1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Препорака за добар психијатар

Дискусија во 'Психологија' започната од atopic, 22 ноември 2013.

  1. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.420
    Допаѓања:
    165.261
    Пол:
    Женски
    Некој психолог во Битола?
     
  2. Gloss

    Gloss Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Zdravoo..Ne znam kaj da baram pomosh..Na golema maka sum..Ve molam predlog za dobar psihijatar ama stvarno shto e dobar a ne samo da se forsira nekoj..Pomagajte
     
  3. ginger

    ginger Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2010
    Пораки:
    132
    Допаѓања:
    123
    Доктор Јасмина Степановска - психијатар, 8-ми септември (или Воена болница).

    Имам добро искуство со неа, се надевам ќе ти помогне. Закажи си термин преку матичниот доктор.
     
  4. Jason123

    Jason123 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    3.168
    Д-р Павлов, приватен.
     
  5. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.732
    Допаѓања:
    172.759
    Пол:
    Женски
    Да ве прашам..


    Добар психијатар, приватно во Ск?
    Еднаш бев кај еден ама не би го препорачала ни на најголем душман:D
     
  6. Caci55

    Caci55 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2018
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    526
    Пол:
    Женски
    Приватно еден Милутиновиќ. А за во државно што работат,Јасмина Степановска. Многу добра жена и убави совети дава. Пријателски е настроена.
     
    На handyman и Animali им се допаѓа ова.
  7. irencule1980

    irencule1980 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2017
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    Dali nekoj bil kaj Milutinovik? Ve molam za iskustva. Fala.
     
  8. Ivyano

    Ivyano Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2018
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    143
    Пол:
    Женски
    Kako se dvizat cenite od seansa na psiholog?
     
  9. Kitkamm

    Kitkamm Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2018
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Дали можам сам како малолетен да си закажам и да отидам на психијатар? Освен тоа, кој психијатар во Македонија би можел да ме дијагностицира со ADHD?
     
  10. Defiant

    Defiant Активен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Машки
    Здраво! Јас имам силни индикации дека патам од АДХД. Сум бил на државен психијатар и искрнено појма немаат. Дури на мои настојувања да ме дијаностицираат со адхд избегаваат да ја стават таа дијагноза не знам од која причина. Ме дијагностицираат со анкциозност и депресивност а ја ни анкциозен ни депримиран сум. Ми даваа антипсихотици кои ги пиев кратко време и кои ми ја влошија состојбата.

    Друга работа е што во македонија нема соодветни апчиња како риталин и концерта. За ова правев муабет со доктор и вика дека не им се исплаќа да го импортираат фирмиве. Правеле напори д направат интервентен увоз , не знам до кај е работава прашував во аптека ама немаше ништо.
     
  11. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.465
    Допаѓања:
    11.418
    Пол:
    Женски
    Како ти препишаа антипсихотици, а дијагноза анксиозност и депресија. :o
    Може да се појави анксиозност и депресија успут на психоза, но никаде немаш спомнато дека ти дијагностицирале психоза?! :?:
    Од каде си сигурен дека имаш АДХД? Од читање на нет?
    Кои симптоми на АДХД ги имаш?
     
    На Animali му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Defiant

    Defiant Активен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Машки
    Антипсихотикот ми го дадоа за несоница за тоа и појдов на психијатар иако нагласив дека нема анкциозност пошто знам како изгледа анкциозност. Немаше ефект и ме правеше депресивен па го прекинав.
    Да воглавно од нет симптомите за адхд се поклопуваат и конечно имав одговор зошто сум хиперактивен и дефокусиран.
    Еве ова убаво ме опишува

     
    На m346 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.465
    Допаѓања:
    11.418
    Пол:
    Женски
    Посети психолог, не психијатар. Разговарај, воспостави дисциплина. Медикаменти се секогаш втора опција.

    Инаку, кога човек оди на лекар, поготово на психијатар, оди најчесто со зборовите „Ми се случува нешто, не знам што ми е“, не со „Имам тоа и тоа“. Си им делувал хипохондрично и делузорно можеби, затоа ти дале антипсихотици.
     
