Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Преку што не можете да преминете во една врска?

Дискусија во 'Врски' започната од RainBow, 10 јануари 2013.

  1. francais

    francais Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.283
    Кога сум во лоши односи со либето сфаќам дека тој има некои навики што не сум сакала да ги имам кај некој мој будучи партнер. Арно ама, што да правам, душава него го сака.
    Беше болно љубоморен, а и јас, па така се навикнав, знам да смирам ситуација уште пред да избувне голема. Често си знаеше да условува, како за возврат и јас, па така и на тоа се навикнав. И двете работи ни станаа минато. Будали, на што сме трошеле време.


    Работи што ги мразам кај машкиот пол се:
    Агресивност, ароганција.
    Детско однесување. Маци буци цуци..
    Селски манири, нехигиена. Кога ќе видам некој што се драпа меѓу нозе, па колку и да му било итно, колку и да било понезабележливо ми доаѓа да му повратам во фаца. Плукање, шмркање.
    Ниска самодоверба. Луѓе без амбиции, без планови, што живеат од денес за утре.
    Чекање на совет од мамичка.

    Нешто што никогаш, ама баш никогаш нема да можам да го простам е неверство.
    Или после раскинување да бил со милион женски па пак мене да ме бара.
    Се кае? Епа нека се кае де, негова е грешката.
     
    На Tanjamm, crazylady, vlubena и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. milicka19

    milicka19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2010
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    119
    Пол:
    Женски
    Пред се се тргнува од тоа со каква личност имаш фатено работа. Се знае дека на почетокот на врската тече мед и млеко. Некогаш дури ќе се изненадиш на што се е спремен партнерот/партнерката. Јас лично не можам да преминам ако се нема почит. За мене тоа е едно од најосновните работи во врската.
     
  3. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    48.478
    Пол:
    Женски
    Болна љубомора и недоверба.За мене тоа е непочитување,а ако некој не ми верува и не ме почитува не гледам зошто би бил со мене.
     
  4. vlubena

    vlubena Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    627
    Не почитување, неверство, и насилство овие три работи никогаш нема да можам да ги простам и да преминам преку нив.
     
  5. ivance5

    ivance5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    200
    Лажење! Мразам да ме лаже, се чувствувам како да ја потценува мојата интелигенција. Ниту една лага не е подобра од вистината. Повеќе можам да поминам низ она што го направил, отколку низ тоа дека ме излажал
     
  6. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.549
    Допаѓања:
    3.143
    Многу работи. :D

    Неверство ко прво ајде, иако не е особина.
    Се знае, изневерувањето, иако гледам дека е во мода, ја расипува врската и и става крај истантно. Нема простување, зошто и да се прости и продолжи понатака, преку таква мизерна работа, никогаш, али НИКОГАШ, не би поминала.

    Друга работа, тие старинските сфаќања што умреа со Тито, иако чисто се сомневам дека ги нема веќе - Од мене да се очекува да бидам домаќинка само, да не работам, да плетам по дома и деца да чувам. Тоа ни во сон не ми се сонило, а не пак на јаве да ми се случува. Мислам, цел живот учам и се трудам да станам свој човек за мене некој да ми направи деца и да ме тера за нив само да се секирам.

    Поврзано со претходново, да немам никаква помош низ дома. Значи, јас да му местам алишта за на работа, кога ќе се врати господинот да му ставам ракија на маса, да не знае ништо каде му е и за се мене да ме прашува. Мислам, ако сум растела со вакви мајка и татко, може немало да имам вакво мислење, али кај мене дома нема машка и женска работа. Татко ми бар еднаш во два дена мие садови, некогаш и ручек ни правел кога мајка ми не можела. Зар срамота е машко да мие садови жити се?
    Ако е срамота, нема ми се тргне од патот.

    Трета работа, сексот. Многу влијае на врската, па како сакате кажете. Љубовта не е доволна ако тој дел не функционира, т.е ако партнерот си гледа само тој да си заврши работа. Тоа е пред се, себично. Нормално дека со тек на време и секс ќе ви се одмили со него, па и љубовта би ја снемало.

