Amethyste користам. Фанола е добар ама поскап за 500 денари. Земи литарски од кој и да е. Ама од фризер купи го, низ парфимерии се помали пакувања и поскапи цени, а и за малопродажба полош квалитет.
Не знам. Мене фризерката ми го нарачува, мислам имам видено и во ДМ мали пакувања. Распрашај по фризери, Amethyste e на ФармаВита. 900 ден ми го наплаќа едно литро.
Мене во парфимерија, ми го препорачаа овој. Дали има некој искуства? А демек као Силвер, не бил квалитетен.
Направив прелив. Ставив црна фарба, сива графит, хидроген малку, вода и шампон. Темна ми излезе и имам сини прамени... Дека жолта ми е на многу места, вака прочитав на хрватски форум.
Kerastase blond absolu ,јас силвер маската ти препорачувам да ја земеш. И доста пигментирана е и ја омекнува косата
Доабр шампон за шатирана плава коса? Вреди ли да дадам 20 евра за Олаплекс шампонот? И кој силвер шампон? ДМ го има? Не сум во МК.
Јас бидејќи ја бланширам секој месец косата фризерката ми рече да престанам да користам општо силвер шампон зошто суши дополнително и се оштетува косата. Интензивно користам силвер маска , секое миење. Од истата линија на Kerastase има маска што е прекрасна и ја имам купувано два пати дп сега. Дава одлична хидратација и оваа на Керастас има и јак лила пигмент. И јас не сум во Мк , во Грција живеам и тука ги има и по фризерниците и по онлајн страни да се порача. Во ДМ ја нема
Ја има и овде, овој сет конкретно е 68 евра сега. Малку скап. Што да земам, шампон и маска би било во ред? Или само шампон, или само маска?
Маската е оваа. Има и една друга cicaextreme се вика , ама јас зборам за лилјаковата. Тоа горе на сликата е балзам, не е маска
Да, маската на секое миење можеш зошто не суши како силвер шампонот. Шампон, јас наизменично на Др.Конопка со рузмарин го користам на периоди кога косата ми е помрсна. Инаку сега на Loreal professionel pro linger го користам и супер ми е
Девојки после користење на силвер шампон ми се прави ко првут на коренот од косата и ме чеша. Фризерот ми препорача на секое второ миење да го користам, па на трето и така се поретко, а во меѓувреме некој медицински шампон. Го земав Кетоконазол од аптека против првут, ефикасен е, ама не е за редовна употреба. Дајте предлог вие со плаво фарбана коса за шампон на природна база од кој нема да ми се иритира кожата на главата?
Шампонот ја суши и косата и кожата на главата. Мене фризерот ми препорача наместо силвер шампон, силвер маска да користам. Ем хидрира ем не се кине косата. Друг предлог на Natura siberica keep me blonde , тие се поприродни, во Белина ги има