Кој го користеше од ДМ? Види ја виолетовата пена Фанола, баш е за неутрализирање на жолти тонови и ја има на hairshop.mk. Ако не ти се даваат толку пари за неа, пробај го no yellow шампонот, исто Фанола. Јас ги пробав скоро сите што ги имаме тука и некако најпогодени ми се Фанола. Но некој следен пат ќе го земам овој од ДМ: Mислам дека беше околу 400 денари, па сакам да го пробам. Обично ми одговарале сите продукти за коса од овој бренд, па веројатно и ова ќе биде добро.
Некој да знае кај да го најдам тонеров? Макар и онлајн? Околу 290 денари, има и мало шишенце 100и нешто ако сакаш колку да пробаш. Мене најмногу резултат ми дава. Иако сега си правам прелив со црна фарба и баш ми излегува сребрена, сива, зависи колку сивкасто сакам
prelivot so crna farba go napraviv..i mi izlegoa pramenite potemni od sto sakav..za kolku mienja paga? iskustvo fala
Здравоо дали некоја знае како побрзо да ми падне преливот на коса? Премногу е сива, не ми се допаѓа таква....90% од видеата на youtube се со лимон и регенератор.....Има некој нешто пробано слично?
Со што се неутрализира портокалово? Место природно плава скроз ми е утната нијансата што да ставам да си бидам пак смеѓа?
Барај од no orange шампоните за тонирање. Плав шампон е, на него си пишува blue shampoo и е баш за неутрализирање на портокалови тонови. На hairshop.mk имаат Fanola, а од скоро има и во ДМ no orange шампон и мислам дека беше на Inebrya.
Фанола да, кај мене имаше ефект. Само тој плав го имам користено. Од ДМ само ProVoke го користев и онака ми беше, де го бива де ништо не прави. Ама тој е виолетов, плав немаат они. Новиве ги немам пробано, ама планирам наскоро. Штом се Inebrya некако мислам дека би требало да се добри, боите за коса им се одлични па се надевам и шампониве се добри.
Шо е разликата меѓу силвер шампон и сив ехотон? И има некоја разлика меѓу виолетов и плав силвер шампон? И дали има само сива нијанса или може и со некоја карамел/медова да се спречи пожолтување? Пред некој ден извадов црвена фарба и имам плави прамени (балајаж, сомбре, омбре ич не се разбирам). По препорака на фризерката зедов силвер шампон на субрина и ми рече да го користам преку едно миење на косата. Досега еднаш ми е употребен, убава нијанса добија плавите прамени. Препорачајте ми други препарати, не само против пожолтување, туку и за одржување на косата.
Ајде вака да прашам: За прв пат се шатирав пред два дена. Сега читам овде на форумов за Fanola no yello го нарачав денес. Сега како да го користам, еднаш неделно а останатите денови да се мијам со обичен шампон? И што друго треба да користам за косава? Маска или екотон или некој спреј и колку често. Ве молам за совет и слика од тоа што користите.
Овие шампони да знаеш ја сушат косата, ама сепак мора да се користат за да се тргне жолтилото. Јас го користам еднаш неделно не на секое миење. Прво ставам шампон обичен па тој за да ми ги неутрализира жолтите тонови (јас 2 мин го држам само) и на крај маска. Би ти препорачала да си ставаш пред миење масла на косата и пегла, фигаро да не користиш.
Супер е тој шампон на Фанола, јас ја користам моментално на Керастасе блонд абсолу маската (дома кога ќе се вратам ќе ти сликнам и др што) но да знаеш овие шампони и маски само ако претходно ти била бланширана косата ќе ти помогнат, инаку ништо не ти менува. Читам дека си се шатирала така да ок е Јас еднаш неделно ја користам ептен пред следно фарбање два пати неделно кога гледаж дека ми е пожолтена косата.. Значи прво се мијам со обичен шампон, потоа со силверот и маска силвер. Пред сушење користам масло или крема за заштита пс топлина. Ама мене ми е ептен кратка , па некогаш и не ја сушам.
Јас оваа маска ја користам за неутрализирање на жолтило. Ептен има ефект и ми трае 2/3 недели. Ја држам на коса 20/тина минути.
Да сменам малку, го купив овој на Lorvenn. Го користам веќе некое време и супер ми е. Кај мене разликата е очигледна кога ставам виолетов шампон, а не сум бланширана, само се фарбам светло руса. Кога пекнува сонце ептен знае да ми пожолти и многу ми помагаат шампониве. Единствената разлика е времето што му е потребно за да го извади ефектот на виделина. Со пената Фанола за две минути си го добивам ефектот што ми се свиѓа, а со шампониве варира од 5 до 10 минути. Овој од сликава доволно е да го држам пет минути на коса.