Од фризер имав земено силвер шампон на фарком (SERI) пишуваше на него 200мл и 300-400ден беше. Премногу ми ја сушеше косата и не ја правеше баш сива. Потоа купив друг(пак од фризер), и вториот е на фарком ама пишува Експертиа, околу 1000 денари е 1,5л. Косата ми ја прави сребрено сива и воопшто не ја суши, дури и оние портокаловите и интензивно жолтите што не фатиле убави ги прави сивкасти. Не ми беше јасно како тоа двата шампона се на фарком а не даваат ист резултат па фризерот ми кажа во поверение (а јас сега ќе го издадам) дека првиот го продава на клиенти за да одат почесто да се фарбаат бидејќи тој дава резултат но не интензивен па така клиентките ќе мислат дека треба да се повтори процедурата на бланширање и фарбање. А вториот шампон го земал за себе во салонот и скришум (тајно) после фарбање со него ги миел а им кажувал дека е обичен шампон ( се со цел задоволни да бидат пред огледалото и кога ќе излезат од салонот) Да знаете само, не земајте што ќе ви препорачаат,побарајте друго (секако ќе ви дадат бидејќи имаат огромна добивка- видов еднаш кои се набавните цени од каталог-смешни се во споредба со продажните ептен високи)
Јас мојот го купувам од фризерскиот салон каде што одам 350 ден.и многу ми се свиѓа нијансата што ја добивам .Не е многу темно сива,ептен нежно е некако а го оставам 5 мин на косата и мијам . Спојлер
Го имав, ми ја сушеше косата, земи го Експертиа, пак на фарком е ама поголемо пакување поисплатливо е. Ќе видиш огромна разлика. Овој што ти го имаш е за домашна употреба, а другиот е баш професионален. Поубав ефект ќе даде и нема да ти биде толку сува косата.
Може ,јас да ти кажам дека летово повеќе врзана косата ,ретко третирана со фен и пегла па не сум приметила дали ми ја суши .Ова ми е втор пат како го користам шампонов,овој сега пред месец го земав . Фала многу на советот ,би го пробала .А каде може да се најде ,исто по фризерскиве салони ?
Да да, јас го глефав каталогот од дистрибутерите, двата шампони се во ист каталог. Овој е 200 денари набавна цена,а големиот е 1.5л и набавната му е 750. Имам слушнато дека за 1000 го продаваат.
Odlicen e pro voke-ot. Zemi si 2, retko gi dobivaat Samo vnimavaj da ne zemes obicen sampon koj e providno lila, toj ne pravi nisto. Maleckoto kako mastilo zemi go
Moze li da mi kazes vo koj salon moze da go kupam samponot revlon ? Mila aj ako sakas kazi mi za sampon rewlon imam zolti prameni i me interesira kolku e cenata i kade mozam da go kupam ..mnogu ti blagodaram Ama toa sigurno vo 1rvoto miejne ja gubi nijansata?
Ме интересира колку наплаќаат преливи во фризерските салони? Не силвер шампон туку прелив со фарба. Еднаш ми земаа 600, а другарка која е фризерка ми кажа дека не смее да кошта повеќе од 200-300 ден бидејќи е вода со 2 прста фарба измешано.
Кој силвер шампон го препорачувате? Ја нијансирав косата и фризерката ми кажа еднаш неделно да користам силвер шампон. Кој е најдобар и од кој нема да ми се појави жолтило на прамените?
Требало да ја прашаш фризерката.Во фризерниците држат добри силвер шампони како Фанола.Во ДМ има Провоке и еден германски ама не се баш добри, а цената им е околу 350денари.Мој совет штом веќе си дала пари за фарбање да купиш и поскап шампон, за да не биде за џабе фарбањето.
Многу е добар ProVoke од ДМ. Не е скап, 300 и нешто денари отприлика. Меѓутоа, ако можеш некако да набавиш Fanola, би ти го препорачала него. Јас си го купувам откај мојата фризерка. Има две верзии, no yellow и no orange. Бираш според твои потреби. Малку е скап, но шишето е огромно и ќе ти трае многу долго, мене ми трае по цела година. Нема да ставаш на секое миење, нема потреба толку често. Еднаш до два пати месечно, таман како прелив ќе ти дојде.
@mssuniquee ако можеш да го најдеш Fanola No yellow ,значи предобар е благодарам на членката (не се сеќавам на името) од форумов што ми го препорача , единствен силвер шампон што навистина ја посивува-побелува косата , дури кога нанесувам на косата ми ги фарба рацете , толку што има силни пигменти во него
Во споредба со про воке како е? И колку лари е и од каде точно го земаш? Јас од про воке сум пррзадоволна баш бела ја прави, а оној сери е ужас, ја затнемнува и посивува неубаво
Малото шише Фанола од 350мл е илјадарка отприлика, 990 или 950. Моево е големо шише и не се сеќавам колку точно го платив оти си нарачав и маска за коса заедно со него, ама ќе да беше 1600-1800, тука некаде. Јас си ги земам откај фризерката, ама мислам дека веќе ги има и на hairshop.mk. Инаку имам понаква нијанса на косата и друга мака со бојата, па затоа мислам дека мене лично Фанола повеќе ми одговара затоа што не ми треба ефект на bleached blonde. ProVoke ми беше добар за фарбаното ама ептен ми ја утепа природната боја, ми темнееше чудно и затоа го сменив. Овој од Фанола повеќе ми се погоди зашто тонеров го користам највеќе за да ми го тргне порткаловиот отсјај кој ми се појавува на природната боја. Го освежува и фарбаното феноменално и не дава да жолтее или да темнее, го неутрализира. За платинум блонд би ти требал no yellow, него барај го. Мојот е no orange. Тебе верувам ти е јасно, ама за тие што не знаат - побитно е нели тоа какви тонови ти фаќа косата, па таков тонер да и земеш за да се неутрализира несаканата боја (за портокалов отсјај - плавиот no orange, а против жолтило виолетовиот no yellow). Ако ти е добар ProVoke, терај со него, ама ете мене Фанола од тие причини многу повеќе ми се погоди и го немам сменето долго време. Не ми текнува која друга на форумов го користеше Фанола на платинум блонд, ама знам дека го фалевме многу и мене стварно ми е топ.
Оф штета што сега го видов постот Овој го земав на брзање денес.. Како да го користам? Прв пат ќе користам силвер шампон.