Zarem nikoj nema sto imal, nadminal so bulimija/anoreksija??? konecno se odluciv da baram seriozno pomos no ne mozam da najdam soodvetnii lica
Стручен кадар има и приватно и државно. Бранислав Стефановски е врв ама е многу зафатен и не знам дали само со него е така или со сите од психијатрија, амбулантните прегелди 10мин, до лани и телефонски беа, сега не знам, ама во принцип тешко достапни, слабо со термини, стандард за нашето државно здравство. Не очекувајте сеанси од по 40 минути на клиника. За поставување медикаментозна терапија и хоспитализација веројатно е најсоодветно место. Вие си знаете колку ви е тежок пациентот и во каква состојба е, ако е акутно тогаш клиника. Ако е полесна слика може и приватно со тоа што ако терапијата никако не може да му се погоди пак ќе завршите на клиника. Во 8ми септември има исто психијатри, ама и таму не е со сеанси, кратки се прегледите. Ова од анксиозност до шизофренија многу разлика има, можда да разговарате без него со психијатар да објасните за состојбата, однесувањето, па тој да ви даде совет како е најпаметно да постапите. Не се оптеретувај дека првиот контакт е најважен, и најдобриот од најдобрите да го најдеш може со пациентот да не кликне и тоа е тоа, ќе барате друг. Ако му треба помош, нема избор, најдоброто решение е доктор. И нема што да се убедувате, пресечете, закажете негде, ќе одите заедно на разговор и ќе најдете решение.
Не отиде пациентот, не му требало помош. Јас закажав и јас откажав термин, поради деликатната ситуација, сестрата ми ја даде докторката и многу ми беше океј во двата наврати. Ми даде и насоки како првично да постапиме со човекот.
Благодарам за одговорот, и како што предпоставував за клиника, а и за сите области тамо без добра препорака таков е третманот. Собирав имиња на психијатри од предходните постови, и како што викате прво јас треба да одам да објаснам и договорам. Според препораките, ќе се обидам кај Жанета Карагоцева и Весна Вајс Павлов. Благодарам уште еднаш, секој совет е добредојден.
Здраво, сакам да прашам да ми предложите добар психијатар дијагностицирано е пред неколку години анкциозност но од Моме од 8ми Септември не сме ич задоволни веќе ситуацијата станува веќе напредна фаза .. Се работи за брат ми кој 33 години. Се работи за Скопје без разлика дали е приватно или државно
Јас сум била кај д-р Елена Сотироска повеќе пати. Одличен пристап, мене ми помогна. Работи со фондот, но тешко се наоѓаат термини.
Др Мери Бошковска дали имате инфо каде работи сега? Видов до пред некое време била во Ремедика ама сега ја нема на нивната страна…
Ве молам предложете добар приватен псијхијатар ссмохрана мајка сум со дете а ме убива депресија плачење не ми е лесно никој не може да ме разбере тешко ми е и доста ми е од плачење ми треба помош