    Понатака, болна љубомора, посесивност, индиферентност, мрзливост и никаква животна амбиција за напредок, целосно зависен цел живот од мама и тато ...
    Многу барам, мајката. :D
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  7. vice27

    vice27 Активен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    32
    Кратко и јасно лажење.Ако се открие и најмала лага нема повејќе доверба во врската пропаѓа.
     
  8. Christina.A

    Christina.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    552
    Допаѓања:
    354
    Лага,ја разнишува довербата и после тоа ништо не е исто,Исто така и неверство ...
     
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.073
    Допаѓања:
    66.840
    Пол:
    Женски
    Некако не се рабираме за поентава на темава. Може требаше да ја крстам едноставно deal breaker.
    Ете те излажал за нешто и што? Одма ќе му раскинеш, а еве си одите подолго време, убаво ви е и туку така ќе биде, ќе се фрли се во вода? Мислев повеќе на оној момент, во врска сте си подолго, почнувате да дискутирате некои клучни точки за иднината, брак, деца, а он ти соопштува дека на пример не сака брак, не сака никогаш да се жени. Не верува ете во брак. И? Ќе поминете преку тоа или тоа ќе биде deal breaker за вас? Или ќе ви рече не сакам деца. На такво нешто мислев. Ако се разбираме, ако не здравје.
     
  10. simplyheaven

    simplyheaven Активен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2013
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    7
    До некаде си во право ама не се согласувам целосно.Да е некоја мала лага што и не е толку важно,ама ако те излажал за нешто мн важно и од вас криел важни работи?! :)
     
  11. Lola-M

    Lola-M Популарен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    536
    Погрешно си разбрала....Значи, не се работи за никаква лага, туку за нечиј став по некое прашање, животна филозофија или како и да е.
     
  12. aleks26

    aleks26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    Најпрвин преку неверство,па прекумерна љубомора,насилство и доминантноста на партнерот во се тој да е главен тоа не поминува кај мене другото ке се среди некако.
     
  13. BellatrixF

    BellatrixF Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2013
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    5
    Никогаш не би преминала преку неверство... И секако ако партнерот е претерано љубоморен, не би можело таа врска да продолжи...
     
  14. owl-ribbon

    owl-ribbon Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    678
    Изневерување , понижување пред други и малтертирање психички.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  15. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Лагите, неверството, малтретирањето и понижувањето.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Princess.A

    Princess.A Активен член

    Се зачлени на:
    19 август 2014
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Лажење, неверство и манипулација. Со други зборови правење будала во здрав памет. :)
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  17. katecat

    katecat Нов член

    Се зачлени на:
    8 септември 2014
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    насилство никако не би трпела.
     
  18. AnaKlarc

    AnaKlarc Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2014
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    156
    Пол:
    Женски
    пиење непочитување дрогирање и да ме брука пред други....? нема шанси за 2 сек го оставам ;)
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Twinkles

    Twinkles Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    980
    Непочитување , Лажење , Насилство , Неверство.
     
  20. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Не би преминала преку многу работи. Како созревам (да не речам стареам) листата се зголемува се повеќе.

    Прво, најосновно не би преминала преку непочитување. Тоа е прва, основна и најбитна работа за секој однос. Ако нема почит, нема што понатака да разговараме.

    Не би преминала преку различни гледишта за иднината. Нема смисла да се бориме против тоа, однапред ја губиме битката. Ништо не правиме ако он смета дека во брак јас треба само да раѓам деца, да седам дома, а тој да изиграва ерген и да шета до пет сабајле. Тука од старт е крај. Нема ни што да се разговара. Нит јас би се променила, нит тој.

    Не би преминала ни преку тоа ако мене ме става секогаш на второ место. Тоа до некаде е во ред на почеток, ама во долга и сериозна врска и со личност со која планираш иднина ми е незамисливо јас да сум само резерва и да се гледа со мене само кога ќе му биде досадно на господинот. Нц, не се задоволувам со тоа.

