Go najdov Fanola samponot samo kazete mi ke mi treba li No orange ili No Yellow ? I dali ja ostetuva kosata? Placam po nea @Mishela @koritsaki
Ќе си ставаш маска обавезно , сите шампони по малку ја сушат косата.. а не сум приметила да оштетува. No yellow земи си , другиот е повеќе за портокалови нијанси ако имаш
Јас си го купив ова мало чудо, пена за неутрализирање жолтило. Скапо е за волку мала количина (1200 денари), ама па и не треба многу за да се постигне ефектот. Ми ставија кога се шишав и ми се допадна многу, ја неутрализира бојата и ѝ дава некој ash blonde тон. Убаво изгледаше и на природната коса, ама не е како no orange шампонот. Како и да е, не планирам да пуштам корени во скоро време , па и како што ја осветлив повеќе, плус сонце што ќе ме фаќа, ќе ми се најде ептен. Преубаво мириса и се задржува мирисот во косата до неколку миења, топ не го бие. Уште да беше поевтино, ама ај. Не треба да се става на секое миење, трае веројатно во зависност од нијансата на плаво што ја имате, ама мене на пример, еднаш на две недели ќе ми биде сосем доволно. Бојата на коса ми е ваква како на сликава.
Здраво девојки, дали некој ќе можи да ми кажи подетално како се прави прелив со кој размер и како се става. До сега немам ставано, инаку се фарбам со субрина професионална 11/2 и 9% хидроген
Од тука можеш да го нарачаш, напиши Fanola во пребарувачот, ќе излезе шампонот. https://hairshop.mk/ Има повеќе видови, еве на овој линк можеш да прочиташ повеќе и да си одбереш кој би бил најсоодветен за твојата коса. https://www.alexandar-cosmetics.com/en/blog/kako-napraviti-preliv-za-kosu-protiv-zutila Јас го спремив тој што е за на сува коса со 3% хидроген, ама воопшто не го нанесував и држев како прелив туку подолго како стандардно вадење прамени. Супер испадна.
Кажете ми некој прилив што неутрализира жолто? Се фарбав пред 1 недела посветла плава, сега жолта ми е
Ако може да ми препорачате лилјаков шампон за плава коса против жолтило по можност да не ја суши косата
Te molam ako ne ti e tesko da mi kazes kako da npravam preliv za vlazna kosa,znaci mene mi e shatirana kosata ama pocna da mi zoltee pa sto boja da zemam i kako da go spremam?
Здраво, сакав да прашам на колку време го користите silver shampoo, еднаш неделно или еднаш на две недели? И колку време го оставате да дејствува? Јас го оставам 3-5 мин ама некои ми велат треба 5-10 мин
Раствори го со неколку лажици маска за коса или силвер шампон за да не е многу течно, а за подобро распрскување префрли го во шише со прскалка. Ехотонот го нанесуваш на целата коса и по половина час ја миеш.
Некој го има користено овој шампон на балеа? Дали може да го користам заедно со силвер шампонот на еугене, тој на еугене го користам 1-2 пати неделно, а овој на секое миење, само се мислам дали може да ми падне бојата како потемна да ми е или ми се причинува
Го оставаш на коса во зависност од тоа колку ти е жолта косата, ако е многу пожолтена или brassy, тогаш 10-15 минути, во спротивно доволни ти се 5-6 минути. Јас ставам еднаш во две недели, оставам по 10-15 минути. Си проценуваш значи според состојбата на косата, индивидуално е.
зависи до шампонот, на некои пишува се остава 2мин, на некои повеќе сигурно пишува во упатство позади бидејќи ако го оставиш подолго од тоа што треба можеш да добиеш лилјакови или сини прамени
Јас го земав fanola no yellow лила шампонот и ми ја направи косата љиљакова значи ептен е јак Шала на страна косава ми е доста порозна и оштетена и скоро па бела така да очекувано беше, може мн ставив ама доказ дека е ултра пигментиран. Ќе се измие со следно миење знам ама дефинитивно шампонов не е шала, со следно миење веројатно ќе сум сребрена.
Овој е, помало шишенце од шампоните нивни. Стварно е јак, мене штом уште на природната боја ми делуваше и ми ги избриша прамените што удараа на жолто и портокалово, за третирана коса да не стане пак збор. Пената ми е поубава, ама цената. Мене ефектот ми траеше до неколку миења, ама ја осветлив сега и ставам преку едно миење. Сè од Фанола ми е убаво и маски и шампони, ми нема споредба со другиве работи што порано ги користев за косата.