    На Animali и Milobebence им се допаѓа ова.
  14. Defiant

    Defiant Активен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Машки
    Не бе за спиење ми дадоа антипсихотик. Не им делував никако баш ми рекоа дека не сум за апчиња ама пошто хипнотиците не ми делуваа веќе ми дадоа антипсихотик. Инаку дозата беше мала ако се сеќавам четврт заласта и ми помагаше за да заспијам ама јбг лоши нус ефекти. Вака сега да ти кажаам имам пробано се и јас веќе сум научил да живеам со адхд...тоа интуитивно ти иде и наоѓаш хакови. Ама еден човек може толку сам да направи и понекогаш медикаметите се game changers. Знаеш ја трчам добро со светот. Ама ако можам да ти споредам е како светот да трча на долги патеки по добро асфалтирана патека а ја сум во до половина вода. А паравилата се исти за сите. А условите не. За секоја работа што тебе ти доаѓа да ја направиш со леснотија мене ми треба 5 пати поголем умствен напор. Риталин може да го исправи ова.
     
    На Bescheiden му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Natural91

    Natural91 Активен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2017
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    199
    Пол:
    Женски
    Може да споделиш за кого се работи, да знам да го избегнам? :D
     
  16. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.465
    Допаѓања:
    11.418
    Пол:
    Женски
    Ова мене повеќе на депресија ми личи.
    Инаку, заласта може да се препише и кај појави на возбуда, еуфорија и хиперактивност (ако тоа се симптомите на АДХД што покрај несоница си му ги кажал на докторот).
    Имам пробано се ама џабе, не е изговор. Секој проблем бара „инвестиција“, волја и истрајност. Има луѓе по 5 години посетуваат психотерапија.

    Инаку, од кога го имаш проблемов?
     
  17. Defiant

    Defiant Активен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Машки
    Од кога знам за себе. Не е депресија бе луѓе ја сум многу среќно дете :) Сте заглавиле во две болести аксиозност и депресија и не знаете ништо понатака.

    Сериозно болдираноно кога му го кажуваш на адхдер е така навредувачки(ти викам дека ја вложувам мн повече труд ).... адхд не е психолошки проблем туку физиолошки. Ти фали допамин и нема бегање...треба да го надокнадиш и за ова има медикаменти ама се родив во оваа држава и тоа е. Те молам пред да коментираш веќе изгледај некое видео за адхд....што се однесува до депресијата да понекогаш адхд знае да западне во депресија заради неуспехот што го доживува поради неможноста да се концентрира...ова влијае многу на самодоовербата.

    Ајде кога сме веќе на темава препорачајте некој добар психолог или психијатар кој ако ништо друго барем ќе ме ислуша.
     
    На Animali и x.Daisy.x им се допаѓа ова.
  18. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.465
    Допаѓања:
    11.418
    Пол:
    Женски
    Умот на сите ни функционира така што, прво, мислиме дека само ние имаме проблем и дека нашиот проблем е најголем, второ мислиме дека нема излез од ситуацијата и трето, секој коментар до нас го доживуваме лично и упатен со лоша намера. :)

    Инаку секоја болест што е психичка може да се објасни физиолошки. Има болести што може да бидат предизвикани од хормонално пореметување, ете АДХД како недостаток на допамин, шизофренија може да биде предизвикана од вишок допамин и серотонин (иако за ова има различни хипотези).
    Траума за која не сме биле спремни да ја преживееме може да резултира со физиолошко пореметување. Тело и психа се тесно поврзани.

    Психијатар кој има искуство со АДХД во Македонија конкретно, не знам, пошто поретко се јавува кај возрасни, најчесто е проблем кај децата. Еве ако знае некој нека пише.
     
    На Defiant му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Bescheiden

    Bescheiden Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2012
    Пораки:
    316
    Допаѓања:
    193
    Не е соодветна темава, ама пошто гледам дека сте активни, па да си прашам :D
    Имам borderline personality disorder (проследено со уште неколку растројства), буквално длабоку заглавена сум.. да не должам, кое име се користи на македонски за овој дисордер? Гранично (splitting) или како и да е? И дали има литератури на македонски на темава? Сакам на близок човек да му објаснам што ми се случува, а буквално ништо не најдов.
    Како што гледам, многу неразвиена и неистражена област е... како и за многу други растројства. Како ми стои работава... само за депресии и анксиозност и биполарно р. слушнале македонскиве психијатри (facepalm) Од медикаменти дијазепам и хелекс и блеј во ѕидот ко ништо да не ти е. Ко божем така се решаваат нештата.
     
  20. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.166
    Допаѓања:
    7.263
    За деца ја знам др. Мира (и го заборавив презимето) во Државна на психијатрија. Јас студирам медицина и ми беше предаваше и вежби ми држеше, и останата ми е во сеќавање бидејќи често споделуваше искуства со нас студентите.