Јас ставав виолетов прелив на местото каде претходно имав руси прамени со бланш. Не ми излегуваше секогаш убаво и рамномерно.
Имам плава бланширана коса, почна да ми Пожолтува и си купив прелив за коса пишува на него STILLpro. Ton Tonik. Сребрено сива. Знае ли некој како се користи?
Здраво душо а да прашам каде го најде тонерот и колку му е цената, а за упатството види сигурно пишува нешто на него .
не мора да ставаш тонер, постојат silver шампони за плава коса кои ја неутрализираат жолтата нијанса, после нормално миење на косата го ставаш како колор шампон и по 5-7 мин ја миеш косата и тоа е се... доволно ти е еднаш до два пати месечно да ставаш ако не ја мијаш пречесто косата.
како се употребуваат? колку ќе ми требаат за коса под раменици..имав омбре но ми пожолте косиштево :/
девојки, пребарувајки по темата прочитав дека доста прашувате за начинот на користење на тонерот т.е. преливот. значи се става на убаво измиена коса со шампони регенератори а потоа се става од преливот, јас ја мачкам исто како што се нанесува фарбата со четка, потоа отстојува зависи од нијансата пр 30 мин (би требало да го пиши на самата кутија). јас пред неколку години ја фарабв плава, притоа нијансата што ја сакав (перлена) ја добивав само со преливот .морам да напаоменм дека косата ми беше претерана термично, и ако ја фарбав со фарба редовно немаше влакно да ми остане на косата. преливот делува како масака ја заштитува и ја нијансира. сега повторно од кафеава сум плава (балајаж) и нијансата ја постигнувам само со преливот. користам бугарски прелив престиж е фирмата чини околу 2.50 лв. а е мн квалитетен
Ve molam za pomos, imav smega kosa megutoa pred 3 nedeli pravev kombinacija ombre so balayage megutoa na onie mesta kade frizerot mi stavase preliv sega mi se pojavija portokalovi prameni dali znae nekoj sto da napravam za da go sprecam pojavata na portokalovi prameni? Blagodaram
купи си силвер шампон, го има и по цена од 280тина денари и 450 (јас овој поефтиниот го користам) после нормално миење со шампон, ставаш од овој шампон исто како со нормален цела коса убаво да фати, стои 5 мин и се плакне, после тоа ставаш маска за коса бидејќи косата малку сува испага после миењето од шампонот, со маската си е се во ред.
Јас ви препорачувам дома прелив да си направите,многу е едноставно.На пример ако сте плава или омбре а ви се пожолтени прамените,може да користите од онаа фарба графит боја за да се неутрализира.Јас вака правам прелив: Ставам фарба,хидроген,шампон,маска за коса и млака вода,обично во шишенце од пола литар и го мучкам.На мокра коса се нанесува,многу лесно зошто пени од шампонот и ќе видит за 15-20 минути зависи од посакуваната нијанса измијте.Одма има резултат.
Јас спамирам во сите теми знам, ама не ми се дава пустото пари за фризер пред одмор, морам дома да смислам. Значи косава ми беше ептен убава, сега ми е помаранџеста Сакам помаранџестово да го сторам плаво, ако е потемно од другово плаво, ама да не е вакво бронзено, многу е грдо Дајте идеја за боја/прелив што ќе покрие бар да не е вакво жучкасто Мислам на конкретен бренд/бројче, не се снаоѓам баш најдобро
Само што се враќам од фризер. И реков да ми направи сиви прамени. Сиви! Сребрено сиви! И покажав двеста слики од страв да не ги направи бели а таа ми ја остави косата жолта :'( еден прамрн фатил преливот друг не ... за никаде е а најскапа е во градот сите пари си ги дадов :'( сега не знам што да правам помош???
Како плавуша веќе 5 години, уште мачам маки со жолтите тонови... па да си прашам, го имате ли користено шампонов? Има ли некаков ефект? Ако нема, може ли да ми препорачате некој (веќе испробан) purple shampoo? Јас до сега ги имам користено Balea Silber Glanz Shampoo (катастрофа) и на Eugene Perma (не приметив некаква разлика, ама можеби не го користев правилно).