1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Премногу сонувам

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од anastasija19, 9 февруари 2010.

  1. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.698
    Не се грижете воопшто.Сите ние секојдневно сонуваме нешто,но некои луѓе наутро го памтат истото а некои не се сеќаваат... ;)
     
  2. anastasija19

    anastasija19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    51
    верувам дека е така :up:
     
  3. viki44e

    viki44e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    1.988
    Допаѓања:
    1.087
    Јас сонувам и кога спијам малце на пример 1-2 саати и обожавам кога сонувам ..Ако не сонувам ми е некако монотоно хахаха :rofl:
     
  4. ana05

    ana05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2010
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    34
    Јас не се плашам да сонувам,иако многу често ми се случува тоа.Ми се има случено и во кола додека патувам случајно да задремам и веднаш почнувам да сонувам :?: Мислам дека тоа е последица од уморноста преку целиот ден,и најчесто сонувам нешто што сум мислела пред да заспијам.
     
  5. pepelashka.20

    pepelashka.20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2011
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    18
    И јас многу сонувам. Особено пред празници и никако не можам да се одморам. Многу глупости сонувам и после по цели денови размислувам што би можеле да значат.
     
  6. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Секој човек секоја вечер сонува, ама свесни сме само за соновите кои ни се прекинати, т.е. на кои сме се разбудиле додека траел сонот. Значи било какви стресни ситуации, или било какви минимални пореметување на нашиот биоритам можат да не натераат да сонуваме секоја вечер. Тоа воопшто не е страшно, на секој му се случува. Мене најчесто ми се случува за време на колоквиумска, затоа што немам редовен и мирен сон.
     
  7. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.384
    И јас така порано, многу често сонував, по 3 пати, дури и дење, зш останував до доцна, па и дење спиев можеби и по 4 саати. :tmi:
    кога ќе се разбудев рано, само ми текнуваше колку пати сум сонувала. И навистина, откако почнав да спијам по ред, а и кафето има голема улога тука, оттогаш од 10 навечер ми се спие, издржувам до 12, најдоцна до 1, и веднаш заспивам, а порано до 4 не спиев...
    И сега е многу подобро, поретко сонувам.
     
  8. GreenEyes

    GreenEyes Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    44
    ја па порано ко да не сонував и не се замарав со значење на сонот и се чудев како можат да сонуваат и да памтат а ја не? :^) значи си спиев немав гајле нишо не памтев. и едно време почнав да сонувам ама онака континуирано и се замарав со тоа многу. сега сонувам ама не се замарам за нивното значење пошо сон си е сон и се е поврзано со твојата психа и потсвест.
     
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.712
    Допаѓања:
    150.522
    Не да сонувам и јас право да ви кажам...реалноста нешто не ми дозволува да ја изживеам,маму му!Морам да откријам што е!
     
  10. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    870
    и јас ама некаде прочитав дека тоа е здраво сеа сум ок по тоа прашање :) :) :) :)
     
  11. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    И јас секогаш сонувам по неколку сонови...но не ме загрижува тоа.
     
  12. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297
    нема вечер да не сонувам,абе и два сата да спијам и пола сат јас мора барем еден сон да сонам,морам да прзнам некогаш многу се исплашувам....некој спомна икони крстеви во соба-јас од тоа немам ништо и пак сон па сон....
     
  13. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884


    Исто... :worried:
    Само да задремам и одма почнувам да сонувам.Да се подразбудам и потоа само да ги склопам очите веднаш продолжувам со соновите.

    Значи НЕМА ден да заспијам,а да не сонувам :worried:

    Н-Е-М-А!!!!!!!!!!!
     
  14. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    темава ко за мене :D
    сонувам по неколку сонови во една нок, необјасниви, а се случува и нешто да се случи и тоа да го сонам нокта, близок, или непознат човек/личност :worried: а после тоа реакција незнам каде се наогам, ко да не сум во своја коза :worried:
     
  15. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Колку само и завидувам на оние кои што ретко сонуваат. Абе ја ставам главата на перницата и одма сон. Сонувам ама баш се лица познати, непознати, лица со кои сум го поминала денот, места на кои некогаш одамна имам одено. Многу ме заморуваат соновите многу пати ми се има случено да си дојдам од излегување и продолжувам да ја сонувам вечерта. Или пак колку пати вечерта ќе ми се јави дечко ми и ќе зборуваме и продлжувам да спијам и сонувам како зборуваме и многу пати незнам што сум сонувала, а што зборувала. Не го сметам за здравствен проблем, но едноставно ме заморува.
     
  16. MissCupcake

    MissCupcake Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    263
    Ако многу сонуваш значи дека си под стрес, може да биде од се. Дали од секогаш ти е така? Или последниов период така имаш забележано? Но ако не ти се кошмари не сфаќам зошто се грижиш, јас обожавам да сонувам гледај на тоа како нешто добро, пробај да ги толкуваш соновите можеби сонуваш сонови навидум различни,но сепак пробуваат да ти кажат нешто :)
     
  17. Responsible

    Responsible Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2011
    Пораки:
    354
    Допаѓања:
    434
    Пол:
    Женски
    јас премногу сонувам, не помнам да помине нок без да сонувам нешто, мислам дека веке ке полудам :sweat: изгледа тешка психа сум :x
     
  18. c.i.n.d.e.r.e.l.l.a

    c.i.n.d.e.r.e.l.l.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јули 2011
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    5
    Сонот е порака... како што знам во тие моменти душата го напушта телото и доживува некои случки кои се случуваат во друга димензија... А при будење се враќа назад... Затоа памти си ги соновите или запишувај... некои се остваруваат онакви какви што се сонувани...други се индиректни... тоа е некоја интуиција во друг вид јас бар така сфаќам...
    :)
     
    На Sarasweet му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Sm.real

    Sm.real Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    64
    Јас не сонувам многу често.Што и да сонувам послем некако си се спуштам на земја и си викам па тоа беше само сон.И многу ми се чудни сонови од кои послем некоја случка ќе ми се повтори во реалниот живот тогаш сум ваква :o :o и чудно е тоа што еден ист сон го сонувам повеќепати. :?:
     
  20. rajna-vojvoda

    rajna-vojvoda Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    286
    Пол:
    Женски
    сонувам многу, од секогаш од мала. имам периоди кога повеке сонувам , некогаш помалку ама сонувам !!! некогаш убави сонови и дури несакам да се разбудам, некогаш сонови кои ми укажуваат што ке се случи, имав периоди кога преку сонот дознавав што ке се случи и ми беше став ама сега го надминав тоа и само позитивно го доживувам , не ми требаат бајачки хахаха :D :rofl:
    многу ретко читам што значи сонот, некако не ни сакам да знам!!!