Ни еден психијатар не може да постави дијагноза од 10-15 минути разговор. Не се видовити, доктори се.
Имаат искуство Вајлд. Постарите психијатри особено. Уште на влегување те прашуваат што си и како си. Доволно е да им кажеш три пулсни зборови за тоа како се чувствуваш за да знаат во која насока треба да се движите при лекување.
Колку сака нека е искусен, разликите на спектарот од лесни неурози, до тешки психози се често пати многу фини... посебно на средината.
Со оглед на спектарот на лекови кои ги нема многу во нашата држава, и новите SSR инхибитори шансата добар психијатар да ти постави несоодветна дијагноза на прво видување од 20-30 минути се многу мали. Тоа е така поради тоа што се испраксирани да ги поставуваат вистинските прашања и тебе да те обсервираат како слика, па на таа основа да носат првични заклучоци, кои со континуирано лечење може да се променат на позитивно или негативно. Да се додаде или одземе нешто во дијагнозата. Зависи до индивидуата и нејзината симптоматологија. На пример ако првично си дошла со Bоrderline personality disorder, при соодветна терапија, бихејвијорална или гешталт медота (најчесто овие две), се следи состојбата и се наоѓа коренот на проблемот, се става под контрола и тука веќе има шанси многу да се подобри личноста до степен болеста да биде минимално приметлива. Инаку, стварно немам чуено искусен психијатар да даде несоодветна дијагноза или таблета. Ретки се. Ги има, ама ретки се до толку што утнуваат. Освен тоа, ако не работиш на себе ниту едно апче нема да те спаси од невроза. Додека со психозите треба повнимателно. Обично, невротските и психотичните заболувања не одат под рака, ама како гази времето за жал сѐ повеќе се изненадуваме од комбинациите.
Мојот психијатар од врата ме чита. Дали сум нашминкана, дали сум насмеана, по боите на облеката. Се сеќавам еднаш кога отидов во бело облечена, со светли бои на мене ми рече сега сме на добар пат. Дотогаш црно само носев, темно. Сега со пандемијава дека кога носам маски не се шминкам, кога ќе влезам кај него одма за тоа прашува. Зашто не си нашминкана? Со 2 реченици ме решува од сите проблеми, ама јас сум кај него повеќе години. Првата година му требаше година дена да ме отвори да се расплачам, од што бев во грч цела. Сега имав многу стресови, на телефон се слушаме, ми дава совети нон стоп на располагање. Животот ми го врати.
Дај препорака за некој нормален жити се..Очајно ми треба ама со коронава не ми се експериментира кај неколку да одам..
Луѓе, живееме во Македонија. Кажувајте цени и искуства од психијатрите што ги препорачувате. Еве мене ме интерсира за Владимир Ортаков, гледам добра биографија има. Јас лично имам некои љубовни проблеми. Сите добри врски, како намерно да ги уништувам за банални работи што тотално се во мојата глава и не се реални и свесен сум за нив и пак потпаѓам под истите...и се тоа ваљда пошо се имам навикнато да живеам сам, лесно ми оди со девојки за забава, и едноставно свесен сум дека наоѓам нереални проблеми за да продолжам да живеам сам и празен несреќен живот, без вистински вредности
Под 1000-ка тешко да најдеш на приватно. Државно ти е 350-60 ден. некаде, за цел еден месец. На крај зависи од тебе, кај и да заминеш ти треба да си се сфатиш сам што сакаш од животот. Добро е што си свесен за проблемот, па можеш да се посветиш на решавање.
Ај препорачајте ми добар психијатар во Кочани, Штип, Велес тој регион, не ми се оде на државно бев пред некој период третиран си као куче, чекаш со саати нема ни столче да седнеш, сакам добар психијатар што ке си има термин и нема да е на брзање, не се битни парите, треба да одам за терапијата пијам ја 5 6 месеци, да видам што понатаму, фаќа ме еза од овие државните.
Девојки итно ми треба добар психијатар кој има искуство со жртви на силување ,да работи со плави картони.
Zborime za dr gorge hadji od.psihea sega otvori sam ordinacija , bidejki i jas bev 3 pati kaj nego so isti soveti i nisto posebno toest ne profesionalno nekako se osetiv kao vo kafana