Здраво на сите,ми треба мислење за доктор Панов психијатар. Ординацијата му била некаде кај зелен пазар.Ако некоја има искуство со него пишете ми добар ли е докторот.
@Tete Capdevila Одам скоро година дена кај Марија Стефанова. Има број на нет, побарај психолошко советувалиште Петар Пан. Марија е прекрасна, немам зборови да опишам колку ми го разубави животот. Ќе ти ги крене критериумите за тоа што значи добар терапевт.
Лошо мислење за тие што навистина имаат потешкотии и потреба од доктор мислам дека ова не е за темава. Можеби на многумина ни е јасно каде сме но сепак би рекол не.
Јас одев кај Зора Митиќ и ти ја препорачувам. Тоа што ти е битно и мене ми беше - да ме нема на Мојтермин дека сум одел кај неа. Сесијата и е 2000 денари саат време, јас бев 3-4 пати во текот на 2 години бидејќи толку и ми беше потребно само.
Докторите, дијагнозите и лековите се за луѓе и тој што има потреба од доктор најдобро е да си оди на државно со упат. Човек што има реален психички проблем и му треба доктор не е во твоите кондури за да бира што ќе пишува во извештаите.
@Flier Имаш право, ќе внимавам повеќе следен пат. Немаше потреба од таа информација, не придонесува никако кон тоа за што сум тука. Ама тамам работа, никаде не реков дека психијатрите и лековите не се за луѓе, само споделив како е за мене најдобро поради мои лични причини. Секој што си има мака треба веднаш да побара помош, дали на приватно или државно сеедно - зависи од личните преференци. Одењето на психијатар, добивањето дијагноза и земањето терапија не е ништо страшно ниту пак срамно, мозокот е орган кој може да се разболи исто како и другите органи. И исто постои решение за секој проблем. Одењето на психијатар треба сите да го третираме како одење на кардиолог или како одење на ортопед.
Зошто правите табу од одење на психијатар?! Зошто да нема во мој термин? Срамно е да имате поместување во хормоните? Срамно е да пиете терапија за да ги средите? Од вакви постови луѓе се срамат и не одат на психијатар. Баш и ви треба психијатар.
Денес е срамно да отидеш на доктор ако немаш интерес ти или можеби и докторот за Ситуацијата кај нас е таква да здравството се политизира и владеат лични интереси и со тоа здравјето денес или се купува или се продава. Ама сепак главното во оваа алка е менталитетот и свеста на пациентите тука нема невидлива моќ што може да ги промени работите.
Оние кои примаат терапија не прават. Прават оние кои заради тоа потоа ја гледаат таа личност која пиела како да е помалку вредна од другите. Иако не е е во ред за сите оние кои се борат со ова, ги разбирам оние кои „не сакаат да им стои“ затоа што и докторите функционираат на тој принцип - ќе видат дека има дијагноза (за било што, не само за ад) и потоа цело време се придржуваат до тоа, без воопшто да размислуваат да разгледаат други опции или направат други испитувања. Колку и да сакаме да нормализираме, додека да се случи тоа, мора да одиме постепено околу овие работи. Членот се извини и поправи дека е сопствено искуство и не ги суди другите преку тоа, што е фер и во ред.
@NoirSerpentine Во психијатријата се комбинираат анксиолитици антипсихотици и антидепресиви за најдобар ефект. Нема фама ниту услов да мора пациентот да пие една врста на лек за да се среди туку освен комбинација и се менуваат истите. Моето искуство вели дека неукоста и проблемот е прво кај пациентот не кај докторот. Кога ќе види докторот каков е пациентот обично исто така се однесува кон него. И друга важна работа е што има многу луѓе што им треба ургента или релативно итна помош со лекарства и тука нема простор за чекање. А дијагнозите се менуваат и тие не се стални. Проблемот е што се политизира и што од здравството и здравјето се прави погрешна фама.
Од приватните психијатри, Александар Марцикиќ по мене е најдобар, и доста скап.Но, не е само до добар психијатар и терапија, по мене, психологот има поголема улога во решавање на проблемите.Добар психолог, може да ти отвори многу повеќе полиња, ќе ти отвори поинаква слика и агол на гледање, за да размислуваш за работите што те мачат.
Се согласувам за Александар, јас одам кај него, чевекот ме ислушува и како психолог првично, па после се останато. 2000 ден е приватно, ама раб и со фондот па мојата матична ми закажува и така. Се наоѓаат термини.