Мене дефинитивно од овој ми се сиви прамените, шатирана сум, користев Лореал не бев задоволна, секако и до пигментот е, кога бев плава користев Keune, сега не сум видела и маска силвер користам. Исто и мене на Лореал не ми делуваше, и многу сува ми ја правеше косата и со маска. Имаат виолетова маска.
Дали има да се купи тонер пример во маркет или dm? Не ми се оди на фризер ич, а вчера пак експериментирав со бланш по дома и ми треба малце тонирање сега.
Нема... само неколку нијанси има на Hairshop.mk, останатото евентуално да замолиш фризер да ти продаде.
За оние кои сакаат само да се неутрализира жолтилото, без сива боја, да го препорачам овој шампон. Јас сум многу задоволна, само ќе видам колку брзо ќе пожолти пак, прв пат го користам. За почеток е супер, и не ја суши косата како оној Сери,иако тој беше многу појак и побрзо делуваше, ама оставаше сиво многу, јас сакам само бели да ми се прамените со бисерен сјај, и од овој на Лореал елсив баш тоа го добив, а косата остана мека. Од дм го земав двеста и нешто денари.
Некој со изкуство за Shot? Или каде читате reviews за производи? Овде го видов: https://ananas.mk/proizvod/shot-silver-sampon-za-plava-kosa-1000-ml/1029980
Што треба да смешам за црн корен и шатирани прамени? косата ми е пред месец дена правена, не ми е за на фризер, а ме нервира црниов корен. Некој бланш купка со фарба, бланш, тонер, прелив.. Таман и за жолтилово да ми излезе.. Скренав веќе со косава.
Дали го користеше и како шампон или само на сува коса као тонер? Го порачав истиов, па нестрплива сум за резултати, хаос ми е косата.
Го користев и како шампон ама нема многу ефект така, скоро ич. Ставај го на сува коса, помешан со малце регенератор и нека ти стои преку ноќ или барем неколку саати.
Јад овој го открив пред 6-7 месеци отприлика и косата за прв пат ми е цело време сива. Ја ја мијам косата со него и кај мене делува ептен, многу ми е сива. Сега те прочитав за на сува коса. Ама би на оставила само 5-10 минути, цела ноќ да не се разбудам без коса. Ја отворив темава за прелив за коса да пробам сама. Горе ми е темно кафеаво, надоле сива, а фарбање е 250 евра, па барам решение за 5 пари. Ќе експиремнтиеам нешто денес па ќе видиме што ќе испадне.
Не ти се оштети ич? Јас пред да излезам од дома ставам бебешка пудра на косата и многу убаво сива ми е. Пудрата ја ставам на рака прво па после на коса.