Здраво на сите, од 6 месеци сега имам стрешно анксиозност и мислам дека имам деперсонализација и дереализација и нонстоп егзистенцијални и филозофски прашања кои не ме дозволат да живеам, што е реалност, како може да постоеме ние луѓето, како може да имам тело и мозок, како може атоми и молекули да формират сево “ОВА” мене, вие, цел универзот, дневни напади на паника особено пред спиење, секој секонд ги имам овие прашањи и чудните и страшни чувства на обезличување и дереализација. Ова е пекол, ве молам ако некој победи го ова или најде некој добар психијатар или психолог, ве молам да ме кажувате, не знам каде да најдам помош
Прво биди силен и не се откажувај. Верувај во себе. Јас поминував низ слично и сега можам да кажам дека сум супер. Инаку сум презадоволна од д-р Елена во Охрид. Разговорот и терапијата ми помогнаа да го надминам тој тежок период. Одговор на прашањата кои те мачат, за жал, нема да најдеш. При моменти на паника излези на свеж воздух (на тераса или отвори пенџере), зежи пали ќибритчиња и гасни ги. Најважна лекција во овој период ми беше дека треба да ги игнорирам сите. Живеам за себе и воошто не ме интересира кој што мисли. Труди се да не мислиш на тие чудни прашања. Или па земи изгуглај, па сигурно ќе најдеш некоја филозофија како одговор. И да, исполнувај си го времето со различни активности. Така ќе имаш помалку време за мислење. Нафрлав повеќе работи неорганизирано, се надевам дека ќе се снајдеш и барем нешто ќе ти помогне.
Ти благодарам за договорот и многу ми е мило што го поминавте ова и себично ми е мило што не сум сам. За 6 месеци чекав дека ќе помине, нонстоп се обидувам да најдам одговори на тие прашања но тие пдговори само траат за неколку минути и пак почнам да паничам дека постоем и дека сум на ова голема предење карпа и продолжаме да живеме вешто, потоа и заблуден мисли почнуват мислам како може други луѓи да не паничарат дека постоеме и сме среде никаде, можеби само јас живеам и соте други се мојот имагинација, или дали сме во симулација или што, на вистина се чуствувам дека сум во Матриксот и откри нешто што никој друг го нема и тоа ми дава многу анксиозност. Полошо е дека никој не ме верува како тешко или мислат дека го правам само за внимание, ме кажат ти си интелигент затоа мислиш вака па што интелигенција е ова, да иман панични напади затоа што само постоеш, многу ми е тешко и мислам дека сум минато надвор од помошта. да бидам искрен имам страв да одам и на психијатар да не ме велат дека ова е шизофренија или некој психоза затоа пишував тука да напрашам некој што поминува нешто слично на ова и како пронајде помош. Мислиш дека др- Елена може да ме помогне
Шизофренија не паничи, бидејќи не може да направи поделба меѓу реалност и имагинација. Овие прашања се нормални за повеќето луѓе во некои преодни периоди од животот, лошо е кога ќе останеме заглавени со тие прашања да висат над нашата глава и да не измачуваат, затоа што одговори за нив нема. А и искрени да бидеме, што би променило дури и да ги знаеш тие одговори? Веројатно ќе треба да појдеш кај стручно лице, кое би ти препишало терапија, за да се смириш првенствено, емоционално и телесно, и кога ќе бидеш во помирна состојба ќе можеш порационално да расудуваш.
Здраво феминки, овој пат пишувам не за себе, туку за личност која случајно ми пристапи на фејсбук, повозрасна женичка од Охрид. Женичката ме моли за помош да ѝ препорачам добар психијатар макат и во Скопје, спремна е да доаѓа до Скопје, очигледно од психијатарот кој ја лечи во нејзиниот град не е задоволна. Ве молам за предлог, женичката е во многу лоша состојба.
Здраво пишувам за себе, моментално сум во многу специфична состојба https://forum.femina.mk/threads/Совети-од-МАШКА-страна-за-сите-девојки.3147/page-771 тука си го напишав проблемот Сакав да прашам дали знаете за психијатар кој работи онлајн, бидејки моментално сум во карантин бидејки сум позитивен од Ковид19. Благодарам на одговорите
Здраво на сите членови на форумов. Нова сум, се зачленив на форумов бидејќи гледам колку помош можам да добијам овде. Имам проблем, незнам во која група да го сместам, ќе пробам тука. Имам 28 години, имам сопруг и едно дете од 4 години. Пред едно 5-6 години, дали заради тргањето од дома, поради бракот добив панични напади Од тогаш неможам психички да се смирам, цело време имам негативни мисли, како да очекувам цело време дека нешто лошо ќе се случи, посебно во врска со детето. Тоа толку многу ме истоштува, цело време сум преморена без желба за ништо, ни за работа ни за средба со друштво, со другарки итн. Најдобро се осеќам дома и немам желба да одам никаде. Накратко тоа е, ми треба доктор некој доктор добар за да можам да се вратам психички назад. Не ми смета и од Скопје да биде, блиску сум ќе патувам. Ви благодарам на одвоеното време.
Здраво, според ова што го сподели претпоставувам дека имаш некоја потешкотија која настанала непосредно кога си почнала и да ги добиваш паничните/анксиозни напади, размисли што ти предизвикува така да се чувствуваш, кога започна, поради што, во кои ситуации се чувствуваш така, за да имаш една подобра слика за тоа што ти прави да се чувствуваш исплашено, мој совет ти е да одиш најпрво на психолог/психотерапевт и да поразговараш за што ти предизвикува непријатни чувства и евентуално надминување, во консултација заедно ќе одлучите што понатаму. Не си сама. Поздрав
Мислам дека имам ADD ама ај да не си лепам дијагнози сама, ме интересира како и каде можам да одам за контрола? Препорака за некој психијатар?
Здраво, Имам 23 години и цело време имам проблем со негативни мисли, секој збор што ќе ми го кажат го толкувам на негативен начин, од што толку размислувам работите што ги мислам мислам дека стварно се исполнуваат. Се чуствувам празно од внатре, како нешто да ми го стега срцето, немам волја за живот. Дали може да препорачате добар психијатар кој би можел да ми помогне? Да биде од Скопје. Фала однапред.
Јас би те советувала прво да одиш на психолог на разговори за да си ја отвориш душичката и кажеш што те прави тажна, нервозна. Затоа што едно е да одиш на психијатар и да се клукаш со лекови а друго со психотерапија да дојдеш до причината или општо да го решиш проблемот. Ако сакаш пишувај и дневник тоа помага за организација на мислите и релаксација, верувај ми ќе те смири. Вежбањето исто е добар начин да се совладаат негативните мисли. Слободно пиши ми и порака тука сум да помогнам