Ne sakam na frizer da idam so frizerki muabet da pravam 5 saati Daj kazete nesto za domasni uslovi kako od kafeava da ja isfarbam u silver pls
На колку време ставате преливи на шатирана коса? Или на колку е најдобро да се става? Дали некоја од вас знае каде има да се купи? Кога ми текне дека пак ќе дремам на фризер ми се темни
Имате ли искуство со ова, дали вреди за парите? И онака мразам на фризер, а сега на пеколот па ич, дали нешто ќе помогне?
Ги гледав и јас овие, ама не знам колку силна пигментација има и како би се однесувало на коса со мојата моментална нијанса. Мислев да го користам како силвер шампон на Х време, ама не ми личи дека е тоа уствари. Не сакам сосе корен да ме обои, тоа ми е маката. Ако некоја го пробала, нека сподели мислење, ме интересира многу.
Јас имам некојси силвер шампон дома врска си нема. Јас не сум човек по фризери да одам поарно повеќе пари ќе дадам само да не одам, ама па викам немој од ова ништо да не биде па пак да морам да одам.
Мислам дека се многу пигментирани овие и фаќаат ептен. Една пријателка користеше некоја маска слична за фарбани во џинџер боја, земена од hairshop. Ефектот беше ко да се фарбала, значи скроз го маскираше коренот и косата изгледаше преубаво. Јас се плашам ова да не е вакво исто, па да ме офарба сосе корен. Нијансирана сум и многу ми се допаѓа прелазот од коренот до фарбаното, не се познава линија и многу ќе се нервирам ако се направам со ова и ако ми го фати коренот. Кога ќе почне да подникнува, нема да можам да се гледам во огледало, ме нервира ептен кога се познава таа линијата израсток.
Јас ја имам кафеавата нијанса, ама кај мене нема разлика оти кафеава сум посекако. Можам да ти кажам само дека дава неверојатен сјај и нежност, и кога ја измивам пушта мноогу боја
Па не знам баш, кај мене воопшто не се познава разлика, немам бели влакна, ама како маска е, повеќе е негователна за мене... еве ќе кажат тие што ќе испробаат
Не знам дали дека сум во ПМС или стварно ништо посебно Како за прв пат од 1 до 5, како за 2 вреди. Ден пред добивање сум, мојата коса никогаш не соработува во вакви денови. Ќе ја пробам наредна недела пак ама засега со ова мислење не би ја купила пак. Прескапо за овој минимален ефект. Ниту пак некаков сјај посебен нешто имам.
@Mishela Преливот два пати го користев, тоа е повеќе маска отколку прелив. Првиот пат скоро да не видов некоја промена пред циклус бев и сега пред некој ден пак. Има некој ефект не дека не. Го сокрива она жолтило, ама за парите очекував повеќе. Не знам дали пак би го зела. Мислам дека не. Со достава 1600 ден а за тие пари треба многу повеќе отколку како за една маска. Плус мало е. Па и пишува со ракавици пожелно да се нанесува, јас сериозно си ја сфатив работата па се наоружав првиот пат , нема потреба. Скрос обична маска, што ниту боја паѓа со миење. Наредно би зела на Лореал нешто слично вака има, само не знам кај нас дали го има, во Германија го има, барем 10 евра е.
Мислам дека го нема кај нас ова од Лореал. Читав и јас коментари дека функционира, па во прва прилика би го пробала. Ако ти треба за неутрализирање жолтило, можеш да тераш и со Фанола no yellow. Нанеси на веќе измиена коса исушена со пешкир. Мачкај со ракавици и четка за фарбање на цела коса, нека стои 20-30 мин. и по можност завиткај ја косата во стреч фолија и после исплакни го убаво. Вака е доста поефикасен третманот, ама нанеси и некое масло на врвовите за да не ти се суви.
Се шатирав вчера, балајаж или што и да е, но бојата ми е многу сива, како да ја извадам а да не одам пак? Јас сакам топли тонови и секогаш нагласувам, ама сега не спомнав и не ми се допаѓа. Изработката е добра, но сакам повеќе на жолто да оди а не на сиво.