I jas sakam da ja smenime Mitic, mm go otru so zepira. Znam deka ona vazese za edna od podobrite porano sto i e sega neznam. Nekako gleda samo nabrzina da pomine, apcinjata i sozdravje.
Објаснете ми што е со психијатриве / психолозиве. Сеанса преку мој термин 15-20-30 минути максимум што е ништо и тоа еднаш во 2-3-4 недели Цени за приватно каде што сеанса е околу 40-50 мин под 1700 ден тешко. Или ти се погодил психијатар ама нема термин, или има психијатар ама во први 15 минути разговор дава антидепресиви и тоа е тоа - преглед за месец дена. И да, никогаш не сфатив како тоа одма се даваат антидепресиви за панични напади. Ко за стрептокока да даваш само парацетамол - јер температурата е битна не бактеријата. За едни антибиотици има 300 рестрикции ама антидепресиви фрчат. Јас всушност и не сум анксиозна / депресива / панични напади - ја сум само финансиски неспособна да си го средам менталното здравје. Како да се натпреваруваат кој од кој ќе биде поскап, домино ефект станаа цениве. Станаа конузмеристи ли не им се ли работи ли? Студирав психологија (не завршив) и кога ќе видам кои од колегите мои станале т.н. психотерапевти, па уште наплаќаат и енормни суми - не, не ми се плаче луѓе, ми се вришти тивко.