Премногу го засакав и се разделивме

Дискусија во 'Разделби' започната од NeskrotlivaTa, 2 април 2013.

  1. NeskrotlivaTa

    NeskrotlivaTa Активен член

    Се зачлени на:
    2 април 2013
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    0
    Ми треба совет, заедно сме више 7 месеци тој почна да работи во скопје и неговите му купија стан и се одлучи на самостоен живот додека јас живеам во друг град и му предложив да се разделиме пошто љубов на далечина не би поднела искрено он ми вика дека за викенди ќе се враќа сепак не делат 50км.Тој не ми кажа ништо друго освен тоа и тоа дека премногу ме сакал.Ме загрижува што никогаш не му бев во плановите во иднина не ме гледаше како идна жена и мајка на неговите деца туку секогаш ја одбегнуваше таа тема не ми дава трошка надеж да продолжиме барем да ми кажеше кој временски период треба да издржиме за да бидеме среќни ,вљубени и заедно. А за него се откажав од 4 годишна врска.Премногу сум збунета и тажна. Незнам што да превземам.
     
  2. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    2.525
    Допаѓања:
    3.425
    Пол:
    Женски
    Премногу го засакав и се разделивме...:(

    жал ми е :( .но тоа е кога зајакот бара рогови,останал и без уши,така?
    ќе продлжиш со животот,ќе ти биде тешко некое време подобро биди сама,ќе се појави некој кој ќе те сака и почитува ,а не како овој.тој бил себичен и си гледал за себе,сега ќе си ужива без тебе во станчето,ќе си се журка,а притоа премногу те сака?ма немој.... :rock: .
    да те сакаше вистински,ќе те повикаше да зивеете заедно,или ќе ти предложел брак.биди си начисто со тоа,не те сака!.
     
  3. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.349
    Премногу го засакав и се разделивме...:(

    50 км ??? па тоа не е ништо тоа го возиме за на работа секој ден... што е 50 км? јас сум била разделена 3000км па успеавме. ако се сакате ќе најдите начин...
     
    На Name, ane1989, Hipica и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. NeskrotlivaTa

    NeskrotlivaTa Активен член

    Се зачлени на:
    2 април 2013
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    0
    Znaci,jas sum mala 21god imam a on 23 ali me zagrizuva seto toa sto barem da mi recese cekaj 2-3 godini i ke ziveeme zaedno on samo se slozi so toa
    [mod-kirilica:18cygiel][/mod-kirilica:18cygiel]
     
  5. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.750
    Допаѓања:
    43.025
    Со 50км секој ден може да се гледате, 1саат со бусче натака навака, имате сосема доволно време да бидете заедно.
    Туку, идете 7месеци, имаш 20год. и загрижена си зошто те немало во планови за жена и мајка? Абре хев сам фан :) Патем, ти се откажуваш од старт, он не сака затоа што премногу те сака и сеуште го преиспитуваш него? Мислам дека проблемот е кај тебе, џабе да му ја префрламе вината или да го анализираме.
     
    На slavica999 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    770
    Млада уште сега да размислуваш за брак и такви работи... Не се сложувам со тоа дека ако те сакал ќе ти предложел брак. Во врска сте само 7 месеци, млади сте а бракот па и заедничкото живеење е сериозна работа и не треба да се избрзува со такви работи.
    Што ќе ви фали ако се гледате само за викенди?
    Така ќе ви биде и поинтересно и ќе имате време и простор само за себе... Не е убаво да бидете секој ден по цел ден заедно и да се гушите во врската...
    Пробајте на далечина и видете како ќе функционирате. Во прашање се само 50км. Може ќе излезе добра врска...
     
    На ane1989 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. NeskrotlivaTa

    NeskrotlivaTa Активен член

    Се зачлени на:
    2 април 2013
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    0
    Jas se sloziv i na toa ,ama gledam deka ne e zainteresiran za nesto seriozno ponatamu po 2-3 godini
     
  8. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.277
    Допаѓања:
    5.150
    :nod: :nod: :nod: штом велиш ,,заради него прекинав 4 год. врска,, :$
    На 23 год. кој дечко планира брак :?:
     
    На Hipica и kravce им се допаѓа ова.
  9. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.750
    Допаѓања:
    43.025
    Абе по 2,3 години...човек не знае што ќе го снајде за викенд...2,3 години. Може ќе откриете работи што не ги сакате еден кај друг, може ќе најдеш друг, може уште толку ќе се сакате...не знам како може однапред така да планирате.
     
    На ane1989 и Hipica им се допаѓа ова.
  10. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    2.525
    Допаѓања:
    3.425
    Пол:
    Женски
    кравче,таа сака да каже тој да и дал основа некоја за понатаму ,да си продолжат со врската.
    а зошто да не планира брак?има такви кои рано се оженуваат,кај секого е индивидуално .
    а тој си молчел :@ .што си расипала врска заради него,требало тогаш да мисли.
     
    На NeskrotlivaTa му/ѝ се допаѓа ова.
  11. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.750
    Допаѓања:
    43.025
    Не знам каков е тој притисок стварно. Мислам и изјавува љубов, заедно се 7месеци, сака да продолжи со неа и покрај тоа што ќе бидат разделени...не гледам никаква потреба од дополнителни ветувања кои можат да испаднат само лаги. Нешто што најмногу мразам се изразите - никогаш и засекогаш во љубовта.Кој тоа може да го вети и да се држи до истото без при тоа да му се променат емоциите? Мене целава работа ми е, кажи ми дали 100% си ми сигурен, оти ако не си ми, да барам друг потенцијален иден сопруг. Или у превод, не и се ризикува и губи време, да не не излезе со свадба. Дечкото воопшто не е виновен во ситуацијава.
     
