https://www.reddit.com/r/mkd/comments/10a0akd/добив_adhd_дијагноза_во_скопје_мое_искуство/?rdt=39965 Не знам дали ќе биде од корист, ама еве и на МК редит има тема, лица на кои им е дијагностициран АДХД кај нас споделуваат искуства.
Сега ти го гледам мислењево. Прво, постои како дијагноза и можеш да си отвориш и прочиташ, второ не ти ја разбирам поентата на инаетењево? Одиш против нешто што е факт, зошто?
Здраво на сите. Ми треба предлог за добар психијатар на државно (емпатичен, со добар пристап, кој ќе ме сослуша и ќе биди во тек со мојата состојба и она што ми се случува, што ќе ми даде точна дијагноза и ќе ми помогне да бидам посреќна и да го сакам животот и секој ден што доаѓа). Благодарам однапред!
Во клиника за психијатрија има повеќе докторки што се добри. Ќе извадиш упат и ќе те прегледаат и ќе одиш редовно на контроли и терапијата ќе се следи ама ќе мора да си ја пиеш редовно. Ако проценат дека има потреба може да те стават во дневна болница.
Здраво сакам да прашам дали некој има искуство со психотерапија кај др.Дијана Белевска и која е цената од сеанса?
Имам искуство и не ми се допадна воопшто, а истото го имам слушнато и од други. Јас мислам дека бев пред добри 11 години и тогаш беше 1500 денари, така што до сега цената сигурно и е доста покачена.
Дали може некој што ја следел темава долго време да резимира кои се најдобри психијатри во моментов? И каде што може да се најдат термини приватно? Ви благодарам.
Во клиника за психијатрија што работи мислам дека е добра докторка и не е лошо ако отидеш со упат да кажеш какво ти било искуството.
Бев. Нетрпелива. Не ме сослуша баш, а пиша глупости. Прашувам бидејќи ме интересира дали има и друг незадоволен. Размислувам да одам кај друг.