Ја миеш косата со обичен шампон, па со него и го оставаш 5-10 минути на косата за да фати убаво. Го миеш и ставаш маска за коса по потреба.
Сватив треба баш малку да се става, јас како со нормален шампон ставив и тоа изгледа веќе беше премногу. По едно миење стана сивкасто сребрена, со второто веќе како бисерна но битно жолтото што го имав на коренот го маскираше Не ја видов пената... ама по шампонот се намерачив па може не сум ја заприметила. Земав и некоја маска ultra pigment ама таа е повеќе како плава боја, само на коренот ставив од таа ама мислам шампонот во споредба поголем ефект направи.
Да да, шампонот е баш the real deal, не си погрешила. Ќе си ја најдеш идеалната количина ќе се увежбаш, и јас експериментирав со количината на почеток, после си ја најдов идеалната мерка. Мојата маска е nutri care и пишува дека помага во зачувување на бојата ама искрено па тоа не ми е ни битно, многу ми се допаѓа ефектот што го дава и мирисот е прекрасен. Битно линијава за плавуши им е феноменална, стварно ми се откритие на животот.
Девојки, воопшто не ми се допадна како ми излезе ( првата слика) , може ли да добијам предлог на прелив со кој би добила некои вакви тонови( втората слика) , ве молам
Само што пишав но во друга тема, има едно силвер шампонче во мало пакување (ќесичка) во дм, околу 30 ден беше и прилично интензивно можеш да го пробаш. Исто и на фанола шампонот е доста интезивен, но тој е поскап и поголемо пакување е... така да колку да видиш дали силвер шампон би имал воопшто ефект можеш малово да го испробаш.
Bas so ovaa kesicna na grey bi mi izlegle takvi tonovi, bas se plasam povtorno da ne ja utnam..me interesita isto kako se koristi i dali paga posle nekoe vreme ili?
Шампон е се измива после неколку миења ништо страшно не е само ќе ти ја истонира малку бојата. Најбезопасно решение е. Друго што можеш е и да се исфарбаш со 3% хидроген само на осветлените делови да ставиш ама јас би пробала прво само со шампон па види си после. Треба само малце да ти се убие топлиот тон не треба ништо драматично.
Мислам ако буквално ја гледам сликава ти повеќе си сакала прамени а они ти направиле нешто како омбре пошто долниот дел е цел осветлен. Ако сакаш баш ко на сликава ќе треба и потемни прамени да ти извадат со потемна фарба односно lowlights за да добие таква димензија. Ама тоа на фризер.
Девојки не видов друга група за коса,ве молам да ми кажете искуство со овој шампон,пред две недели си ја осветлив косата плава,ставив двапати од овој шампон и како да ми се изгуби сјајот од предходно, ко жолтеникава е и кажете ми друг шампон што вие го користите стрикно за плава коса и сте задоволни?
Да, не е лош воопшто. Како прелив е и убаво неутрализира жолтило. Само остави го што подолго и нанесувај со го четка. Не знам дали така ми се погоди, ама преубаво излегува кога мачкам дел по дел, инаку кога нанесувам со раце и го оставам десетина минути е ко ништо да не сум правела со косата.
Јас го пробав ама не прочитав упатство и што состојки има така го шлапнав и почна чудно да мириса ме фати страв и го измив, може 5 мин ми седеше само и апсолутно ништо не направи.
Буквално ништо не прави ако го држиш толку малку. Само ќе ти мириса косата на него и толку. Јас го држев 30-45 минути, така стварно не беше лош. Премногу работа ми беше мене да го плескам со четка на секое, па купив 2-3 пати и толку, си се вратив на пената Фанола. Скапа глупост е ама Боже мој, за 5-6 минути имам феноменален ефект. Вака ми одземаше навистина многу време.
Прво ја мијам косата со шампон како што правам секогаш, па кога ќе ја избришам со пешкир почнувам да нанесувам со четка. Ставам да отстои во кеса и потоа убаво ја мијам да падне целиот прелив. Пената е 1200 ден. и неа си ја ставам после шампонирање. Ми стои 10 минути максимум (зависи колку brassy изгледа косата, обично 5-6 мин вршат работа). Потоа мијам убаво, ставам маска на врвовите и отприлика тоа.