Здраво женски не сум сигурна дали сум ја сретнала оваа тема некаде ако веќе ја има слободно префрлете ми го таму прашанњето Ми треба совет и некоја преопорака од сите вас кој што познавате некој добар искусен психијатар,психолог да ми го препорачате имам огромна потреба да посетам некој па несакам да одам кај секој сепак има разлика од доктор до доктор. Фала ви однапред.
Препорака за добар психијатар. Mnogu dobar psihijatar e d-r Gorge Hadzi Angelkovski ,vrven profesionalec i covek so shiroka dusha koj moze da vi pomogne mnogu za bilo kakvi psihicki problemi.Ima potipshano dogovor so Fond za zdravstvo ,taka shto raboti so sini kartoni a edan seansa cini sto denari.Ordinacijata se naoga kaj hotel Laki na ulica Leninova i se vika Psihea.
Имаш добри препораки во темава. Евромедика се наоѓа одма карши Клинички Центар, а за другите незнам локација.
д-р Љубинка Спирковска сега е во 8-ми септември, за неа имам слушано се најдобро и во Младост кај Симпо се исто така многу добри сите таму
Еве од евромедика: Адреса:бул. Водњанска бр.28/1-1 Телефон +389 (0)2 3130373 Мобилен телефон +389 (0)70 367284 Спојлер Мислам дека не работи со плави картони.преглед му е околу 1000 ден
Едно прашање. Како изгледа една психијатриска сеанса? Постојат луѓе кои се многу затворени и ретко проблемите ги кажуваат на своите, а камо ли на непознати. И колку тој разговор со психијатарот е сигурен и доверлив?
За разговор мој совет е подобро психолог. Како прво те сослушува, те советува и со помош на разговори и психотерапија те насочува. А психијатар не велам дека нема да те сослуша ама само на првото одење за на крај од разговорот да ти каже дека тебе ти требаат антидепресиви и толку од разговорот. На секој нареден пат нема да имаш разговор, само едно прашање како си ? За дали да ти ги зголеми лековите . Јас немам искуство ни со психолог ни со психијатар, ова го кажувам од искуство на блиски личности, другарки кои одат кај психијатар и секогаш завршуваат со АД кои не се секогаш потребни. А психолог сметам дека секој треба да си има како што имаме матичен општ лекар, гинеколог, стоматолог ... Ама ете кај нас вака функсионира општеството. Мене искрено не ми е важно кој што мисли, проблем е што во мојата околина нема еден нормален психолог. Тргнувајки од тоа какви личности завршуваат психологија немам коментар
Јас бев кај него кога имав 17..Претходно не бев на психијатар,прво кај него закажав..сеуште бев тутурутче,мала бев..а со мене се однесуваше ко да сум негово годиште..Ништо не ми кажа,цел саат добивав прашања..на крајот се договоривме дека ќе ми се јави да дојдам да земам една книга..оставив мој број..не ми се јави..и после решив да не продолжам кај него..Не ти го препорачувам..не дека бев мала и пола од зборовите во поставените прашања не ги сфаќав туку и дека е намуртен,се што кажува му е кратко и јасно..не осетив дека се соживе со мене и мојата мака..Подоцна најдов прекрасен психијатар-жена..Нејзиниот тон,нејзините зборови и нејзината смиреност ми влеваа таква среќа и самодоверба што не можам да ја опишам.Не знам зошто е познат во државава тој психијатар,стварно не знам кој би го препорачал..Сепак,ова е само мое искуство..другото твое си е..поздрав
^ и јас го добив истиот впечаток,ама сите ми викаат дека од прв пат не ни може нешто повеќе.Малку како да се разочарав.
Додека во западните земји одењето на психијатар е најнормална работа, кај нас доколку некој каже дека бил на психијатар луѓето го гледаат како некој лудак. Треба да се сфати дека во тешките моменти човечкиот организам се справува до некоја граница меѓутоа во животот постојат моменти кога е подобро за нас да отидеме кај специјалист психијатар кој ќе ни помогне полесно и побезболно да ги поминеме тие тешки денови или месеци. Последиците од прекумерниот стрес и удирањето во гради колку сме силни и се можеме да поднесеме не ни помагаат во тешките моменти. Само добар доктор што ќе ве сослуша, ќе ви даде терапија доколку е потребна и ќе ви помогне.
Друга работа што исто така треба да се сфати е тоа дека стручните лица (особено психијатрите), покрај финансиската, може негативно да влијаат и врз вашата ментална состојба. Нивните стручни креденцијали и локална репутација се лажен/несоодветен основ за доберва во нивните способности и побуди.
Zdravo dobri luge. Dali nekoj od vas moze da.mi preporaca dobar PSIHOG ne psihinatar. Mnogu raboti mi se slucija vo posledno vreme i se osekam ko da pobudaluvam i navistina mi e potrebna strucna pomos. Fala vi