Јас сакам онлајн со психијатар ама не ми е јасно како оде тоа со препишување на лек менење или продолжување како го препишуваат, сакам приватно бидејки имам многу лошо искуство во државно, не дека ми е лоша терапијат..
Зар има психијатри кои работат онлајн? Јас сум видела само психолози. Не верувам дека ќе може лекови туку така да препише.
Јас сум со online психијатар. Не живеам во Македонија. Пробав тука да одам и бев кај матичниот лекар. Од него добив одговор тука многу се чека за на државен, за приватен не знам да ти кажам, не ти е ништо нормално е тоа. Се пресели во друга земја ќе помини. Искрено се зачудив од односот. И си реков ајде кога ќе одам Мк ќе одам на приватен. Фати корона и уште полошо ми беше. Затворија граници градови се. Седнав на google најдов психијатар од Мк, закажав и добив преглед преку skype исто како во ординација. Извештај ми пиша на англиски, лекарства ми регулира најнормално. За да земам лекарства пак кај матичниот бев, ме препрати кај психијатар. Цела среќа испадна човек што сака да помогни и бескрајно сум преблагодарна што ми помогна. Го виде извештајот ми ги прешиша лекарствата, регулираме терапии со македонскиот психијатар, овдешниот ми препишува, секогаш имам разговор и со его. И еве сега намалувам терапија
Може ли некој да ми препорача психијатар или психолог во Скопје од кого има добро искуство со справуваме со депресија и анксиозност со суицидност? Многу ќе ви бидам благодарна,
И мене ми треба препорака за добар психијатар во Скопје. Психолози се наоѓаат, ама не можам да најдам асолен психијатар. Одев кај еден, ама се пензионира...
Има некој што би се пофалил од психијатар или психолог? Сакам да знам психијатар што одлочно си ја знае работата и знае како да лекува стресови, депресија, анксиозност... Фала ви однапред за одговорите
Мојот Др Моме на кого му должам сѐ ми отиде во пензија. Ми треба препорака за психијатар и пред сѐ човек со душа каков што е тој. ❤️
Можеби нанапред имате пишувано, ама може ли некој да ми одговори што е разликата меѓу психолог и психијатар и како да знам каде би требало да се обратам?
Претпоставувам знаете дека прва разлика е дека психијатрите се медицински лица, а психолозите не се, тие завршуваат студии на филозофскиот факултет на институтот за психологија. Значи првите смеат да препишуваат лекарства и медикаменти. Психолозите не можат. Психолозите користат психотерапија и советување. Зависно од видот и тежината на проблемот може да се решите да одите на едниот или другиот. Пример ако ви требаат медикаменти одете прво на психијатар. Ако ви е доволно разговор и совет одете на психолог. И психијатарот може да ве советува. Дури и да требаат лекови тоа обично не е доволно, туку треба и психотерапија. Психолозите обично ги критикуваат психијатрите дека тој дел го занемаруваат. А психијатрите обратно пак, дека психолозите не може се да решат со психотерапија и дека забораваат дека физичкото, телото е основата на психичкото. Мое мислење е дека треба да работат заедно. Секој да се насочи и да помогне во својот дел. Ако не сте сигурни, прашајте матичен доктор, па ќе ви кажат дали е подобро едно или друго.