1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Прекин за да се "изживееме", па пак заедно?

Дискусија во 'Врски' започната од Seli20, 11 јануари 2018.

  1. Seli20

    Seli20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2016
    Пораки:
    588
    Допаѓања:
    420
    Пол:
    Женски
    Не знам баш дали го погодив насловов, па еве ќе пробам да објаснам.
    Во врска сме 9 месеци, се сложуваме, гледаме заедничка иднина, но наскоро тој ќе оди во странство на 6 месеци. И сега мене ми се врти низ глава дали би издржал он 6 месеци без секс? Јас бев во странство 1 месец и сега кога се вратив ја начнав темава и како на шала рече дека поминал само еден месец без секс, а он веќе прегорел. Друга работа е што он е искусен, навикнат е на редовен секс, а мене ми е прв и го немам тоа чувство дека не можам без секс подолг период. Но, јас пак сакам да пробам како е да се има секс со друг, да остварам некои фантазии кои не би можела со него. И сега добив една налудничава идеја. За тие 6 месеци да прекинеме, да си дозволиме да се гледаме со други, но само за секс. Зошто да си скратуваме задоволства, па животот е еден. Но, секако тука почнуваат прашањата што доколку после ова повеќе не е исто, што ако тој или јас се заљубат во тој друг/а? (Од помислата дека он би се заљубил во друга ми се повраќа, светот ми се руши а да ебе некоја за една вечер без емоции не, mindfuck). Кои се вашите мислења на темава?
     
    На Aleksandar1212 и Lolo5 им се допаѓа ова.
  2. Seli20

    Seli20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2016
    Пораки:
    588
    Допаѓања:
    420
    Пол:
    Женски
    Hm.. anyone?? Help :D
     
  3. macii7

    macii7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2015
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски
    Не верувам во паузи поточно не верувам дека врската би функционирала исто доколку се направи пауза.
    А за сексуалните фантазии,како не можеш да ги оствариш со него,како не можеш да му кажеш него што сакаш ти,ако не разговарате искрено на таа тема а и на секоја друга,врската не е успешна.Партнер е да споделуваш се со него па и да остварувате сексуални фантазии.
    Можеби си со послободни сфаќања па не би ти пречело да има секс со некоја само за една вечер а потоа да продолжите вие нормално.
    Во врска сте само 9 месеци што не е голем временски период,но доволен за да се запознаете меѓусебно и без срам да ги кажувате работите за кои пред други би ви било непријатно да ги кажите. :)
     
    На blonde_supergirl, EraBon, Someonespecial и 5 други им се допаѓа ова.
  4. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Потполно си во право, животот е еден а мажи еден тон. Времето, сексот, далечината, одвоеноста ќе си го кажат своето:D
     
    На hermosa, lost123, Seli20 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.240
    Допаѓања:
    24.029
    Пол:
    Женски
    Чекај бе... (facepalm)
    :D:D
    Није живот једна женааааа, така ее (facepalm)
    Или ви е убаво и сте заедно, или идете даље и двајцата. Нема после пу пу не важи :D
    Просто е ..
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.389
    Пол:
    Женски
    Раскинете кога не можете да издржите.
    Тоа не е никакво сакање ни љубов... Дозволувате страста да ве води, а ви е гајле за емоциите.

    Значи не сте еден за друг.
    Прекинете скрос па правете што ќе правите.
     
    На alexa_dimoska, hermosa, blonde_supergirl и 19 други им се допаѓа ова.
  7. Seli20

    Seli20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2016
    Пораки:
    588
    Допаѓања:
    420
    Пол:
    Женски
    За сексуални фантазии кои не можам да ги остварам со него мислев на работи како на пример секс со црнец :D
     
  8. Purelove92

    Purelove92 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2015
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    2.872
    Пол:
    Женски
    Па бидете ''свингери'' и тоа е начин на живот некои го практикуваат, он ќе ти кажува со која имал секс, ти него.
    Според мене ако имаше вистинска и цврста љубов ќе имаше сексуални фантазии само со него. Доколку се согласиш да ја продолжите врската и тоа на далечина само ќе имаш доплнителен стрес.
     
    На TheGirl23, babygirl77 и Bjutii им се допаѓа ова.
  9. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.647
    Допаѓања:
    52.639
    Пол:
    Женски
    Ова ми звучи нелогично. Ако сакаш некого нема ни да помислиш да појдиш со друг, ниту за бакнување па камоли за секс. Ни тој, ниту ти. Без разлика на искуството и дали се има секс редовно или не. Ако врската ви зависи од секс и при неможност на остварување на тоа сакате со други да одите таман работа.
    Ама вие си знаете.
     
    На Alisa22, Someonespecial, TheGirl23 и 4 други им се допаѓа ова.
  10. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.296
    Допаѓања:
    4.461
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека го посакуваш ова затоа што се плашиш дека ако не прекинете би можел да те изневери додека е таму. Ако и двајцата се согласите на нешто вакво, егото нема да биде повредено, но што е со емоциите?
    Јас не би, но исто не би ни судела на ваква одлука.
     
    На blackwave му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Најголем проблем ќе биде ако раскинете како ќе го поделите заеднички стекнатиот имот, кај кого ќе оди Барби а кај кого Кен, па Дотата на хард дискот чија ќе биде, два празни гајби од пиво...знаат тие ствари да бидат трауматични.
     
    На Yowannty, Victorian, Someonespecial и 6 други им се допаѓа ова.
  12. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.485
    Пол:
    Женски
    Мислам дека имаше слична тема , нека проверат админите.

