Пренос на лице со психолошки проблеми

Discussion in 'Психологија' started by IndianSummer, Sep 28, 2017.

  1. IndianSummer

    IndianSummer Нов член

    Joined:
    Sep 28, 2017
    Messages:
    1
    Likes Received:
    0
    Gender:
    Male
    Здраво,

    Пробувам да најдам начин за пренос на лице во болница за лекување. Се работи за човек што страда од деменција, со халуцинации и параноја. Дијагнозата ја потврдија 3 психијатри и препорачуваат прво престој во болница за смирување на паранојата и стабилизација, па сместување во дом, за заштита на лицето од околината и од самото себе. Проблемот е што никој од нив не кажува како да се обави преносот до болница за некој што одбива, викаат дека со тоа треба да се справи семејството (инсинуирано, со сила).

    Ни јас, ни целото мое семејство сме способни на сила да го направиме ова префрлување, а од брза помош кажуваат дека можат ова да го направат, со присуство на полицаец од МВР само доколку лицето се префрла во психијатриската болница во Бардовци.

    Дали имате некој совет или препорака како да се изврши ова?

    Се извинувам за долгото објаснување и ви благодарам однапред.