Преку што не можете да преминете во една врска?

Дискусија во 'Врски' започната од RainBow, 10 јануари 2013.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.981
    Допаѓања:
    66.384
    Пол:
    Женски
    Јас имав една врска, си течеше сосема добро, ама сфатив дека типот сака типична домаќинка, он да биде мажот во куќата, само он да се слуша и тоа беше тоа за мене.
    Што е она што за вас претставува deal breaker во врската? Кога ќе си речете епа тоа е тоа, време е на врскава да и се стави крај?
    Ако партнерот не сака да има деца, ако пие премногу, ако е типичен балкански маж? ...
     
  2. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Дефинитивно ако пие премногу...

    Покасно или порано би ми пукнал филмот !
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  3. K.Mari4ka

    K.Mari4ka Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    1.457
    Допаѓања:
    1.559
    Пол:
    Женски
    Ау, немам баш размислено, претпоставувам затоа што досега не ми се случило такво нешто. Освен неверство, мисла дека не би можела да поминам преку лошо понашање и непочит кон мене.
     
  4. alekce83

    alekce83 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    903
    Допаѓања:
    1.133
    Пол:
    Женски
    Интересна тема :)
    На почеток на врска кога ти е најубаво и кога си најзаљубена се ти е розево и мислиш дека низ се можеш да поминеш за да бидеш со тој што го сакаш.Делумно и така е но постојат некој работи преку кој јас лично не би можела никако да поминам.Прво и најважно е неверство.Нема шанса да простам такво нешто.
    Е сега проблем би ми било и довербата.Довербата е исто толку битна.Јас сум во врска три години и до сега не сум имала некоја поголема кавга околку довербата.Е сега откако врската ни е сериозна гледаме многу поинаку на работите од порано.Јас сум од Скопје тој е од Охрид.Кога збориме за иднина гледам дека тој влече накај Ох јас Ск, но тоа воопшто не е нешто што неможе да се реши.Имам среќа што ги знам неговите, поточно мајка ми со која супер се сложувам.Да беже спротивно, да мислев дека ќе биде лоша свекрва дефинитно ќе ми беше огромна причина за да размислам сериозно дали би сакала да останам во врска со него.
     
  5. Bubbi

    Bubbi Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    563
    Индиферентност, алкохолизам, лажењe, непочитување... сигурно некои вакви работи, а не бојата на неговата коса, очи (мислам на надворешни карактеристики, кои и не се пресудни за да се љубиме, нели).
     
  6. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно прво е неверството кое би го истакнала тука,а потоа претераната љубомора и посесивност,пиењето...незнам едноставно понекогаш крајот доаѓа и од ситница.
    И џабе ќе зборам дека не би простила,никогаш не се знае...
    Само си кажав што мразам во врска,веројатно тие нешта не би ги простила.
     
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.981
    Допаѓања:
    66.384
    Пол:
    Женски
    Не мислев толку на нешто што он би го направил, неверство, или такво нешто, повеќе мислев на некоја карактерна работа која он не би можел да ја смени, или некој став што го има. :)
     
  8. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.936
    Допаѓања:
    134.480
    Не би можела да бидам со некој кој од мене би очекувал да бидам врвна домаќинка.

    Ниту со некој кој од мене би барал да се шминкам и дотерувам за секое излегување од врата.

    Ни со некој на кого би требало да му давам извештај каде сум секоја секунда во денот, или не дај боже да треба да прашам дали може да излезам.

    Слатки се слободата и независноста.

    Може ќе ми текне уште нешто :D
     
    На cresa-jagoda, crazylady, imelda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Greeen

    Greeen Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    728
    Допаѓања:
    568
    Неверство,ако пие многу,се дрогира,не би сакала мене да ме брука пред други луѓе а и башка не би сакала ни самата во близина да ми биде таков човек.
    Ако е пијаница не би се брукала да го носам дома пијан,само затоа што го сакам.Тоа не би го направила за никој.Ова му го имам кажано и него и знае дека никогаш нема да се случи да го враќам дома пијан(фала Богу не имало причина до сега).Секој треба да мисли на своите постапки и однесување.
    Неговото мислење го почитувам,секој има право на различен став.Можеби и моето размислување на некого не му се допаѓа.Така да,тоа не е причина за раскинување според мене.
    Во моментов тоа ми текнува..ако има уште нешто ќе си допишам :)
     
