Nekoi lichnosti se krivo nasadeni, ona koga , krivo drvo si e krivo drvo, nemozhe da se ispravi , taka e I so lugjeto , za zhal Ili na golema srekja , nashe e da gi izbegnuvame shto pochesto za da si go zashtitime nasheto mentalno zdravje koe e od iskluchitelna vazhnost za site Nas ! Ona koga imash potreba od stomatolog koga te boli zabcheto i koga zubarkata probuva da ti go popravi zabot, dokolku ne e vo sostojba da se popravi zabot te upatuva kaj nejziniot drag kolega ,oralen hirurg da ti go operira zabot , taka I so Psiholog/ psihoterapevt , ne e sramota nekoi lichnosti da pobaraat pomosh od psihoterapevt da se sredat( opravat) na vreme za da izbegnat oddel za psihijatrija Kade shto dokolku ne e na vreme tretirano postanuva hronichno I mora da se operira mozokot, so pomosh na lekovi od Dr Psihijatar ..! Psihijatarot uchele za psihijatar isto kako I ginekologot I oftalmologot na primer , znachi mora nekoj I da ja zeme propishanata doza na vreme , zatoa I e platen za toa, shto e mnogu normalno . ! Zatoa za da sprechime posledici Po zdravjeto da ja lechine prichinata odnosno korenot shto ne dovelo do istata posledica ..! Podobro da se sprechi nego li, da se lechi !
Некои завршуваат и на психијатриско одделение затворени денес се тоа може е табу тема ама и реална слика за млади особи со психички проблеми што не се третирале или се повторувале..
Не чини да одиш на психијатар. Ќе те прават мрднат. А во ред е да се оди на бајачки/гатачки. Само тие можат да ти помогнат.
Не сакам да пишувам за насилни случаеви по фамилии и слично меѓутоа ако лицето самото не може да се контролира и ситуацијата не му се подобрува тешко дека се работи за "ништо не му е" ќе му помине. Ако не може самоволно да оди на доктор и самоволно да пие терапија од доктор треба да биде спроведено или од домашните или со полиција директно во психијатрија.
Дечки, дали некој има имејл од Марија Ралева? Најдов некој на нет, ама не сум сигурна дека е тој, а ми треба да и пишам. Или бројче доколку некој има. Фала ви.
Сакам да прашам дали некоја од вас која имала искуство со Др Момо од 8ми Септември имате негов телефон за контакт. Ви Благодарам
Еее колку има разлика од психијатрите кај нас и во странство, јас овде имам матичен психијатар во таа клиника има и психолози посебно за млади, гешталт терапии
Грешка си кај нас има одлични доктори што се и многу искусни и совесни проблемот е во системот и ограничувањата што здравството е претворено во политика бизнис и пари. Но се тоа е друга тема
Моја блиска личност има ADHD, оди на психотерапии, но веќе состојбата и станува неподнослива и психологот и има препорачано да оди и на психијатар. Нејзиното прашање го пренесувам овде: дали кај нас се достапни лекови од типот на Adderall, Ritalin или Modafinil што ги има во Америка?
Кај нас психијатрите се бават со растројства од типот на депресија и психози и болести како шизофренија такада тие лекови ги нема.
А добро, во тој случај какви лекови примаат лицата со ADHD? Познавав една личност (ова пред некоја година) со ADHD и знам дека примаше терапија за тоа, ама не ја прашав каква точно зошто не бевме толку блиски. Значи дека постои нешто, ама што точно поима немам... Ама ако нема соодветна терапија за тие лица, страшно...
@blueeparadise кај нас постапката за доаѓање до официјална дијагноза за АДХД е малце комплицирана. Треба прво да се направи преглед во BrainArc како и психолошки тест во Когниција кај Тина Васков. Во BrainArc ако не се лажам се препишуваше терапијата, која може да се земе во Србија бидејќи кај нас нема никаква за АДХД.(Да се дополнам ми текна уште инфо) 200 евра чинеше дијагнозата во BrainArc, а лековите кои ги препишуваат се Concerta. Ќе ја пингам @theowndemon може памти повеќе околу процесов
Во законот не едефинирано дали спаѓа во доменот на психијатријата или дефектологијата и како што се гледа приватни установи наплаќаат за дијагноза впрочем што не се доктори ако се работи за психолози и затоа нема лекарства што прво треба да се регистрирани од државен фонд за да се продаваат и приватно.
Секој психијатар може да напише терапија само што терапијата треба да се земе од Косово, Србија или друга земја бидејќи кај нас ја нема. Буквално глупости пишуваш. Во BrainArc работи психијатар, жената се занимава специфично со состојби како адхд, аутизам и сл. А секако не мора таму да одиш за да добиеш дијагноза, тоа е само една од можностите.
Мене многу ме интересира да ми објасниш како тоа ако ова растројство не е дефинирано како психијатриска проблематика приватни психијатри што се регистрирани во лекарска комора си препишуваат дијагнози. Дали е приватен или државен не прави разлика во ингеренциите што ги има.