Заостанати размислувања за светските проблеми, хомофобија, мизогинија, мрзливост, лажење и некомуницирање.
Преку недоверба, опсесија и непочитување. Од таму произлегуваат и забрани, уцени, физичко и психичко насилство..
Работи преку кои не можам да преминам: Неверство без предупреда, искористување, пасивна агресија и мизогинија. Работи преку кои можам да преминам: Искрено покајание ако се случила грешка, посветеност и желба за постигнување компромис. Или едноставно ако има добар газ...
Не можам да преминам преку то да се осетам запоставено, барем мислам дека од сега нема да можам да поминам преку то. Ок да бидам реална, во таква ситуација пак ќе мислам дека јас сум крива ко и до сега. Али барем знам дека никогаш, апсолутно никогаш не можам да преминам преку неверство и насилство. Барем физичко. Другото треба навреме да го сетам. Чим сфатам - бегам. Исто лажење. Одма менвам како го гледам партнерот ако ме излажи и не можам да останам оти доверба во врска ми е многу важна. Ако не можам да му вервам, или да ми верва, џабе ми е.
Ако не ми посветува доволно внимание, он ќе треба да преминува преку некои ствари. Иначе, преку насилство. Било каков тип. Никогаш.