  10. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Во моментот штом осетам дека нема почит кон мене, тоа би бил самиот крај.
    Почитта за мене е света, без неа, не ми се приближувај не ни останувај.
    Нормално тука е и разбирањето и меѓусебното комуницирање на најнормално ново, може и повисоко секогаш нели :lol:

    Но, едно нешто преку што никогаш нема да поминам е неверството.
    Ќе го ислушам ама ќе го оставам...
    Типично пијанство без да си го знае името, курва се наоѓа, се прави бељата, очај, молење, колнење и каење во неограничени количини ќе има, јас ќе плачам, тој ќе плаче, ќе го сакам најмногу, но знам дека ќе го оставам.
    Од самата помисла дека тој бил со друга, дека ја милувал, дека бил во неа, ја бакнувал, од тој чин, уште сега ми се повраќа, ми се подига.
    И знам дека ако простам, небитно, џабе, цел живот, секогаш, кога и да не ми крене на мобилен, или кога и да сме разделени, па и при најобично разделување, или воопшто секој ден, јас ќе се сомневам одново и одново, и самата полека ќе се полудувам, а воедно и него.
    Неверството во никој случај не го оправдувам, и никогаш нема да го простам без разлика која е причината, зашто е толку едноставно - причина нема.
    Знам дека преку тоа, не можам да поминам.
     
    На cresa-jagoda, moonlight-girl.55, EleMental и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    Првенствено ако е болно љубоморен, не можам да споделам ништо со него, за да типот не се намурти или ми изреагира. Ако ми забранува нешто или ми поставува ултиматуми каде, како, зошто и со кого.
    Тоа за мене е прв и основен deal breaker. Љубоморен и сомничав тип кој не си го менува карактерот во тој поглед.
    На второ место на овие млади години (за малку не го ставив и на пиедестал) :D е ако сексуално не успева да ме задоволи.
    Мене тоа ми е исклучително важен сегмент во една врска.
    Трет deal breaker, за да ја заокружам целината е дефинитивно скржав човек.
    Со таква особина не можам да излезам на крај, ја презирам, ме иритира општо и кај женско и машко, да не зборуваме за дечко. И не сакам да слушам аргументи за домаќинлук, ме боли глава. Ова е лоша особина, зборува многу за еден човек и ништо убаво не излегло од скржавост.
     
    На anjathesaint, cresa-jagoda, crazylady и 7 други им се допаѓа ова.
  12. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Неверство, лош секс, индиферентност, ако не слуша што зборувам, ако не сум на прво место.
    Лажење, себичност, неконтролирано зјапање по други девојки, недостаток на почит.

    За жал ваков не постои.
     
  13. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    Посесивност, љубомора, пороци (алкохол, дрога, коцка), лажење, ку*чење, себичност, мрзливост, мамин син што очекува да изигравам слугинка по дома, лигавење и однесување ко девојче, и секако лош секс...ако има некој што нема ниедна од овие карактеристики нека пише ЛП :D
     
  14. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.972
    Љубоморен, опсесивен, а обично оваквите се секогаш и опасни манипулатори. :!: Си го враќам филмот и се чудам како сум можела да трпам некој таков лудак и некое такво понашање, до мнооогу големи граници, како обично недоразбирање од негова страна, по некое време станувало моја вина. Налет забрани, перења мозоци, следења, кај си, со кого си, што си. Марш, ете таму сум.

    Тупаџии, кога една та иста работа од порано не може и не може да се заборави. |( О дјос мио спирито санто, аман заман, било нешто пред 10 години, другарката му пререкла оти и ја зел кредата во боја, и до ден денес другарката негова не е доволно добра другарка, не чини и така натаму. Со ова заедно оди и ситничар, некој кој замара за ситници, значи којзнае како ќе тера со мене понатаму ако тупи за некои глупости. (овде не ставам секојдневни или битни проблеми, туку некои мушички што навистина немаат поента)

    Дефинитивно и нема да најдеме разбирање со некој со кој немаме исти погледи за понатамошниот живот и иднината, ако некој смета дека тој ќе биде мажот во куќата и парите ќе одат кај него, дека жената е домаќинка и треба да седи дома и да раѓа деца, ако смета дека ќе се задоволиме со собиче во двособно станче и платиче од 200 евра... Епа нема.

    Почитта, ќе ја ставам најнакрај, ама искрено, најбитна ми е. Спрема мене и МНОГУ БИТНО - спрема мојата фамилија и пријатели (можда малку претерувам, ама изборот меѓу НЕГО и другите два претходно набројани сегменти ќе биде секогаш семејството и најблиските/добри пријатели). Ако некој не ме цени мене и времето кое го издвојувам за него, ако ме сфаќа како заебанција и мисли дека сум девојченце кое може да се манипулира и лаже и изневерува, тогаш жалам, ама јас не можам многу да направам освен да си се свртам и да си отидам.
     