    На Hipica и joelle им се допаѓа ова.
  12. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    2.525
    Допаѓања:
    3.425
    Пол:
    Женски
    нема да коментираме кој е виновен .можеби и рекол нешто,или не,небитно.важно е дека таа се бори за својата љубов,тоа не е никаков притисок.има право да знае дали ќе продолжат,барем засега.
    мене ми стана чудно што он молчел кога рекла дека така не може да издржи.
     
  13. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.750
    Допаѓања:
    43.025
    Таа не се бори за својата љубов, оти одма притисокот од врска на мн. патем мала далечина ја исплашил, а тој и рекол дека ќе се враќа кај неа и дека премногу ја сака :) Зошто и е потребна потврдата дека ќе се заедно засекогаш (форевр енд евр) сега? Од што се плаши? И кажав, далечината е доста мала, секој ден може да се гледаат.
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  14. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    2.525
    Допаѓања:
    3.425
    Пол:
    Женски
    што да направиш :?: .види и онака во животот гаранција нема за ништо,нели утре не се знае дали ќе сме живи.
    ама седни си на убав разговор со него,што очекуваш ти ,што тој.мој совет биди по спонтана отсега понатаму.во случај да продолжите заедно,ако е се во ред ,супер.
    но кажи му го тој став дека сакаш да си останете до крај,нели да дојдете до брак.види како тој ќе ти одговори,никако не дозволувај да молчи.мој братучед од негови 18 г со девојка му реши да се ожени еден ден,и ете сега се во брак ,одеа вкупно 8 години.само спонтано,со разговор се ќе се реши.
     
  15. NeskrotlivaTa

    NeskrotlivaTa Активен член

    Се зачлени на:
    2 април 2013
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    0
    Јас цело време му викав тебе еден ден ќе ти здосади да се враќаш за викенди и го провоцирав за да видам како ќе реагира и тој молчеше или ми викаше лабаво нема да биде така со пола уста да не речам.Ич немам доверба уф...
     
  16. Angel4eeee

    Angel4eeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    530
    Допаѓања:
    334
    Пол:
    Женски
    Jaс мислам дека далечината не е проблем,па луге има врски на пример таа тука тој у германија или обратно не мора да значи,ако се сакате далечината не треба да ви биде пречка потребно е да му веруваш и да знаеш како да го задршиш ја не го знам каков е најдобро си го знам мојот но сепак обиди се,покажи му и кога е далеку од тебе колку ти значи и дека не можеж без него.Едноставно кажи му а ако е идиот ке си продолжи по својот пат а ако не ке си наоѓате начини како да се гледате. Само бидете срекни па краток е животот и не гледајте толку сурово на работите ок
     
  17. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    2.525
    Допаѓања:
    3.425
    Пол:
    Женски
    па добро сега ,важно е дека во моментот треба да бидеш сигурна,штом и тој сака да продолжите понатаму,тогаш се е во ред.затоа ти реков се спонтано,се во свое време ;) .најважно е колку ќе зајакне вашата врска и само од вас двајцата зависи иднината.ретки се тие случаи каде се цврсто убедени во љубовта и каде среќно завршува врската.мојот братучед отсекогаш беше одговорен,изгледа многу се сакаа со девојката,стално беше со неа .дури и кога се појавија финансиски проблеми,знаеш невработеност ,си помагаа еден на друг.одеа паралелно во странство ,сами си спечалија пари за свадба,сами си отидоа во швајцарија без никој да им помага финансиски,издржаа и се земаа ,сега имаат и синче :inlove: .
    јас бев во врска каде партнерот ми понуди брак уште од третиот месец,но ете издржавме 3 години и се разделивме.никој не е крив што не се изборивме за нашата среќа.
    прости ми што пишувам толку многу,само сакав пример да ти дадам дека нема гаранција,кај секој пар различно се одвиваат работите.се согласувам со ангелче,само храбро и со позитивни мисли.сега да ви биде добро,за понатаму ако не преминете на по сериозно ,ако тој не сака,имаш право да си бараш друг и да си ја најдеш среќата.
     
  18. ane1989

    ane1989 Активен член

    Се зачлени на:
    3 април 2013
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    2
    Mое мислење е дека се е индивидуално ипак зависи до карактерот на машкото и до тоа колку е силна љубовта и врската км не играат никаква улога,ако некој те сака ке се труди да биде почесто со тебе да ти посветува внимание и да се грижи за тебе.A тоа за бракот не мора да значи дека не те сака,има многу машки што во момент на занес предложуваат такви работи као живеење заедно и брак и бла бла па на крај ке најдат нешто што им е поинтересно и ке се свртат кон тоа па ќе заборават што обеќале.Mој совет уживај си со дечко ти се дури си сигурна во неговата љубов и ти го докажува и покажува тоа дека му значиш а ако љубовта е искрена сам ќе свати дека му требаш крај него секој ден секое утро и секоја ноќ па сам ке ти предложи за заеднички живот.Aко треба да биде ќе биде ако не не.Pозз и се надевам дека наскоро ке ни јавиш добри вести.