Баш сакав да пишам ама деновиве со обврски не стасав.Браво многу ми е мило што сеуште има луѓе што сакаат да помогнат .Браво штп споделувате.
Дали со др. Карагоцева имате искуство? Одам со гооодини кај една докторка, па сакам да сменам... Ама па ми е шубе да сменам... Нз дал ќе ми тргни на поубо
Vo KALINKA,na privatno,pregled,mislam deka se ceka mnogu ama e vrvna doktorka,ja znam uste od SIMPO,koga rabotese.
Ни еден денар не вреди за кај неа — влегуваш со проблеми, а излегуваш со наредби како да си го уништиш животот, бракот, животот и сл... Дадени од "лиценциран трговец со разочарувања" што дава апчиња како да се бомбони, често погрешни, а понекогаш и за ментални нарушувања пет пати потешки од твоето... додека ти и оние околу тебе веќе не знаат кој си. Тоа не е терапија — тоа е бавно, клиничко убивање на процесот на оздравување, и ако ти е гајле за умот, животот или блиските... бегај. (Од неа, а очигледно и уште многу такви.) - секогаш, преслушај се, преиспитај се што ќе ти кажат, и сам дојди до заклучок, и за својот проблем, а и за тоа што тие ти го кажуваат Можеби на другите им е ок...
Д-р Бранко веќе не работи на психијатрија во пензија е веќе ,инаку ако може да си дозволите преглед во Когниција оди консултативно.
Ве молам препорака за психијатар,мислам дека личноста има сериозна анксиозност на раб со манија,а комплетно негира дека има психички проблем
Девојки, дали имате искуство со д-р Бранислав Стефановски, и дали знаете колку му се прегледите во Когниција?
Прекрасен е, соработувавме околу 20 години. Отворен и достапен во секое време за соработка, што е најважно знае да те сослуша, да те насочи и навистина од срце сака да помогне. Сме имале долги разговори, менување терапии се додека не се најде вистинската што ќе работи на подог период, многу жалам што не е веќе на клиника. Топла препорака за докторот. Ние за блиска личност одевме кај него. Од август е во пензија и сега е во Когниција. Го контактирав пред 1 месец, го запрашав за цена за преглед.....не беше запознаен со цените, ми рече само директно преку нив, да се јавам и да прашам и да закажам ако ми треба консултација. Не се ни јавив за жал, затоа што кога прегледува приватно, извештаите ниту за лекови ти важат, ни за други потреби. Жално што после толку време моравме да одбереме друг доктор.
Мислиш на рецептите, дека не му важат, или? Јас кога одев на психијатар на приватно, ми пишуваше рецепти и регуларно си важеа во аптека.
Иако на приватно, може да имале психијатрите договор и со фондот. Докторот така ми рече.....вие може да доаѓате кај мене, ама јас се водам во пензија, без факсимил и со овие извештаи ќе мора лековите на приватно да ги земате, а и не важат за подавање при обнова на туѓа нега, гарантирана помош и сл. потреби. Тоа е нашето искуство.
Уф баш незгодно. Има многу разлика во цените (отприлика, знам дека секој со своја терапија си е). Не знам што ми се исплати повеќе, дали да се обидам со доктор Бранислав, или да барам друг?
Па за овие видови на лекови што ги прима блиската личност наша што ја водеше, разликата е огромна. На приватно се 5500, тоа е страшно висока цена. Пробај мила, јави се прво во Когниција и прашај за цена кај докторов за преглед. Ако не е нешто енормно висока и можеш да си дозволиш, закажи си чисто една консултација и види како ќе си кликнете со докторот и што ќе ти препорача. Може би па и да не си за терапија. Кај нас се работеше за тешка хронична болест која доживотно се контролира со лекови, така да мора доктор кој работи со фондот и лекови кои одат на рецепт. Ти посакувам среќа во изборот.
Ти благодарам премногу за споделеното искуство, ќе се обидам сепак кај него па ќе видам што ќе препорача за понатака. Секое добро