    На crazylady, tweety26, imelda и 3 други им се допаѓа ова.
  15. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Не го сакам крај мене доколку:

    1) престане да ме почитува
    2) неверство (доколку има секс со друга никако не простувам, а она обично мување да, само доколку ми каже претходно и ни биде договорот таков) - ова зборувам само за овие млади години
    3) претерано ми го повреди егото ќе биде готово со се
    4) ги става другите пред мене
    5) во просторијата кадешто сум и јас да гледа некоја друга како таа да е совршенство
    6) насилството не доаѓа во обзир
     
    На xoxo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.308
    Допаѓања:
    90.209
    Пол:
    Женски
    Сум преминувала како помала се и сешто, а сега не.

    Не би преминала докулку нема почит спрема мене и мојата фамилија. Како би функционирале заедно? Само ние двајца сигурно не.

    Ако не е амбициозен, се задоволува со ситници и наместо да сака да напредуваме ме влече надоле.

    Ако имаме лош секс. Ако не сака ни да се потруди да биде подобро. Битно ми е премногу да уживам во ова слатко задоволство, за да замижам и да сакам некој туку така.

    Љубомора, контрола... не сакам да давам извештај на никого ако не посакам јас. Не сакам да ме прашуваат, да го знаат секој чекор, ако сакам сама ќе си кажам.

    Недружељубив! Со оваа карактеристика се мачев речиси 4 години. Ако не сака да се дружи/ме со луѓе, да излегуваме, да шетаме ништо не бива.
     
    На tweety26, imelda и Waka-waka им се допаѓа ова.
  17. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.214
    Пол:
    Женски
    Во врска не би можела да преминам преку следново:

    1. Прво и најосновно - нехигиена :x

    2. Глуматање силен балкански мачо-мен, кој „љубовта“ кон девојката ја покажува преку тупаници и шамари :puke: Треба да бидам огромен слабак без свое ЈАС за да трпам такво изживување и лечење нечии комплекси врз мене. Макар еднаш дигнал рака врз мене - за мене е веќе мртов и тука нема компромис.

    3. Болно љубоморно и опсесивно однесување од негова страна и постојано инсистирање да поднесувам извештаи со кого сум се чула дента, каде сум била, со кого и зошто, што сум барала таму, колку пати во денот сум мочкала и сл. :^)

    4. Немање на сопствен простор и приватност во врската. Ако сме во врска, не значи дека мора буквално се` да делиме. Секој од нас треба да си има своја приватност и време кое ќе си го посвети исклучиво себеси. Не велам дека треба да криеме тајни еден од друг, но и не мора да сме заедно 24/7 и да ги извршуваме дури и физиолошките потреби заедно, зар не? |( Постојат некои работи кои мора да останат приватни и мора да има граница.

    5. Неискреност, непочитување и неприфаќање на она што сум јас - мојот карактер, со сите мои предности и маани. Очекувам да ме прифати таква каква што сум, бидејќи јас него сум го прифатила. Не толерирам ниту неискреност и лажење. Ако сме заедно, мора да сме искрени еден кон друг. Безусловно.

    6. Некомпатибилност во кревет - без добар секс ништо не правиме. Можеме до утре да се лажеме дека ако постои љубов, сексот и не е толку битен, бла, бла, бла... Мижи да те лажам. Сексот не само што мора да биде добар - мора да биде одличен со човекот кој сум го избрала :geek: Не би можела да бидам со некој што не ме задоволува сексуално колку и да го сакам - така секогаш би била незадоволна во еден сегмент од врската, секогаш ќе има нешто што недостасува, а тоа на крај не може добро да заврши.
     