    Никогаш не би преминала преку типично однесување на мамин син. Поодвратно нешто од тоа нема за мене. Од мамини синчиња кои не можат ни да се измочаат без мама ми се повраќа, ми се гади... :puke: Јас да изигравам маж во куќа? Не благодарам.

    Не би преминала преку болна љубомора и испрашување до најмали детали и ситници. Типична водолија. За мене слободата е света, ако го немам тоа ме снемува за секунда, испарувам.

    Не би преминала ни преку тоа да он ми каже дека не сака деца на пример. Сакам да се остварам како родител еден ден. Не би можела да направам толку голема жртва. Од друга страна, доколку од медицински причини е невозможно да имаме деца тогаш е тоа друга работа. Во тој случај никогаш не би го напуштила саканиот. А за деца може да се најдат и други решенија.

    Не би преминала преку мрзеливост и никаква амбиција во животот. Јас не барам да биде доктор на науки, ама да биде вреден, да биде амбициозен, да, и тоа како барам. Ако мисли цел живот по кафичи да дреме и спортска ливчиња да си уплаќа - не.

    Не би преминала ни преку некултура. Не можам да замислам да бидам со некој без основна домашна култура. Нема шанси. Да ме брука пред луѓе и да се однесува како неандарталец, а утре и децата да ни бидат такви? No way.

    Не би преминала ни преку скржавост. Да мисли и да ја тупи секој ден за пет денари за мене би било измачување. Или да ја делиме сметката во ресторан на пример. - Јас имам да дадам 331 денар, а ти точно 256 денари. - Ама јас имам само 255. - Ааа епа добро де, утре ќе ми дадеш уште еден денар. :@ Катастрофа. |(

    Не би преминала преку типично сељачко, балканско однесување. Јас сум маж во куќа и само мојот збор се слуша. Тоа кај мене не проаѓа. Еднакви сме. Тоа што може тој, можам и јас. Очекувам утре и домашните обврски да ги делиме еднакво. Не прифаќам ништо помалку од тоа.

    Не би преминала ни преку немање свое Јас и принципи за одредени работи. Ја мразам онаа особина кај луѓето кога си ги погазуваат принципите по кои рекле дека ќе се водат. Ама знаеш па жал/срам ми беше да речам "не" и ајде, прифатив. Кога нешто си рекол дека нема да го правиш, држи се до тоа, имај карактер, имај став, биди зрела личност, па макар се работело и за родител, шеф, другар, девојка итн.

    Не знам колку ова се вбројува како особина. Ама искрено не би ни започнала врска со неинтелигентна личност. Да не знае два плус два колку се и да биде глуп - однесен нема што да барам со таков.

    Не би преминала преку лош хумор. Може изгледа ова како ситница ама знае да биде многу голем проблем. Личности кои не знаат кога, каде, како и со кого да се шегуваат не сакам. Не може со татко ми да се шегува со некои сочни реченици. Или утре да седнеме со некои мои пријатели па да ги навреди несвесно заради неговите глупи вицови.

    Не сакам личност до мене која не знае да прави баланс на работите. Или премногу ќе работи, или премногу ќе посветува внимание на пријатели, или премногу ќе посветува внимание на роднини, или премногу ќе се внесе во своите желби и потреби, а сето тоа ќе доведе да ме запостави мене.

    Не би преминала ни преку навика да се правиме на тошо за проблемите. Да не е реален за работите. Да не сака да признае кога белото е бело, а не црно.

    И секако не би преминала преку психичко или физичко малтретирање, неверство, навреди, пороци, лажење... Овие последниве се подразбираат, нема што да објаснувам.

    Долг излезе списоков. Ако размислам ќе излезат уште некои особини ама ај доста се, овие ми се основни. :)
     
    На Tanjamm, crazylady, Ema28 и 1 друга личност им се допаѓа ова.