Порано ич не сонував,ама летово...Се утепав од сонување. Повеќето сонови ми се поради потсвеста,сонувам нешто поврзано со тоа што сум размислувала пред да заспијам.Ама има и некои такви глупости.Не сум мислела ич на тоа,а го сонувам.
И јас често сонувам. Навечер и по неколку сона сонувам. И не гледам лошо во тоа. Убаво е да се сонува.
Сонувам 100 на саат, во една вечер по 4-5 сона и шо највеќе ме нервира сите ги памтам кога ќе се разбудам до детали... и да заспијам 15 минути ќе се изнасонувам за 3 дена...
Незнам дали ова можам да го наречам проблем, ама во последно време сонувам премногу. И тоа се некакви глупости, неповрзани работи, и често кога ќе се разбудам сум преплашена. Инаку, ги паметам сите сонови до детал кога ќе се разбудам.
Јас цел живот сум ваква. Скоро секоја втора вечер сонувам кошмари и се будам врискајќи или препотена. Не поминала вечер а да не сонувам, и секогаш ги паметам соништата до најмал детаљ.
сонувам скоро секоја вечер. Ретко кога сонувам глупости. И ако не сонувам подолго време дури и некако глупо мие. Шо знам интересно мие ко ке се разбудам и ке ми текни што сум сонувала
И јас премногу сонувам! Сонувам најразлични работи, од она што сакам да ми се случи, на нешто што постојано мислам, до моите најголеми стравови! Понекогаш сонувам неповрзани работи, надреални ситуации...нелогичности! Според Фројд соновите најчесто се одраз на потсвеста, зашто таа не може да се контролира свесно, а мора од некаде да излезе и излегува преку соништата - особено она свесно што се потиснува! Се согласувам дека постојат соништа кои ни се еден вид претскажување... тоа е необјасниво. Во минатото луѓето според соништата ги претскажувале настаните, особено природните непогоди и се подготвувале за тоа. Сигурно постои некој феномен. Денеска дури и пости апаратура за мерење, односно прикажување на соништата (незнам дали почна со употреба или е уште во фаза на истражување). Според мене, се си има свое значење, секој сон е порака, предупредување, претскажување! Барем не ми е досадно додека спијам))))
Сонувам и само сонувам интересна работа никогаш не е докажано каква поjава е сонот и зошто често е поврзана со иднината
Дефинитивно незнам шо ми се дешава,скоро секоја вечер морам да сонувам,не битно шо ама мора..Последнава недела само некои собири,летање,брат ми паднал во несвест,најверна другарка шо почина пред 2г денес пред 1саат ја сонував кај шо ме влечи за рака,и незнам само нешто такви срања,цело време гледам значења тука на соновникот и се само нешто болест,непријатни настани,смрт,незнам шо..И шо е најбитно премногу се фокусирам на то и ме плаши,некој нешто слично,дали би имало вистина во ова?
Не се сеќавам дали некогаш не сум сонувала нешто. Значи секоја вечер сонувам разни работи дешавки од изминатиот ден, некои луѓе.
Скарана сум со најдобрата другарка веќе долго време и многу често почнав да ја сонувам скоро секоја вечер
Веќе месец, два многу сонувам, значи глупост до глупост, можам режисер да станам за филмови. Не знам што ми е, не сум под стрес, стрес ми е после сонот. Сонувам безвезе некои работи кои не сум ги ни пред 5 год помислила и се будам со тахикардија и вознемирено. Претходно сонував само во ПМС и не често, а сега буквално секоја ноќ. Толку ми е смачено, што со последен атом читам книги да не заспијам, затоа што го мразам чувството после сонот И мајка ми и маж ми се жалат за сонувањето периодот.. Што убаво беше некогаш кога сонував еднаш во две години
Исто ми е ако веруваш, вчера бев изморена и ненаспана и пак сега од сон срипав, и ќе си подремам така некој саат И така е многу топло, во станот не се диши , галама од сите страни уште сонови секоја ноќ Им се чудев на тие што сонуваа, еве ми сега
Ооох, жал ми е, гледај да не паничиш, пушти си смирувачка музика, не се напнувај со сила да спиеш, ќе се среди. Добра ноќ