    На imelda му/ѝ се допаѓа ова.
  18. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    782
    1. Неверство - никогаш не би можела да преминам преку ова па дури и да се работи за сериозна врска.
    2. Пороци - претерано конзумирање алкохол или уште полошо дрога, коцка па мислам дека многу ќе ми пречи и ако биде пушач.
    3. Болна љубомора - дечко што опсесивно ќе ме следи каде сум во секоја секунда од денот или ќе биде опседнат со мојот телефон или уште полошо фб е отпишан
    4. Претерана приврзаност кон семејството - Можеби поради тоа што бев со еден ваков имам голема одбивност кон луѓе кои во секоја реченица ги спомнуваат мама и тато.
    5. Заостанати сфаќања - сум запознала машки кои имаат поназадни сфаќања и од дедо ми така да глумење јаки мУжи НЕ!
    6. Неамбициозност - Не со некој што животна цел му е да стане првак во кантер или дота
    7. Немање (приближно) исти ставови за животот - И да, се е џабе ако тој не планира да основа семејство или сака 5 деца... :geek:

    Па после се чудам зошто сум без дечко... :tmi:
     
    На hermosa, cresa-jagoda и DELFIN-15 им се допаѓа ова.
  19. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.750
    Допаѓања:
    80.961
    Пол:
    Женски
    Преку ограничувања и условувања, од типот - излези со кој сакаш, ама да бидеш дома до толку и толку часот. :^) - Подетско од ова, амин!
    Или без разлика, било какви услови во смисол „ако ти - тогаш јас“ и обратно.
    Сметам дека две карактерно созреани и оформени личности не се расправаат за вакви глупости.
    Па и забрани од типот „не смееш никогаш да ...“ - мислам дека со паметот што го носам во глава знам до каде треба да одам и знам каде се наоѓа црвената линија и нема потреба некој да ми глуми родител и постојано да ми укажува на нешто без потреба.

    Опсесивност, посесивност и сите други подтипови на љубомора.
    Ме нервираат љубоморни личности кои си патат од некои филмови кои никој друг, ами самите тие си ги ставаат во глава и си развиваат приказни.

    Претерана амбициозност на она работното поле.
    Не би можела да бидам со некој кој на прво место си ја става работата. Знам дека е важна - и јас сакам успешна кариера во мојата професија која сум ја одбрала, ама да не биде по цена да го занемарам саканиот, значи да се има некаков баланс во сè.
     
    На Marojo budalO и L-enna им се допаѓа ова.
  20. linguaragazza

    linguaragazza Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2012
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    216
    Пол:
    Женски
    Најважно ми е да немам болно љубоморна личност до мене која ќе се сомнева во секој здив што ќе го земам. Прашањата од типот на зошто излезе порано,кој те донесе,каде си на секои 15 минути не доаѓаат во обзир.И не дај Боже да го колнел Господ да ми рече не смееш да одиш таму или пак да ми забрани да се видам со некој.Или пак да се засили и да ми рече не смееш да го облечеш ова. :^) |(

    Сигурна сум дека би откачила некој истиот миг кога ќе направи најголема будала од мене во јавност.Не би простила на било кој начин да ме прави будала,ама ова посебно го издвојувам.Мислам на ситуации кадешто еве сте излезени со друштво и тој те третира како да си глупава или пак ти се дере тука.Тука џигерот низ нос ќе му го истргам.

    Преку скржавост не би поминала.Да ми крие пари во секој чорап :D Незнам,ете некој си сака така, економичен човек до себе,ама јас не.Парите се заработуваат за да се потрошат,да се уживаат или да се вложи во нешто.Не цел живот душава в крпче врзана да ја носи.Да не му ги дадат и парите случајно на другиот свет? |(

    Сакам кај машко да видам барем трошка амбиција.Јас сум амбициозна и со некој турни ме да кинисам нема шанси на крај да излезам.Секој треба да се бори за својата иднина и да ја создава.Така да некој што со неамбициозност ќе го уништи и последниот атом на мојата не е потребен.И онака животот е еден,па да го потрошиш на некој ваков не вреди.И не,сигурно јас нема да го сменам.

    Момче типично мајкино балканче.Сака да седиш дома,да ги чуваш петте деца кои си ги родила едно по друго,да готвиш трипати дневно,да си понизна,да го задоволуваш кога и да посака,а за тебе да не е важно.И најважното-што и да направиш,мајка му знае подобро.Значи имам некое посебно сетило за вакви и досега успешно ги избегнував.Се надевам дека сетилото нема да ме изневери и во иднина.

    Не сакам некој што сам ќе одлучи дека е време за брак.Тоа е една од најголемите одлуки во животот кои се носат заедно,а не некој сам да си фантазира и да си одлучи. :^)

    Неверство.Незнам како би изреагирала.Би простила ли?Незнам,се надевам нема да дознаам какво е чувството да бидеш изневерен.....

    И да,сингл сум.Сигурно сфативте уште на почетокот на постот. :D Ама пак ќе речам,животот е еден и не толку долг колку што ние би сакале.Нема да го потрошам на некој што не заслужува.Ние сите заслужуваме среќа. ;)