Ne bi bila so decko na koj nesum mu najbitna ,veruvam sekoja devojka bi go posakala toa ( se izvinuvam,nemam mk podrska)
Недостаток на почит, разбирање и доверба. (да е болно љубоморен, опсесивен) Може вака изгледаат како мали работи, но се основните на кои треба да се гради една врска. Дали тоа било мрчење што не сум можела од оправдани причини да излезам проследено со сомничави испади од типот, аха како да не, кај беше/кај ќе идеш, со кого, ме лажеш ти мене.. Дај ми го телефонот, дај ми пасворд. Не. Психичко/физичко малтретирање. Иако (понекогаш) ми е слатка таа маала љубомора, со импулсивна реакција оти неќам некој што ќе ќути како муле цело време и ќе ми оди по газот, ама се во свои граници. До секс уште не сум стигната, ама тоа еден ден би ми било важен фактор за некоја врска, ако е лош сексот и скоро се друго да штима, џабе е. Сега за сега, да знае бре да ме фати, лапне, драпне и остали работи де. Е сега, за неверство.. Искрено, не знам, не сум се нашла во таква ситуација и не знам како би изреагирала. Ако е уште на почетокот на врска/мување можеби би простила ако не се повторува и понатаму (ама кој да знае) или ако премногу се сакаме а се случило ете некогаш, од било кои причини би се обидела да простам.. Но, времето ќе покаже.
Ако му кажам да не прави нешто а тој тоа продолжува да го прави, ако ме изневери, ако ме удри, ако ме присили на нешто што не сакам.
Да бидиме реални сите кога силно сакате некој и да ве изневери и да дознаете, ако ептен го сакате некако ќе се помирите со тоа и повторно ќе сакате да сте со него, нели дека го сакате. Има многу поопасни работи, да речам преку кои не може да се премени како удирање клоца, шамар, немањето храброст да ти каже дека сака да прекинете во лице, а за тоа време се шета со некоја друга за рака ете овие што ги кажав поопасните, тие се тие
Pupi мисли си дека ќе сакам да останам со него. Сум го сакала човекот што сум мислела дека е т.е верен. Кога би дознала вакво нешто тотално би ми се сменила сликата за тој човек и тешко дека би прошла преку такво нешто. Во глобала се согласувам со останатите. Психичка и физичка тортура, лаги од секаков вид и посесивна љубоморност НЕ фала, се друго може да се реши со разговор и компромис.
Преголема болка е да дознаеш дека те изневерил можеби тоа повеќе боли од колку физичка, ама ние женски сме ќе си преболиме и на крај ќе си бидиме со некој што не заслужува
Преку мамини синчиња што не ја испуштаат суќната на мама, преку лаги превари и лицемерие. Никогаш ама баш никогаш не би преминала.
Замислете јас преминав преку мамино синче, преку неверство, преку нескромност, преку недостаток на амбициозност, преку манипулации.... Но преку гушење не можам!!!
Невеρство, шамаρ и тешκа навρета не ме вρаќаат па аκо саκа неκа се обеси. Ова го знае од пρвиот ден . И фала Богу сега за сега е дообаρρ
Neverstvo nikogas ne bi prostila. Drugo sto ne sakam e da pravi raboti bez moe znaenje t.e. da donesuva odluki i vo moe ime. Se sluci na pocetokot koga baravme kukja meine edna mnogu da mi se dopadne,a na nego ne i si dozvoli bez moe znaenje da se javi i da kaze deka ne sme zainteresirani za kukjata. Ama posle tretmanot koj si go dobi togas,mislam deka nema vo zivot da mu tekne takvo nesto pak. Znaci za sto i da se raboti sakam zaedno da odlucuvame.
Неможам да поднесам женско да зборува многу јас и давам чаша вода да се напие устата и е сува од многу зборење, потоа пак брбрбрб... глава ме боли потоа. Непристојно е, женското треба да е тивка и срамежлива (по default)
Можеби се би простила дури и неверство (ако е за една ноќ) Не би можела да простам ако некој се обиде да ме удри преку тоа никогаш.
Физичко насилство, потреба за контрола и имање на "главниот" збот т.е. некој да те смета како своина и дека има право да биде главен и доминантен, без притоа да ти ги почитува мислењата и ставовите и да не го интересира како се чувствуваш поради тие постапки. Крајност.
Вистинско машко не би удрил девојка/жена, може да навредува колку сака. Јас се сеќавам како мал на улица играјќи фудбал несакајки бутнав девојче на тротоар, татко ми и мајка ми ме виделе и по еден шамар и ми рекоа "никогаш не се удира женско!!" Ама додека да објасниш што навистина се случило готово
Преку претеризам. Кога некој ќе претера е веќе не можам. И ќе му воочиш еднаш и ко за инат уште еднаш. Тогаш е готово крај. Нели има компромис, во случај ако нема компромис се оди во вода.