Sve se katastrofa.. Bev i Na neurofidbek nikakov tretman.. Samo pari frlanje Kolku zima 1500.. Ili reklama ovde samo
Здраво, ќе може ли некој што го има надминато паничното растројство да ми прати порака? Би сакала да поразговарам со некој кој што има поминато низ сето тоа.
Здраво, на истово ви одговорив и во тема анксиозност каде што имавте пишано, истото ми се случува и мене, но прво и основно што треба да знаеме е дека не смееме да веруваме во ШТО АКО, значи сѐ што е започнато со ШТО АКО е измислено, и јас минувам низ ист период, дел од денот ми е во ред сѐ, си верувам на себеси, ми поминува, ми се враќа свеста за сѐ, но има делови и каде што само се тресам и размислувам така како тебе исто, сами си го правиме ова, сами си одлучуваме да си правиме да ни е лошо и неубаво, и ти кажав, никако да се водиш по ШТО АКО, тоа е измислица, што би било ако би било, што ќе беше ако се случеше ова/она, сѐ е од тоа што ако... Истото е и кај мене, се надевам ќе помине на секој што минува низ ваков или сличен период, многу е тешко и ретко има некој што ќе те сфати...
Здраво имаше доста што прашуваа за OCD i сакав тука да одговорам. Посебен тип e ako imate kompulsivni misli се вика PURE O моѓе да прочитате повеќе за него онлајн и ако идете на психолог конректно за ова да побарате помош. Инаку ќе ставам повеќе линкови од добри платформи што моѓе да Ви помогнат, од лица што имале вакво нарушување и каква терпија им одговара. Некои препорачуваат ЦБТ. До сега само од едедн писхолог од Македонија најдов на оваа тема, другите се англиски. Се надевам ќе ви бидат од помош. ---https://www.theguardian.com/society/2013/aug/31/pure-ocd-the-naked-truth ---- http://www.imago-self.mk/opsesivno-kompulsivno-narusuvanje/ -----https://www.madeofmillions.com/ocd/pure-ocd sakav samo ova da go dodam vo odnos na tipot na terapija i da znaete deka ima nadez xx Recovery Possible for Me? Yes! People with Pure OCD can get much better through Exposure Response Prevention Therapy (ERP). ERP is when you voluntarily expose yourself to the source of your fear over and over and over again, without acting out any compulsion to neutralize or stop the fear.
Здраво, дали на некој му се има случено да заборави на некој настан од минатото, односно да знае што му се случило до одреден период и поради преголем стрес да заборави и да измислува најлоши сценарија за да го надополни? Иако во себе длабоко знаеш дека не е така, сепак му "додаваш" работи од кои се плашиш, дали е сето тоа од стрес или штознам... Неможе до вчера да си свесен за се и да знаеш се и преку ноќ како мозочен да си добил... Btw недела ипол пред да ми се случи тоа ми почина многу блиска личност, можеби ми се насобра се, и мозоков не ми работи како порано... Се чувствувам сама, како само јас на светов да имам ваков проблем, ве молам ако има некој со слично или исто искуство нека пише... До пред 2 3 недели можев и да го контролирам ова, да се изборам и да сфатам дека не се вистина работите што сум ги измислила, но сега некако како да немам сили, како да неможам дс се изборам но во никој случај не сакам да се откажам... Инаку како што пишав и вчера на истава тема, се што додавам на настаните ми започнува со ШТО АКО... Истово го пишав и во темата Анксиозност, но тука можеби некој побрзо ќе види...
Прво ќе те прашам дали беше на психијатар? Зашто од ова напишаново ми звучи повеќе како психоза, бидејќи јас поминав низ се што напиша. Како мене да ме опишуваш. Никогаш, ама баш никогаш не се прашувај ШТО АКО, бидејќи незнаеш што може да се случи, или што би се случило ако би постапила поинаку..само драгоцено време си губиш. Од искуство ти кажувам. Подобро земи работи нешто, средувај си ја собата место да седиш и да размислуваш што би било кога би било. Ја можеби 1година изгубив со тоа размислување а не најдов некое посебно решение, туку постоеа море од решенија и не заклучив на крај како ни е едно толку битно како што заклучив дека сум си го изгубила само драгоценото време. Затоа ти велам најди си некоја занимација што тебе ти е интересна, место глава да тупиш од размислувања. Знам дека сега можеби ти врие главата од премногу размислување, ама битно е да имаш занимација.Еве подобро на фемина седи и коментирај има интересни теми за муабет, отколку да размислуваш на неубави работи. И, друго не ги гледаш реално работите гарант си имаш измислено некоја своја реалност каде што сите се подли и не сакаш да се дружиш со никој. Се затвараш сама. Ама тоа болеста го сака нормално е. Баш читав симптоми и се пронајдов во сите. Ти за инат треба да имаш комуникација со некој, ако не и на фемина барем. Ама мораш да збориш со некој, па и со твоите дома. Не викам за состојбава да збориш, немораш ама најди си некоја тема за муабет. Ама мораш да разговараш. Тоа запамти. Мене кога не ми беше добро ни со моите дома не комуницирав, скроз се затворив. Затоа ти кажувам дека е лошо тоа многу. Се извинувам за долгиот пост, ама се надевам дека малку ти помогнав.
