Каде и да одиш ти треба да те следи значи од 2-3 пати ништо не правиш. Инаку од таму знам неколку докторки и еден доктор во главно се ок само секако не се обрнува доволно време.
Да, треба секако. Јас сакам да одам ама кај асален. Нејзиното однесување не личи на професионално, па заради тоа се мислам за понатаму.
Zdravo. Neznam kaj da pisam pa resiv tuka. Imame problem. Se raboti za soprugot. Vo brak sme deset godini. Imame dve decinja. On e mnogu dobar, grizliv tatko, domakin, sekogas sve za doma pravi ne gleda maska zenska rabota,znaci nemam zbor za toa. On ima problem so izrazuvanje na cuvstva pogotovo kon nas doma kon mene. Kako kamen e, nemozam nekogas da dopram do nego, dolgo vreme ne me gusnal na primer, cuvstva izrazuva samo na sinot, kerkava iako e bebe ne tolku ama ja saka i se grizi za nea neli normalno. Ajde toa ne e tolku strasno da recam vo sporedba so toa koga ke se iznervira on dobiva kako napad, pocnuva da krsi doma se sto ke mu se najde do nego, vrati,predmeti, vo zidovi boksovi udira... Ova do sega za ovie deset godini nekolku pati se ima sluceno. Sega veke imame deca i posledniot pat pred niv toa go napravi, mozese i da gi povredi. Kako da ne e svesen vo toj moment deka oni se do nego, deka se plasat, deka moze da gi povredi. Moite zborovi vo toj moment ne dopiraat do nego, pazi decata i nemoj i slicno. Ednostavno se zaklucuvam so decata vo soba dur ne pomine i ne se smiri. Posle toa e svesen sto napravil kao navodno se kae i nema veke,place demek. Ama jas ne sum covek sto veruva vo se,znam deka ponataka pak nekogas bi se povtorilo. Posledniov pat koga stana svesen deka im nasteti na decata prifati da pobarame pomos. Bevme na psihijatar,drzavno, no znaete kako e, deset min kao razgovor i ajde odma apcinja i ajt so zdravje. Nemame ni dijagnoza za daznaeme sto da lecime. Mnogu sme razgovarale i odamna mu vikav ajde da odime na psihijatar nekade bilo kade i selogas odbival, ne bil lud... ama ovoj pat gledam deka saka da napravi nesto, ovoj pat sam prifati i otidovme, najveke radi decata. On toa go opisuva kako nekoja mnogu golema nervoza od vnatre da mu idi, kako mu se temni pred oci vo toj moment. On kako sto pisav e kako kamen nisto ne dopira do nego, nema empatija, ne se nervira tolku lesno, ama koga ke se iznervira za nesto banalno i toa ova se slucuva. Eve posledniov pat koga se sluci da recam napadot, posle toa mi kaza deka on uste od sabajleto koga stanal osekal nervoza vo sebe i neznae zosto, od kade, pa najmalo nesoglasuvanje dovede do toa on da pocne toj den da krsi po doma. Ne e sa iskrsenite predmeti toa moze da se kupi pak, decata, sinceto 7 godini toa go gleda, kako ke raste ponataka vaka neli.... Isto ima i problemi so spienje, rabotata mu e naporna, raboti 12 saata na den i saboti, se pravda na toa, no ne e do toa znam. Site lugje se nerviraat, se izmoreni od rab,imaat stresovi neli pa ne krsat po doma. Mu dadoa Paroksetin, ne gi pocna, sakam da odime i na vtoro mislenje, na nekoj poalsalen lekar. Znam deka antidepresivi ne se mala rabota. Sakam i da se obideme so psiholog zosto mislam deka problemot poteknuva uste od negovoto detstvo bidejki negovite roditeli se sociopati. Oni nikogas ne iskazale ljubov kon nego, oni se cudni lugje bez prijateli,skarani se so sopstvenite braka i sestri zaradi glupi raboti itn. Ve molam dajte mi sovet, preporaka za lekar,kade da otideme, ne e bitno dali privatno ili drzavno, sakam da se sredi problemot, si go sakam semejstvoto i soprugot, sakam da se izborime so ova, sakam decata normalno da mi rastat.
Семејно насилство е облик и за полиција ако самото од себе не мине и не се повтори инаку за што се работи не може да се каже, психијатријата е медицина и сите лекови се за луѓе не се воопшто за "луди" лица. Менталната ретардација и психијатриските состојби и заболувања се различни работи како и фактот што ако одредена состојба не се подобрува и почне да се влошува на крај присилно може да треба спроведување на болничко лечење и тоа веќе не е некоја табу тема. Најдобрата работа е што кога човек сам ќе види и ќе сфати дека има нешто и сака да си помогне тогаш со среќа може и докторите и фамилијата да помогнат во спротивно ако се појави насилие може да заврши со спроведување во институција.