    За класичен прекин од типот *Ај да правиме пауза* не сум. Ако веќе треба така подобро е да раскинам , па после не се знае што носи времето, може некогаш пак да сум со таа личност, ако причината за раскинување било само тоа што не сме биле изживеани.

    А иначе ко помала сум правела такви прекини во врска ама од други причини. И шо знам кај ми бил умот тогаш сега не би правела ни под разно такви детски игри.
     
  13. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.890
    Допаѓања:
    223.727
    Пол:
    Женски
    Ооо душиче си кажуе дека сака и друг да проба. :D:D ако. Искреноста се цени:!: барем јас ја ценам. Нека оди па ако си дојде живи били па видели..
     
    На Victorian, Lolo5, +++ и 4 други им се допаѓа ова.
  14. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    3.882
    Допаѓања:
    19.087
    Пол:
    Женски
    Ако си се договорите така, кои сме ние да судиме, нели? Ако вас ви одговара да имате секс на страна, и сеуште да сте заедно, како нашето мислење е важно тука? :)
     
    На realGirl, Gosh, elimkd и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски
    Ако не може да се стрпи за да има односи не те сака.
    Човек што те сака и почитува нема да сака да има секс со друг, туку само со тебе.
    Јас би ја прекинала врската ако знам дека дечко ми не може да си го држи во гаќи.
    Не сме мали деца, може и без секс, ако те сака нема да му смета малку апстиненција.
    Ти штом помислуваш да имаш со друг не го сакаш.
     
    На Victorian, Tan4ence, Someonespecial и 10 други им се допаѓа ова.
  16. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.189
    Пол:
    Женски
    Барем си фер и си признаваш, за разлика од 80% од "чесните".
    И да, скроз е ок да сакаш да пробаш и со друг. Подобро сега отколку во брак да правиш триста чуда.
    Совет? Прекините. Скроз. И терајте си по свој пат. Еден ден ќе најдеш сексуален партнер кој ќе направи да ни не помислиш на друг. Е тој е вистинскиот.
     
    На Victorian, Lady*Bug, Rhaenys и 9 други им се допаѓа ова.
  17. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    30.976
    Пол:
    Женски
    Тоа дали тој ќе издржи или не без секс тргни го на страна. Ти си даваш само некои свои претпоставки и не мора да значи дека тој ќе те изневерува. Важно е што ти веќе си решила дека сакаш да пробаш со некој друг и одлуката за прекин произлегува од таа твоја желба. Изборот е твој, биди фер и коректна кон дечкото и отворено разговарај за сето ова кое го напиша. Никој неможе да ти каже во иднина што ќе се случи. Откако ќе се сплеткате со други во меѓувреме, многу работи може да се променат. Можеби и двајцата ќе најдете нешто подобро за себе и нема ни да сакате повторно да бидете заедно. А може и едниот да остане разочаран. Кога мене лично некој ми значи и го сакам, не чуствувам потреба да бидам со друг па макар и да бидеме разделени некое време. 6 месеци не се ни којзнае колку долг период, не се во прашање 6 години. Не гледам ништо чудно во тоа време да се направи пауза од секс но сепак вие си знаете. Од каде си толку сигурна дека за толкав период воопшто и ќе најдеш некој кој те привлекува? Е сега ако си решила да бидеш со кој било само колку да пробаш со друг или ако веќе си му фрлила око на некој, тоа си е друга работа.
     
    На Seli20 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.709
    Допаѓања:
    4.580
    Пол:
    Женски
    Немој да мислиш оти ке биде исто потоа...а и ако му предложиш такво нешто незнам баш дали ке си поминеш добро и што ке помисли затебе тој.Дури и са се согласи без драми и проблеми,секогаш кога ке бидете пак заедно,АКО бидете пак заедно ке ве копка и двајцата што се случило со колку,како било...Мене искрено не ми се свига такво нешто,и не би сакала таков договор ако личноста со која сум ми значи и гледам иднина со него.Зошто би сакала секс со други и зошто да не си оствариш фантазии со дечкоти.Размисли си од каде оваа желба да бидеш со друг.Од страв да не бидеш изневерена и оти немаш доверба во него,и незнаеш што ке прави он,па ајде и ти да не седиш така,од тоа што не си задоволна од него,....ако си заљубена во дечкоти не ми е логично ова што ти паднало на памет.
    Едит: Отпосле прочитав за секс со црнец.Ако си сериозна за ова и си запзнала некој и сакаш да го пробаш,незнам што да ти кажам.Очигледно не го сакаш дечкоти.
     
    Последна измена: 13 јануари 2018
    На Alisa22 и Seli20 им се допаѓа ова.
  19. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    1.930
    Пол:
    Машки
    Дечко ти нема раце? :fubar:

    Демек дали он би издржал, а всушност тебе ти мрда опашот... :clap:
    Па биди искрена со себе барем.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.058
    Идејава ти е дефинитивно налудничава. Kids, do not do this at home. :)


    Што ако на пример тој со кој ќе имаш односи (додека дечко ти е надвор од државата) се заљуби во тебе? А во меѓувреме се враќа дечко ти од странство, продолжувате врска, и, што ќе правиш со овој човек?
    Знаеш една вечер е едно, ама ако планираш тоа да го правиш со овој кој ќе си го имаш само за задоволување на потребите на либидото (дур не е тука дечко ти) шест месеци, постои огромна шанса да се случи ова. :)

    Така да, моето мислење е дека ова не ти треба.
    Или договорете се да издржите шест месеци без секс или пак продолжете по своите патишта со други партнери. Ова третово ти е дефинитивно лудо според мене. :)
     
    На cresa-jagoda, Someonespecial, MagsDestiny и 1 друга личност им се допаѓа ова.