да се избрише? Институциите работат по процедура, а не по желба на граѓаните.
    Тоа е официјална документација која се води според постапката за промена на презиме (моминско, по склучување на брак, развод) и секоја промена се евидентира.
     
    На SummerGirl и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  9. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    13.776
    Допаѓања:
    25.452
    Пол:
    Женски
    Сум забележала дека почести се жените кои не менуваат презиме после развод. Причина - мора одново да се менуваат документи, што доведува до малтретирање.
     
  10. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.699
    Допаѓања:
    5.189
    Други и поради децата, за да имаат исто презиме како децата.
    А и кога веќе еднаш си променил презиме што има врска како ќе остане. И јас не би менувала после развод, многу бирократија за ништо.
     
  11. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    13.776
    Допаѓања:
    25.452
    Пол:
    Женски
    Јас не би го оставила ако веќе не сум негова сопруга.
     
    На Vip83, poenta и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  12. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.005
    Допаѓања:
    35.872
    Пол:
    Женски
    Не е многу бирократија, само што административците не се ажурни за да ја завршат постапката во потребниот рок.
    Од мое искуство, целата процедура траеше 7 месеци, а причината беше пробивање на законскиот рок од страна на судот од 30 на 60 дена.
     
    Последна измена: 25 јуни 2019
    На SummerGirl и violetblue им се допаѓа ова.