Здраво Го прочитав твојот пост и мислам дека навистина треба да побарате помош од психолог. Да се испита убаво дали се работи за нешто посериозно, како некој вид нарушување или не. Ако има потреба да се види повторно со психијатар, да се побара некој кој нему ќе му одговора и ќе му обрне внимание.. Добро е што сака да си помогне и да го надмине проблемот и верувам дека со поддршка од стручни лица и од дома од најблиските тоа и ќе се случи. Во врска со причините за ваквото однесување - истотака стручно лице треба да се позанимава со нив и да ги идентификува. Веќе спомна нешто и ти околу етиологијата на проблемот т.е ги спомна неговите родители. Не знам дали на неговите родители биле дијагностицирани како социопати или не, но ако уште од мала возраст маж ти бил растен од такви родители, психолошката помош требало да ја добие многу порано. Начините на кои влијае врз детето таквиот родител се многу различни и може да придонесат во појава на одредени психолошки пореметувања кај детето подоцна т.е во младоста. Децата кои растат со социопати развиваат механизми со чија помош опстанувале и се снаоѓале покрај такви родители. Тоа се деца кои често биле игнорирани, занемарени, казнувани, малтретирани или запоставени. На колку помала возраст детето е изложено на таков однос, толку неговите ефекти се поштетни за однесувањето на детето и по неговата личност. Ефектите од ваквите родители зависат и од тоа колку е отпорно детето на тоа изживување, колку имало или немало друг систем на поддршка и колку била лоша психичката состојба на родителите. Ама ефекти мора да има. Таквите родители ги научуваат децата да се плашат, да се обвинуваат себе за се, да се срамат и да се чуствуваат безвредно. Децата на нив им служат, а не обратно. Емотивно се ладни и дистанцирани од децата. Обично тие деца се повлечени, проблемите ги решаваат со агресија и се склони кон тоа да прават булинг, емотивниот израз им е или рамен (нема очекувана флуктуација во изразувањето на емоциите) или реагираат претерано емотивно, често имаат проблеми со училишниот успех итн..
Можеби не е причина ама дефинитивно придонесува. Можеби многу работа е негов начин да се бори со тоа со кое се соочува, но верувај, 12 саати напорна работа дневно, 6 дена во неделата се многу. Може да доведе до лош сон, неспиење, поголем умор кои пак си носат поголеми проблеми. За останатото е најдобро е да се разговара со стручно лице и е добро што и самиот препознава потреба (што е и најважно). Во меѓувреме додека да дојдете до термин, разгледај и суплементи и чаеви (магнезиум, б6 и слично) кои би помогнале при напорна работа.
Убаво си кажа,ако не ти се погоди идеш понатму,препорака иди кат тие што имаат ординација приватна со уапат.Ако сакаш да те сослуша од психитар не очекувај баш.првенствено тоа е работа на психотерапевт да си правите муабет и да решите кај си заглавена во нешто.
Да, јас ѝ реков на матичната за психолог или психотерапевт. Ама дека државно, морало по процедура кај психијатар прво.
Aj da ne te razocaram ,ama sesija na psiholog drzavno isto e ocaj,prvo ne doaga na termin,dava testovi i za 2 idenja maksimum ke te otkaci.Usluga ne ocekuvaj drzano i od ovie ,sum bila i licno iskustvo pisuvam.,samo trosenje vreme i nervi za zal.
Јасмина Јонуз беше мн добра, ама си замина приватно, не знам кој би те сослушал искрено, или на психојатар ќе те пратат директно. Јас имам искуство со психијатар добар кој те сослушува убаво, и не препишува АД ако немаш потреба, се додека не воочи дека навистина немаш подобрување, Александар Маркициќ, работи и со упат, 200 ден. е кога ќе начекаш термини.
Читам цело време по форуми и слично за состојбава со државинве психолози.. сакам да најдам некој што стварно сака да помогни си имам проблем и сакам да се средам емоцинално... не сакам да имам испади на нервоза и самоубиствени мисли.. Може некој да објасни како оди цела процедура и да посочи на државно некој добар психолог ако има таков и или пак некој што е на приватно ама да не бара бубрег за две сесии
Тешко за државно добар психолог, приватно во Себесложувалка, барај ја Тијана. Супер се сите таму. Мислам 1500 беше од една сесија, не знам точно со сигурност сега.
те читам… и си велам добро е што барем сте биле до психијатар.Инку мажите мноооогу тешко го прифаќаат тоа. Реално мене ми кажуваа дека мажите ги фаќа некој вид на депресија или не памтам точен израз,нешто како климакс кај жената,кога паѓа либидото. Има нешто што го тишти,не е само до неговите и како е израснат. Не е добар моментот што така реагира. Дали пие алкохол? Некогаш и чашка две се доволни за таква реакција кога човек се бори со депресија и слично. Терапија апчиња и да пие не е доволно ако не се најде суштината на тоа што го тишти,а ве прави сите несреќни. Ви посакувам среќа
Може да препорачате, кој имаше искуство за шизофренијата(мојот најблиски човек почна после стрес да слуша гласови) добар психијатар, не е важно приватен или државен
Добив препорака за следниве: Никола Олумчев (8ми септември) Славица Арсова (Универзитетска клиника за психијатрија) Приватно и државно Александар Марцикиќ (Евромедика)
Имате ли отидено кај др Васка ? Се извинувам, а со кој конкретно доктор Вие сте контактирале? Може да добием број за контакт од доктор? Како работе државно или приватно?