Девојки имам еден проблем и сакам да ве прашам за помош.Се потам многу на рацете и нозете,потење е со ист интензитет и во зима и во лето,само што во лето повеќе се забележува.Ме интересира дали кај нас постои хирушки зафат за овој проблем,знам за ботокс,ама тоа трае само 6-8 месеци а јас сакам трајно да го решам проблемот со потење.Ми пречи во нормален живот.
sum slusnala deka caj od kamilica so sok od pola limon i lazica seker vlijaelo na potenjeto..kolku e vistina ne znam
Многу често ми се потат рацете... незнам зашто меѓутоа колку пати и пред ПЦ кога седам и маусот цел е мокар Звичу смешно меѓутоа многу ми е незгодно ops: ops:
И мене исто така и зима и лето дланките и стапалата..ама мислам дека тоа е наследно.Јас и татко ми го имаме тој проблем и додека мајка ми и брат ми не...
Ирис, и останатите, бидејќи покасно пишувам, го решивте ли овој проблем? Превзедовте ли нешто? пишете
Јас вчера прочитав дека помагало доколку ги киснете нозете во црн чај, лично го немам пробано бидејќи моментално немам потреба. Требало една недела секој ден да се киснат нозете во сварен и млак црн чај убаво концентриран, а после тоа да се прави месец дена пауза па пак да се повтори постапката. Кој сака нека проба, па нека пише резултати.
девојки јас го имав истиот проблем и ми казажаја за еден производ го има во аптеките во германија. http://www.odaban.com/ ова е страната прочитајте сами. Јас го имам го користам веќе 3 месеци и навистина помага, исто така и другарками го имаше овај проблем и неа и го препорачаа и неа и помогна. не е скап ке ве чини 900 ден доколку ви го набави некој дирекно од германија
И јас исто сакав да прашам за прекумерното потење, но јас имам проблем со прекумерно потење на пазувите (да не речам мишките ) имам испробано се, секакви антиперспиранти, стикови, гелови, буквално се и нема решение Ако знае некој нешто против потење нека кажува оти многу се нервирам со ова Помош !!!
Оние кои го имаат овај проблем обично се срамат да го споделат со останатите, а и кај нас многу малку се знае за ова т.н заболување поточно хиперхидроза. Можњ да се делува со ботокс меѓутоа еден третман има трајност до 6 месеци. Исто така можен е и оперативен зафат, со него трајно се решава овај проблем. Доколку има некој искуство слободно нека го сподели со нас, ќе има користи на многу луѓе
Не се срамам, немам зошто да се срамам што да правам коа ми се потат рацете и нозете фала богу не ми мирисаат не дозволувам да дојде до тоа во никој случај. Не би се определила за ботокс, а уште помалку па за некој оперативен зафат. Напишав дека чајот од жалфија помага да се контролира тоа колку толку, мене лично ми помага, исто и миризлива пудра во прав. Во случајов се работи само за потење на рацете и нозете, а не на пазувите. Како и да е мене веќе тоа ми стана нормален начин на живот, си живеам со тоа дури се чувствувам чудно кога ми се суви и неможам да го поднесам тоа, многумина ќе кажат дека тоа се случува од нервоза, трема, страв, срам... но не е така, барем во мојов случај, дури и кога ништо не правам и ништо не мислам си се лачи потта...
Исто и јас имам слушнато дека чајот од жалфија помага.А како го приготвуваш и колкава количина дневно пиеш?
По еднаш на ден пијам во било кое време од денот, во вода ставаш една лажичка жалфија и се вари додека не зоврие, после го цедиш и си пиеш јас и мед си ставам зошто горчлива ми е
Сакам да ве прашам дали си имате проблем со рацете поточно дали рацете ви се потат ( за дланки зборам да не ме разбере некој погрешно -.- ) Јас уште од мала го имам овој проблем рацете ми се потат без потреба без никаква причини и кога сум возбудена кога имам треба срам .. ама и кога немам срам и кога седам дома без никаква грижа значи мене ми се потат .. не само у лето и зимно време секогаш.. се мачкав со една крема..Лидера мислам дека беше но немаше никаков ефеткт..така да дали е можно од ова да нема спас.. ? Стварно сакам да не ми се потат .. затоа шо неможам некогаш ни на раат да пишувам од шо премног ми се потат.. а не па дечко да ме фати за рака .. фуј Дали некоја од вас има потни дланки ..и како се справува со тоа ..
Да, јас го имам овај проблем, иако мислам дека можеби е и болест (хиперхидроза). Кај нас малку се знае за ова заболување. Пиев чај од жалфија, но после неколку дена видов дека нема подобрување и се откажав. Многу непријатно ми е кога треба да се поздравам со некој,затоа избегнувам но кога веќе морам секогаш си имам при рака палома. Исто и кога пишувам листовите цели се влажни. Дечкото ме прифати онаква каква што сум и не му пречи тоа. Во Србија или Хрватска прават оперативни зафати, и тоа во државните болници, како и секоја друга операција.
Го мразам потењето на раце, нозе и мишки. Не можам да функционирам претерано е... Срам ми е да се поздравувам со луге, да се држам со дечкото за рака Особено сега на лето нозете ми се најголем проблем не можам да носам штикли, балетанки на босо веднаш ми се прават рани и жуљеви па морам најчесто патики да носам. Слушнав дека со чист алкохол ако се измиеш на одредените места дека немало толку да се потиш, ама... ништо не ми помогнало до сега, де креми, де кристални камења, чаеви... А.. само едно немам пробано - да погалам змија демек ќе престанат рацете да ти се потат хаха