Јас овие ги користам Овие ги користам. Маската е препрекрасна. Толку е јака што дури и рацете ги фарба. Шампонот така така, не би го купила. Тоа на Натура сиберика косата ја прави ко свила. Масло е инаку. Кремата во црното шише е исто за заштита од топлина
Каде би можела да најдам тонер/шампон, но не сакам да ја добијам онаа сивкаста/виолетова нијанса, повеќе би сакала некоја бисерно бела (да напоменам, косата ми е доволно осветлена за лесно да дојдам до таа нијанса). Кога ми ја правеа, баш ја добив онаа бисерно бела (со топол тон), но таму ми ставија прелив (со мешање на фарби), а сега би сакала нешто поедноставно, да можам да средам сама дома.
Сакам сама да си ставам прелив . Имам фарба субрина , ќе ја измешам со регенератор и хидроген 3 %. На сува коса се става ? Коренот не сакам да го правам само плавото што ми е со балајаж да го освежам
Devojki napraviv prameni. Zadovolna sum no znam deka od mienje ke pozolti. Za neutralizacija sto da koristav ehoton ili samponite silver?
Silver шампом јас ставам, исто имам извлечено плави прамени и тој silver го ставам еднаш во месецот или на месец ипол, не ми пожолтува косата а и секако силверот ја суши така да не е препорачливо многу често да се става, ставај повеќе маски за хидратација и сјај и ако си во можност да користиш професионални производи тогаш тоа е топ, ако не има добра замена за дрогериски производи, на пример јас користам силвер на балеа и најпогоден ми е.
A moze slika da vidam dali e istiot sto ke go poracam? A maskata koja Cena e kade bi mozela da se najde? Te napnav so prasanja
Доколку косата ја фарбам плава, но со фарба само без бланш, може да ставам силвер шампон? Моментално ми е џинџер накај плава но сепак го има тој портокалов сјај.
Значи вакви шампони би имале ефект и кај коса која е руса/светла само со фарба, без бланш? Мислев само за џабе да не давам пари за ваков шампон, бидејќи сеа ми е светла но мава на портокалово доста.
Devojki go kupiv na Fanola samponot. Staviv I okolu 4 min drzev taka. Mi ispadna super no nekako na sivo temno, Dali premnogu staviv ili sto? Ako ne stavam mi e zolta ako stavam na temno sivo. A sakam da go ima toj biserno bel Sjaj. I nesto mi treba za zajaknuvanje na vlaknoto. Na vrvovite mi e tenka I nema voopsto debelina vlaknoto. Isto mi se naelektrizira I pocna malku da pagja. Ajde toa moze da e do period. Sto bi mi preporacate?
Пред неколку години бев фарбана плава со фарба и извадени прамени со бланш. Шампонот фаќаше само на бланшираниот дел од косата, а таму каде што бев фарбана, си остануваше жолто. Пробај, ама мислам дека нема да го имаш посакуваниот ефект, како кога би била бланширана.
Јас се извинувам многу, гледам погоре си ме тагнала и сум ти ставила лајк а одговор нема сум заборавил да да ти одговорам изгледа https://e-elixir.mk/shop/kerastase-blond-absolu-masque-ultra-violet/ Маската еве ја, ја има во Еликсир , јас лично од Грција ја купив таму се поевтини. А шампонот супер е, но малку ќе го држиш само, околу 2 мин. И често шишање, плавата коса си бара шишање