@Mishela @anggell За маскава од Wella professionals , како сте задоволни? Јас имам бланширана коса, вчера ставав од Сајосот 13-5 што осветлува 9 нијанси и дали допираше до веќе бланшираниот дел зошто косата ми е многу кратка се оштети косава почна да се кине. Не знам што да правам се мислам од маскава да земам и да ставам потемна нијанса , само сакам да знам дали целосно ќе се измие од косата или ќе остане нешто
Loreal tonerot го имаше пред околу една год во ДМ, но сега кога го барав ми кажаа дека го немаат. Може пак ќе го набават
Ја немам користено Wella, сè уште сум на Фанола и некако не ми се менува. Мислам дека овие Wella се доста слични со колор шампоните, ефектот им избледува по Х миења.
Виолетовиот Фанола неутрализира жолтило, а синиот неутрализира бакарни тонови во косата. По неколку миења ослабува ефектот, ама сепак зависи до нијансата, па и до влакното што го имаш. Јас не сум бланширана, косата ми е третирана само со боја и го користам шампонов за да ми го неутрализира жолтилото кое знае да се јави кога се изложувам на сонце. Инаку го има во Hairshop, има пена против жолтило (супер е), маски, свашта нешто. И супер ми се покажа досега сè што пробав.
Ме интересираше виолетовиот, сакам да добијам ладен тон, да нема жолто и портокалово. Кај мене има и бланш и фарба, мешам фарби, мн експериментирам. Ми треба некој добар тонер, не знам дали со Фанола ке го постигнам тоа што го сакам, но може да пробам штом си задоволна. Благодарам мн за инфо
Шампонот измешај го со маска за коса во сооднос 2:1 (шампон : маска) и нанеси го како третман да стои барем 20 минути на цела коса. Така воопшто не ја суши косата. Маската по можност да биде протеинска.
Сакам да порачам маска Фанола само незнам дали No yellow или No orange @Mishela читам ти ги користиш, или др некој да препорача Пред една недела ја шатирав претходно ми беше портокалева од фарбање, со две миења ваква се напраи
Малку како да има портокалов тон, не знам дали е поради светлото ама така ми изгледа. Јас би одела со no orange, мислам дека би требало да има ефект.
Би требало да помогне, само направи го како третман вака според ова: И нанесувај со четка за фарбање, попрегледно е, прамен по прамен мачкај за убаво да има од смесата насекаде. После можеш да ја замоташ косата во кеса или стреч фолија, јас обично ставам кеса за да не ми капе по мене. Вака држи ја косата 20 минути минимум, после измиј со обичен шампон.
Мене еднаш месечно ми е сосем доволно. Ако приметиш дека ефектот слабее, можеш на секои две недели да го повторуваш.
Дали Фанола е подобар од другите шампони од тој тип во однос на тоа колку ја суши косата? Јас го користам повремено Young -Anti yellow shampoo и одлична нијанса ми дава ама пепел ми ја прави косата
Сите ја сушат косата за жал, можеби пената Фанола нешто помалку суши од шампониве, ама не е баш прегледна за употреба. Затоа јас ги мешам шампониве за тонирање со маска за коса, помага за да не се пресуши косата и баш е мека и свиленкаста после миење.