Од маски силвер ја користам на Керастас блонд абсолу маската , ептен е пигментирана и навистина помага во врска со портокалови жолти тонови. И дава супер хидратација. Ефектот е ист, на пр задоволна сум и од Фанола шампонот и од истата линија на Керастас шампонот силвер но премногу ја сушат косата.
Девојки, предложете добар силвер шампон што ќе ми ги осветли жолтите и портокалови тонови Погоре прочитав за Fanola no yellow, дали е толку добар? Исто дали може да се купи и тонер?
Или Фанола или тој од Инебриа, во дм го има, исто е многу пигментиран и густ, кај мене предобро се покажа. Да додадам, бидејќи ја суши косата како и останатите силвер шампони, мора маска, најдобро од керастасе виолетовата маска во комбинација
Дали користите силвер шампон во комбинација со обичен шампон при миење? Или едно миење е само обилен шампон па следното е само со силвер? За бланширана коса.
Прво обичен, па силвер. Јас така правев бидејќи го гледам силвер шампонот како прелив (иако знам дека не е исто)
Малку ја суши косата. Ако имаш подолга коса и сакаш да зачуваш должина, земи ја маската од истата линија. Јас трипати ја имам купувано.
Веќе никогаш нема да ми текне да вадам прамени. Па тоа како потпрлено како што велат кај нас, косата метла. Ја кратам често за да испадне. Прелив само на фризер помага, купив неколку за дома врска си нема. А не сум човек кој сака да закажува и да дреме за фризури.
Најлоша одлука е од темна коса да правите светла и силвер. Ниту еден шампон нема да помогне, не прашувајте како знам.