Јас го имав надминато, но после 4 години пак ми се врати поради многу стресен период што минав пред неколку месеци, и сега пак сум на терапија
Психолозите дали пијат лекови не знаеме, зошто тие не прашуваат дали земаме терапија и со која дијагноза сме. Психијатрите се тие кои препишуваат лекарства.
Dali nekoj od ovde ima ADD/ADHD, i bi preporacal nekoj psihijatar sto moze actually da proceni dali pacientot ima ADD i da prepise soodvetna terapija?
Ти благодарам за споделеното искуство, инаку не сум била на психијатар од страв да не ми дадат антидепресиви и такви слични работи, сакав да те прашам како се извлече од таа ситуација, од тој магичен круг на постојано повторување исти работи во мозоков, кои никогаш порано не си ги размислувала на тој начин, дали и тебе ти се случи што се вика "преку ноќ" да измислиш такви работи? Што се вика животов ти цвета до тој момент и тогаш се ти се превртува однопаку... На почетокот имав повеќе панични напади, буквално ми траеа по цел ден и цела ноќ, но кога ми беше тазе измисленово можев да го контролирам некогаш, а сега како да ме владее, како да сум навлезена во него како да е вистина... Стварно е тешка оваа ситуација и не знам што да правам за да ми помине...
Ако сакаш да ти помине оди на психијатар и да ти даде антидепресиви. Не се плаши од апчињата и јас едно време бев против дури и се карав со некои членови на форумов баш од тие причини. Ама мора апчиња... Си се зезнала што уште од кога си почнала да приметуваш си требала веќе да имаш посетено психијатар, се додека не станело полошо. Колку и да изгледа лесно на почетокот, мораш да превземеш нешто за свое добро, ова од искуство ти го кажувам. Мене ми беше лесно на почетокот и мислев дека можам сама и планини да поместувам, ама после повеќе откачив. И сега ми е криво што се инаетев на почетокот со болеста и што не отидов на психијатар на време. Си викам сега барем да ги послушав членовиве на форумов, да не терав инает, ама не јас се мислев силна и дека се можам, ама после видов дека и јас сум можела да бидам слаба и кревка, ама затоа сега сум појака психички. Гледај себе да се убедуваш со мислите дека имаш јака психа и дека ништо не допира до тебе, на ваков начин би можела да си помогнеш себе си иако сепак уште тврдам дека треба психијатар и апчиња. Нема страв. Мораш ради себе. Тие апчиња само ти помагаат во борбата против мислите и да станеш уште појака и затоа јас ги пијам сеуште. Сакам да се осеќам доволно јако и силно за да можам да ги прекинам. Овие прават да изгледаш ко да имаш се....под се подразбирам и на самодовербата и да си силна личност. Затоа мора да се пијат. Знам дека самодовербата самата ќе ми се врати, бидејќи јас порано ја имав не е дека бев самодоверба. Откако ми се случи болеста ја изгубив неа. Иначе да светот ти се руши, самодовербата ти паѓа буквално преку ноќ. И друга работа мислите не ги сфаќај сериозно. Тоа е само мисла ништо повеќе. И заборави на што ако,.. Ај да не должам пак јас многу само морам да ти кажам дека мораш апчиња да пиеш. Без нив нападите нема да престанат. Кај мене фала богу ги нема долг период нападите, ама се е благодарение на апчињата. И ако сакаш пиши ми во лп за уште совети, имам многу што да кажам за состојбава, само тука да не ја полниме темава.
А зошто да не пиеш апчиња?Ако друг специјалист ти препише апчиња за физички проблем пак ли ќе бегаш од нив?Значи за вакви посериозни работи мораш консултација и ако треба терапија, не се работи за 1 недела си била тажна па ќе ти помине ако излезеш на кафе.
За жал само од себе не поминува. Гледаш и самата дека си му дала "време на времето" а тебе само полошо ти е. Најдобронамерно прво прифати дека имаш проблем и дека ќе ти е потребна стручна помош. Со самата посета на психијатар ќе ти олесни, подоцна со помош на психотерапевт ќе почниш и полека по полека се ќе си иди се на свое место. Ова ти го кажвам од искуство зошто и јас сум била во слична ситуација, самата пробав да си поможам и помош побарав кога го допрев дното. Со терапијата се стабилизирав, подоцна почнав со психолог и веќе имам добри резултати. Се надевам дека ќе се одлучиш да побараш стручна помош.
Ne veruvam.. Vo apcinja ja ta... Mene zalasta pi pi 2 godini i i rekov aj ti edno apce probaj da vidis kako e... Ne sakase psihijatar ot.... Pisi mi u poraka